Доколку Георгиевски не се вмешаше, Груевски во никој случај немаше да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Тврдењето на Љупчо Георгиевски дека неговиот наследник Никола Груевски дошол на лидерското место на нелегитимен начин, вчера во „Утрински“ го демантираше Ганка Цветанова, која претседаваше со Конгресот. Тогаш бевте делегат, имавте ли притисоци?
Да, имав такво искуство. Од позиција на делегат на Конгресот во 2003 одговорно тврдам дека вечерта спроти гласањето имав притисок да гласам за Никола Груевски, и тоа од телохранителите на Љупчо Георгиевски. Ги отфрлив нивните барања и гласав за Марјан Ѓорчев. Исто така, тврдам дека доколку тогаш не се вмешаше Георгиевски, не политички, туку со притисоците, Груевски во никој случај немаше да победи.
Дали со Вашето исклучување од Обединети за Македонија се расцепкува гласачкото тело на десницата, кое на претседателските избори му донесе на Љубе Бошкоски 150.000 гласови.
Не, не мислам така. Со своето непромислено, нетактично и за претседател на една партија, плиткоумно однесување, Бошкоски само навидум му направи услуга на премиерот. Незадоволството не е канализирано и не е надминато по ова што се случи со Бошкоски, бидејќи тоа е огромно и е акумулирано во изминатите четири години. Притоа, во ниту една сфера не се гледа подобрување на животниот стандард. Никој не може да му направи услуга на Никола Груевски затоа што незадоволството е огромно и расте секој ден. Сега главно прашање е кој ќе организира партија што автентично ќе му се спротивстави на ова владеење.
Што подразбирате под автентично спротивставување?
Пред се’, да се направи демократска структура што ќе личи на десничарските партии од западните држави каде што ќе може отворено да се размислува и да се прибере интелектуалниот потенцијал на оваа држава. Значи, не со структура што ќе го лаже членството, а ќе биде во тајни договори со Бранко Црвенковски. Тоа не е коректно однесување, туку е само дезавуирање на јавноста што ќе може да му го продолжи мандатот на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму, добро е што овие потреси се случуваат сега за граѓаните навреме да создадат јасна слика кој е кој.
Подготвувате ли формирање нова десничарска партија?
Во овој момент правам широки консултации и добивам силни сигнали дека е неопходно да се направи субјект кој на демократска основа ќе ги артикулира десничарските интереси. Сега десницата не е сериозно организирана што му е од интерес на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој го зафатил просторот на десницата, но само како маска или како рамка за задоволување на интересите на една тесна група. Од друга страна, Груевски има влијание врз десничарските групации, директно или индиректно и тоа би требало да се предизвика на соодветен начин. Време е да се заврши со националромантичарските митови и легенди, време е да се зборува за демократска десница. Во моментот не ја гледам, има групи што пледираат на таа страна, но ако останат такви ќе бидат изолирани и во блиска иднина нема да имаат влијание на политичките процеси.
Имавте ли деновиве контакт со Љубе Бошкоски, зашто во меѓувреме искажавте многу сериозни обвинувања на негова сметка?
Немам потреба да се гледам или да се слушам со него, зашто Бошкоски јавно, со соопштение ме исклучи од Обединети за Македонија. Тоа е пашалак и не сакам да му придавам значење. Стојам зад сите обвинувања упатени до него стојам. Точно знам што говорам и само жалам што реалноста е таква во тоа здружение за поддршка на интересите на Љубе Бошкоски. Тоа едноставно не е партија.
Од таа сума се исплаќаат авторски хонорар за Стевановска и надоместоци за учесниците во изработката на идејниот проект по фази, како и за лицата ангажирани за изработка на скулптурите и на релјефите
Според договорот на Општина Центар со леарницата “Фернандо Маринели” од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци, ако се доцни поради нарачателот, нема казни, ако доцни изведувачот, казната е до 5 проценти од цената на чинење
Скулпторката Валентина Стевановска потпишала договор за хонорар со Општина Центар од околу 650 илјади евра за фонтаната и за споменикот на Александар Македонски, предвидени за на плоштадот Македонија. Од таа сума, според договорот, се исплаќаат и надоместоци за учесниците во изработката на идејниот проект по фази, како и за лицата ангажирани за изработка на скулптурите и релјефите.
“Вест” дојде до два договори со доверлив карактер кој како таков, пишува дека ќе се чува од потписниците. