03.16.10

650 илјади евра хонорари за Александар

Posted in блогосфера, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , at 9:42 am од filippetrovski

ВЕСТ ОТКРИВА НОВИ ДОКУМЕНТИ ЗА СПОМЕНИЦИТЕ

650 илјади евра хонорари за Александар

Од таа сума се исплаќаат авторски хонорар за Стевановска и на­до­мес­то­ци за учесниците во изработката на идејниот проект по фази, како и за ли­ца­та ангажирани за изработка на скулптурите и на релјефите

Според договорот на Општина Центар со леарницата “Фернандо Ма­ри­не­ли” од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци, ако се доцни поради на­ра­ча­те­лот, нема казни, ако доцни изведувачот, казната е до 5 проценти од це­на­та на чинење

Скул­птор­ка­та Валентина Стевановска потпишала договор за хонорар со Оп­шти­на Центар од околу 650 илјади евра за фонтаната и за споменикот на Александар Македонски, предвидени за на плоштадот Македонија. Од таа сума, според договорот, се исплаќаат и надоместоци за учесниците во из­ра­бот­ка­та на идејниот проект по фази, како и за лицата ангажирани за из­ра­бот­ка на скулптурите и релјефите.
“Вест” дојде до два договори со доверлив карактер кој како таков, пишува дека ќе се чува од потписниците. Договорите се третирани како деловна тајна, и нивната содржина не смеела да се открива пред никого. Од вториот договор се гледа дека че­ти­ри и пол милиони евра чини леењето на комплексот споменици и рел­је­фи предвидени околу фонтаната, заедно со коњаничката скулптура на Алек­сан­дар. Според договорот на Општина Центар со леарницата “Фер­нан­до Маринели” од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци. Тоа значи де­ка комплексот – фонтана и Александар Македонски на Плоштадот треба да е завршен до октомври годинава. Ако изработувачот не успее во пред­ви­де­но­то време да ја изврши нарачката, предвидена е казна од 1 про­мил дневно, но најмногу 5 проценти од вредноста на договорот. Во до­го­во­рот има клаузула која вели дека рокот на изработка може да се од­ло­жи ако нарачателот задоцни со изработка на моделите.
Сте­ва­нов­ска за сумата од речиси 650 илјади евра се обврзала да из­ра­бо­ти идден проект за изградба на монументална целина на фонтана со ко­ња­нич­ка скулптура, висока 3 метри, скулптури на осум војници, исто така, ви­со­ки речиси 3 метри, скулптури на 2 лава со по 2 метра височина. Тие се во придружните елементи на монументалната целина, а како придружни еле­мен­ти се сметаат и релјефите од фонтаната кои се изработуваат во мер­мер со површина од 15 квадратни метри, како и релјефи подготвени за ле­е­ње во бронза со површина од 120 квадратни метри.
Во интервјуто за “Вест”, дадено минатата година, Стевановска ни рече дека оваа споменична целина во ширина ќе биде колкаво што е кружното мес­то со зеленило на Плоштадот. Таа објасни дека по скали во кружна форма ќе се стигнува на плато во кружна форма, дека таму ќе има 4 бронзени ла­ва на четирите страни на шеталиштето, а други четири лава има на пал­то­то под фонтаната на Плоштадот. Луѓето ќе можат да доаѓаат до ѕидот од ка­де што почнува мермерната фонтана, исполнета со вода. “Во средината на фонтаната се издига мермерен столб, висок приближно колку ко­ња­ни­кот, и тие пропорционално си одговараат. Во подножјето столбот ќе биде по­ши­рок, и таму во бронза ќе биде изработена круната на Филип со да­бо­ви листови. Тоа плато од почетокот на столбот ќе служи како постамент на војниците на Александар. Ќе има 8 бронзени војници, високи по 3 метри, кои ќе бидат претставени во различни пози. Тоа се поточно 7 војници, а еден е кралот Филип Втори”, ни изјави на почетокот на работата Сте­ва­нов­ска. (Г. Т.)

Во огласот споменикот на Плоштад нема име

Оп­шти­на Центар тајно го распишала огласот за леење на споменикот на Алек­сан­дар Македонски. Огласот за избор на леарница во која ќе се пра­ви споменикот на Александар, јавнат на Букефал, Општината го рас­пи­ша­ла на 17 јуни 2008 година. Но во огласот не е наведено точно за кој спо­ме­ник станува збор. Во описот во огласот стои само “леење на скулптури и рел­је­фи во бронза”, но не и името не воинот. Истиот ден Општина Центар рас­пи­ша­ла уште четири огласи за леење споменици. Во нив, за разлика од огласот за споменикот на Александар Македонски, јасно стои чии спо­ме­ни­ци ќе се леат. Во првиот оглас е наведено дека ќе се леат коњанички скул­пту­ри на Гоце Делчев и на Даме Груев, во вториот коњаничка скул­пту­ра на Никола Карев, а во останатите два пишува дека се бара ле­ар­ни­ца за споменици на Цар Самуил и Методија Андонов – Ченто. По две не­де­ли, односно на 2 јули објавени се огласи за барање леарница и за двата па­ра лавови што треба да бидат поставени на мостот Гоце Делчев. И во овие огласи јасно стои каков споменик ќе се лее. (А. А)

Александар ќе дојава со доцнење од 6 месеци

Спо­ме­ни­кот на Алексадар Македонски ќе доцни најмалку половина година. Според до­го­во­рот потпишан меѓу Општина Центар и леарницата од Фиренца “Фердинандо Ма­ри­не­ли”, споменикот треба да биде готов до октомври годинава. Но овој рок не­ма да се запази. Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ пред два месеца изјави дека Александар не е излеан ни до половина и, според негова про­це­на, тој и Букефал во Скопје ќе пристигне дури за една и пол година. Дотогаш ќе се работело на изградба на фонтаната, на која тој ќе биде поставен.
Пр­ви­те споменици кои за еден месец треба да бидат поставени на плоштадот Ма­ке­до­ни­ја се на Гоце Делчев и на Даме Груев пред Камени мост, на цар Самуил пред ка­фу­ле­то “Тренд” и едниот пар лавови на мостот Гоце Делчев. Леењето на спо­ме­ни­ци­те на Гоце и на Даме чини 850.000 евра, а на двата пара лавови 2.300.000 евра. (А. А.)

650 илјади евра хонорари за Александар

03.08.10

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

Posted in блогосфера, вести, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , at 12:57 pm од filippetrovski

Утрински весник,

30 јануари 2010

Мислење 128

Купувајте коли, банкрот сме

____________

 Незнам за вас, но јас се сомневам дека владата е искрена и филантропски расположена, кога се работи за дозволувањето да се увезуваат стари и скапани автомобили. Верувам веќе знаете дека ќе се дозволува увоз стари возила, постари од 10 години и со еколошки стандарди од овој што сега е на сила во нашата држава. Велам дека верувам оти веќе знаете за одлуката затоа што пулените на власта се пуштија на терен да ја објаснуваат како нешто најдобро што можело да ни се случи. Па така го видовме „возачот“ Влатко Ѓорчев во „јади бурек“ како обилно објаснува дека народот требало да се вози во автомобили, наместо да чека по пола сат автобус. Мммм. Навистина интересно објаснување, кое се обидува кај нас да остави впечаток дека власта толку многу го љуби овој народ па е подготвена за него да ги спушти еколошките стандарди. Има да се гушиме, но народот ќе се вози во голфови, кои според премиерот не биле крш. Убеден сум дека ако продолжи притисокот кон него, по оваа најнова пропагандна финта, тој ќе се качи на некој ден и во голф кец. Рејтинг си е рејтинг. Се покажа дека без тоа не се може…

Но, дозволете да се вратам на генијалните пројави на Влатко. Оти тој е пратеникот кој што мора да брани се и сешто. Има барем неколку приговори кои легитимно може да се дадат, само ако малку размислувате на тема. Прво, околу транспортот. Да се потсетиме дека неговата партија е на власт 4 години, и дека во меѓувреме им пропаѓаат обидите да купат автобуси по неверојтни цени. Имено, цените кои беа во оптек, и за среќа јавноста се побуни, беа како државата да купува ескадрила од авиони. Ама малку фалеше и тоа да помине. Значи автобусите се такви какви што се, државата требаше да го решава тој проблем и според минатото време на власт, слободно можеме да заклучиме дека љубовта и филантропството не се дел од арсеналот на таа гарнитура.

Натаму, дали владеачката екипица се запрашала зошто народот се вози во автобуси, а не со коли? Според мизерноста на аргументите кои се понудени како објаснување на мерката зошто се дозволува увоз на стари возила, очигледно е дека се повеќе се губат и немаат допир со реалноста. Автобуска карта чини помеѓу 25 и 30 денари, зависно со каков автобус се возите. Тоа значи дека ако два пати дневно се одвезете во центарот на градот, по работа или за забава, ќе потрошите околу 100 денари. Додека пак ако живеете во Скопје, на да речеме 7 километри од центарот на градот, со две возења дневно ќе поминете најмалку 30 километи во вашето возило. Она истото што сега ќе сте го купеле затоа што владата овозможила да го направите тоа. Ако вашето ново, а старо возило троши 10 литри на сто километри излегува следната математика. Километар „возење“ ве чини 6 денари. Тоа значи дека ако денеска поминете само 30 километри ќе потрошите 180 денари за бензин. Ако посакате притоа да се паркирате во центарот на градот, ќе платите уште најмалку 100 денари. Тоа веќе сега е скоро три пати повеќе од онаа цената која ја имате за возење во автобус. Но, тоа не е се. Имате обврска да го регистрирате вашето возило. Тоа „задоволство“ ќе ве чини годишно околу 150 евра. Зборувам за сите давачки. Може да биде и повеќе, ама еве ќе земеме некоја средна вредност. Тоа се плус 30 денари дневно врз претходно израчунатите. Вкупно, најмалку 300 денари. Да речеме дека два пати годишно ќе отидете во Охрид со вашата нова – стара кола. Тоа се околу 1000 километри екстра, односно над веќе предвидените средства за трошење. Односно додадете плус 100 евра за таа пригода. Сумирано, вашето ново возило, на ниво на година, ако го возите строго дисциплинирано, ако не се движите подалеку од центар, ако не идете по гости во други делови од градот, ако не идете никогаш во источна Македонија ќе ве чини само 110.000 денари. Или народски кажано, околу 2.000 евра. Значи сте купиле автомобил за 2 илјади евра. Радосни сте. Но за да го возите, подгответе си уште толку на ниво на година.

Не верувам дека народот наш, кој има чувство за калкулација овие работи не ги знае. Посебно оној кој се определил да се вози со автобус. И сигурен сум дека не се возат во автобус од мерак, туку од немајкаде. Ако имаат просечна плата од 300 евра, на ниво на година, ќе треба само за бензин да потрошат околу 60 проценти од платата. А да потсетам, има многумина кои работат и за помалку пари од тоа.

Од друга страна, ако вие потрошите 2 илјади евра годишно на вашата нова кола, владата од тоа ќе добие најмалку илјада евра. Оти давачките кои таа од бензинот ги зема се околу 50 проценти по литар. Да претпоставиме дека 100 илади коли ќе се купат по оваа основа. Тоа се нови 100 милиони евра од кои владата ќе има нов прилив од најмалку половина од тие пари. Има само еден проблем во ваквите пресметки. Народот нема пари.

Па можеби затоа на Влатко му се испушти, несакајки, дека возењето на коли било добро за економијата. Се сложувам. Посебно за една банкрот економија, која нема пари да скрпи за повеќе слоеви на граѓани, на кои е должна навремено да им исплаќа. Па ако сега, всушност со една агресивна пропаганда, се убедат граѓаните дека треба да возат, наместо да користат автобуси, можеби ќе се продолжи агонијата за некое време. Велам агонија, оти нивното владеење и за нив е тоа. Посебно за економскиот тим, кој знае дека работата е „врвка“, а притоа мораат да глумат ладнокрвност и да лажат дека се е во ред. Ден за ден. Прибери даноци од фирми, ако треба и насила и дај плати на администрацијата која што ништо не работи. А некои и дома си седат. За мир во куќата.

Да ја потсетам владеачката гарнитура за уште нешто. Сега кога и Косово има повисоки еколошки стандарди во однос на нас, по прашањата на бензинот, како мислат да не убедат дека ги интересира животната средина? Секако дека апологетите можат да одговорат дека се работи за интерес на граѓаните и тоа е пред се. Погоре ми се чини дека покажав во што се состои интересот. Пред една година уништија цела гранка од индустријата – пластичната. Со изговор дека станува збор за кампања за заштита на животната средина. А истовремено на ОКТА не смеат да и писнат за горивото кое ни го продава. Нели ви е чудно тоа? Што ли би можело да е причината. Дај боже наскоро да се открие.

Дечкиве од коморите кои купувале нови одела од радост што ќе го виделе премиерот на доручек, се интересна појава за анализа. Или да ве оставам сами да си анализирате и да се чудите?

 

Филип Петровски

Доктор по политички науки

http://filippetrovski.blog.mk/

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

03.04.10

КАКО СЕ УНИШТУВА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО!

Posted in блогосфера, вести, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , at 9:52 am од filippetrovski

ЕВЕ КАКО СЕ УНИШТУВА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО. КОРУПЦИЈА?
проценете сами

како груевски ја развива економијата

како груевски ја развива економијата

02.25.10

експертска македонија

Posted in блогосфера, вести, лично, општество, политика tagged , , , , , , at 11:39 am од filippetrovski

pecko, 25 fevruari 2010

груевски (владеење на дупките)

експертска македонија
pecko, 25 fevruari 2010

02.07.10

ПОРАНЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ, СЕГАШНИ ВЛАДЕТЕЛИ НА ДПМНЕ

Posted in блогосфера, историја, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , at 9:19 pm од filippetrovski

ПОРАНЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ, СЕГАШНИ ВЛАДЕТЕЛИ НА ДПМНЕ
доста беше, мора да почнеме да ги вадиме документите, за да биде се појасно.

гледајте внимателно во сликата.

02.01.10

“ДЕВЕТ ЈУГОВИЌА – мислење 124″

Posted in блогосфера, вести, колумни, лично, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , at 9:06 am од filippetrovski

ДЕВЕТ ЈУГОВИЌА – мислење 124

На почетокот на 1992 година во Куманово се организираше митинг за Македонија. Сум пишувал на оваа тема, но пригодата е таква што не е лошо да се потсетиме во неколку реда. Да, организиравме ние вмровците митинг за Македонија, за да се зајакне чувството за нашата држава во мојот роден град. И наместо да добиеме некоја позначајна подршка, добивме контрамитинг на кој на нашиот скромен број од 200-300 вмровци (половина дојдени од други градови) се спротивставија не помалку од 5000 југословени со знамиња на тогаш бившата Југославија, на Србија и секако со шајкачи и четнички кокарди. Беше тоа разулавена маса која можеше да не избрише од лицето на земјата. За среќа имало некој свесен во полицијата и огромен кордон не раздели. Кристално јасно се сеќавам дека имаше камери на терасата на робната куќа „Нама“ кои го снимаа целиот инцидент… Би било интересно од денешна перспектива да се види како тоа тогаш било. Ако само некој успеал да сочува копии од полициските снимки… Којзнае можеби некогаш и ке се појават снимките.
Како што му се појавија деновиве снимките на Антонијо Милошовски од чествувањето на гробот на Тодор Александров заедно со младината на Каракачанов (оној што постојано јасно го негира нашиот македонски идентитет).

Денеска Антонијо Милошовски е најголем гласноговорник на античкиот идентитет на македонците, а заднината говори нешто сосема друго. Па, ви говорев јас и често пишував дека зад безличната насмевка стојат некои други мотиви. Но, за жал јавноста денеска во Македонија нема капацитет да предизвика лавина, да предизвика било какво поместување. Сите молчат и уплашено гледаат. Што и да се случи, само да не заигра мечката во нивниот двор. Тоа што анонимно стасале сликите на Антонијо во редакцијата на Фокус не ме изненадува. Подогло време се зборува низ Скопје за незадоволството од перформансот на министерот, кој, наводно, на времето ветувал дека ако се добере до позиција, ќе работи на сосема друга агенда. Ние, подмладокот на ВМРО тоа го знаевме. Затоа што тој своите ставови слободно си ги манифестираше во партиските простории. Токму поради тоа беше шутнат едногласно. Сите сакаа да си оди (оставките на младите се скенирани и објавени на интернет). Само некои повисоки структури го штитеа. Тогаш ги убедував тие структури и им објаснував дека неговите намери не се искрени и јасни и дека е можно да се изјаснува пробугарски од лукративни причини. Денеска не е јасно која негова позиција е автентична, онаа од пред десет години, блиска до Каракачанов или денешнава блиска до Паско и Груевски. Но, една од нив е лажна.
Не ми е логично да е близок до позицијата на Груевски која по прославата на Унијата на жени на ДПМНЕ и големото финале со ДЕВЕТ ЈУГОВИЌА толку е различна што нема никаква допирна точка. Освен ако длабоко раскопаме во историјата и се потсетиме дека има моменти на соработка Србија и Бугарија по македонското прашање, но само за да најдат начин како да не избришат. Не би сакал да верувам дека станува збор за некоја тајна стратегија која има за цел таква работа. Повеќе сум склон да верувам дека Мазнева-Николиќ која дојде во ДПМНЕ во 2006 г. и со кандидатурата за пратеник се пријави и во членство, е политички аналфабет кој се труди да му се додвори на ВОДАЧОТ. Таа за жал не успева да стане пратеник во 2006, туку во 2008. Си мислам колку и да е талентирана за политика, неможе за толку кратко време да ги свати реално и јасно работите. Ако се сложиме дека во природата најчест процес е имитацијата, за што сум консултирал стручни журнали, тогаш однесувањето на Мазнева-Николиќ не е чудно. Бидејќи таа не е упатена, а гледа дека во партијата на Груевски има воодушевеност од белградските мангупи, најверојатно посакала да им „учини“ со изборот на таква мелодија и иконографија. Не е тајна дека таму некојси белградски уличари, кои сакаат да се им се обраќаат како на кумови или мафијаши, пејачи на турбо фолк во кои пукаат соперничките банди од подземјето, се омилено друштво на ДПМНЕовската елита. Се зборува дека се затвораат дискотеки и се пее на увце. До рани утрински часови. И тоа е легитимно, секој нека си биде она што сака да си биде.
Само ми е жал за онаа огромна бројка на прелажани вмровци, кои се спремни да излегуваат пред седиштето на ЕУ или да се мрзнат при прославата за визната либерализација, само за да се создаде привид дека нешто се случува. Ми е жал за тие луѓе кои се подготвени да се закрват и се накрвени на нас, нивните браќа, со кои заедно со години се боревме за Македонија да се отргне од стратегијата на КОС, УДБА и сите сценарија на Милошевиќ за цепање на македонската територија. За сега да се покаже грдото лице на една елита која не се грижи за иднината на Македонија, туку работи само на сопствениот интерес. Притоа се служи со алатки кои предизвикуваат страв и терор (инспекции на секој чекор, казни драконски какви што немало во турско време). Елита, секако земено во наводници, која и понатака на секој чекор предизвикува поделби и прогласува предавници на ангро.
Не се осмелувам да ги наречам предавници поради тоа што на прославата си одгуслаа песна која е основа на српскиот национализам и настан кој од Милошевиќ беше искористен да се најави дека ќе се војува за територии. Знаеме како заврши тој, иако сеуште има кај нас, како што може да се види, луѓе кои се воодушевени од него и неговиот говор на Газиместан. Дури и тоа не е спорно. Секој има право да си верува во своите идоли. Но, да се случи таков инцидент на официјален настан на некогашното ВМРО, денеска ДПМНЕ е нешто што не сум можел да претпоставам ниту во најсмелите фантазии. И одозгора да се молчи цела недела од страна на таа партија, и не се објавува објаснување и демант или ограда. Се чудам. А од друга страна се радувам. Демистификацијата е целосна, конечна и многу корисна за да се разбие ветерот и маглата која ја произведуваат ВЕТИЛНИЦИТЕ на Груевски, ако смеам да се послужам со терминологијата на ПЕЦКО.
ДЕВЕТ ЈУГОВИЌА долго ќе звонат во ушите на сите вмровци како срам, како потсетување, колку силно е искористена и исмеана нашата идеја. Дајте сега, ве молам, објавете јавен оглас да се симне веќе еднаш префиксот ВМРО од таа партија.

01.29.10

Вин Вин : Филип Петровски

Posted in блогосфера, вести, лично, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , at 8:13 pm од filippetrovski

Вин Вин : Филип Петровски

10 декември 2009 (цела емисија)

Viddler.com – 10.12.2009 Вин-Вин: Филип Петровски – Uploaded by AlfaTV

Filip Petrovski

Filip Petrovski

пецко, 29.1.2010

Posted in блогосфера, вести, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , at 12:48 pm од filippetrovski

антонио милошоски

антонио милошоски

пецко, 29.1.2010

антонио милошоски

антонио милошоски

Рејтингот се топи, Рубикон е преминат!

Posted in блогосфера, вести, колумни, лично, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , at 12:32 pm од filippetrovski

филип петровски
филип петровски

Рејтингот се топи, Рубикон е преминат!

Број 3164  сабота, 19 декември 2009

Како по обичај и последните 7 дена изобилуваат со настани. Политиката и сплеткарењето во Македонија цутат иако е зима. Неколку настани ако се поврзат покажуваат дека можеби на Груевски му се на памет нови избори. Иако, се разбира тој двосмислено ги негира истите. Но, веќе четврта година тој ги применува истите методи, што само по себе значи дека веќе и помалку упатените можат да ја разберат шемата, резонот според кој тој се раководи. Најупростено, резонот може да се објасни со следниве зборови – едно зборувам, друго правам. Ако нешто се негира, тогаш најверојатно, според таа шема на досегашно однесување, токму тоа ќе се случи.
Но, да не останеме во сферата на филозофското промислува на тема, да проследиме неколку елементи кои без послани пред нас неделава. Прво, борбени возила, голем број, засилени со хеликоптери го сардисаа Арачиново. Сето тоа беше уредно забележано од медиумите кои требаше да пренесат оти нашата полиција уредно и навремено си ги извршува задачите. Но, до гласачите, особено оние од македонскиот блок требаше да се испрати и сублиминална порака дека Груевски е оној вистински националист и заштитник на македонците, кои сеуште не си ги залечиле раните од 2001 година. Па со преповторување на сцените, на истото место, сега треба да се стекне впечаток дека работите се смениле. Оти Арачиново останува симбол на неуспехот на Македонија да се справи со своите предизвици во таа воена година. Сега треба да мислиме дека е поинаку, затоа што сега борбените единици се во состојба да влезат во селото, за разлика од претходно. Незнам дали го забележавте жителот на селово кој се буни дека сега дошле повеќе единици споредено со војната.
Да не се разбереме погрешно, полицијата треба да си ја тера работата. Никогаш нема да бидам подготвен да критикувам одбрана на државата или било каква безбедносна операција. Ниеден убиец несмее да е на слобода. Ама да се види ваков сериозен ангажман на полицијата, а потоа да слушнеме дека всушност тој што го бркале побегнал, дава простор да се сомневаме дека нешто се случува под површината. Како е возможно, при толкав број на сили, осомничениот да исчезне?
Како и да е, како што реков ова е еден од елементите кои треба да започнат со создавање на сликата дека патриотизмот и железната непопустливост на премиерот не се однесуваат само на нашите евроинтегративни процеси, туку дека истото им следи и на албанските партнери. Дека всушност никој нема да се протне на намерата да се спроведува законот. Мммм. Но да се потсетиме, дали во чисто албански средини може да се влезе без да има сериозни реакции од тамошното население? Ако не постои претходен договор, да не речам преговори со градоначалник или претседатели на месните заедници, може да се загрози безбедноста на секој кој се обидува да направи било каква акција.
Веднаш по оваа епизода, следеше нова. Пратеничката Мазнева ги обвини пратеничките од својата коалиција, Арифи и Мехмети дека биле антимакедонисти и сееле расна омраза. Интересно е како сега тоа го откри пратеничкава, иако се знае дека ДПМНЕ е во коалиција со ДУИ веќе година ипол. Овие две пратенички ми ти биле како Мира Марковиќ, го користеле перото како калашников, а мастилото било муниција. Македоноомраза било што овие две пратенички на Ахмети повикувале на повлекување од коалицијата со Груевски ако не се реши проблемот со името во наредните месеци. И веднаш се огради пратеничката дека давала лична изјава, а не колективна. Аха, добро. Ајде да ги проанализираме малку работите. Имаат ли право пратениците на Груевски да даваат сопствени изјави? Врз основа на искуството и сознанијата кои ги имаме за последните 3 и нешто години, и однесувањето на сите пратеници повеќе од јасно е дека несмеат слободно ниту да мислат, а не пак да даваат изјави.
Еве да претпоставиме и дека Мазнева собрала храброст и се изборила за слобода да каже неколку реченици кои не и се цензурирани. Постои уште еден проблем. Каква врска има раскинувањето на коалицијата со македонофобија? Има почитувани и тука една суптилна сублиминална порака, која сакаат да ни ја протнат. Оваа влада, т.е. Груевски се македонстите и секој кој е против тоа е македонофоб. Ни ги бранам Ермира и Теута. Они си имаат агенда. Барем знаат што сакаат. Од 2006 работеа да влезат во влада и влегоа. Го принудија Груевски да го изигра ДПА и да си ја собори претходната влада. Да отиде на предвремени избори за да ги нагура сегашните коалициони партнери во своето опкружување. И сега ги подбуцнува „пратениците извршители“ да се р’чкаат со тнр „лични ставови“. Па ако навистина ставовите се лични, зошто не се огради ДПМНЕ од нив?
Не, нема врска тоа со личност. Никаква. Напротив пораките треба да стигнат, ако е можно на време до македонскиот гласач, дека ДПМНЕ и нејзиниот водач се сеуште на македонската страна, по секоја цена и дека треба да се продолжи со подршката на таа партија. Затоа што подршката паѓа. Рапидно. Според последните истражувања РЕЈТИНГОТ на ДПМНЕ е веќе под 20 проценти. Кој знае каква паника сега има на дворот. Па затоа мора некој да се приапси. Да се пушти крв. Да се згазне уште некој. Не е битно да се почитува законот. Треба да се покаже сила и да се промовира цврста рака. Да му се даде на народот нешто да се занимава.
Една работа забораваат дека кога ќе се премине Рубикон, се се врти против тебе. И она што претходно можело да помине, веќе не минува. Се што си продавал како финта, која може со перење на мозок привремено да делува како прифатлива алатка, веќе не врви. Национализмот е лажен, не е базиран на стратегија која е во интерес на Македонија. Туку во интерес на ликови кои сакаат на сила да се запишат во историјата.
Сега Груевски е во рацете на ДУИ. Ако сакаат да му ја урнат владата, ќе ја урнат. Ако несакаат – нема. Ако тој сака да падне владата, за да се обиде за последен пат да не прелаже, тие можат да се спротивстават. И нема да има избори, а рејтингот се топи. Долго време вештачки се држеше на високо ниво, што само по себе ќе овозможи сега рапидно да се менува работата. Арачино, Мазнева и апсењата се очајнички обиди да се направи пресврт во јавното мислење. Дека нешто се работи. Евентуално да се создаде основа за предвремени избори на кои ќе може да се напаѓаат албанците, особено ДУИ, односно сегашниот коалиционен партнер – Али Ахмети.

Рејтингот се топи, Рубикон е преминат! – мислење 123

01.22.10

“Makedonci optužuju Srbina za špijunažu”

Posted in блогосфера, вести, општество, политика, пороци tagged , , , , , , , , , , , , , , , , , at 10:30 am од filippetrovski

Makedonci optužuju Srbina za špijunažu

« Previous entries Следна страница » Следна страница »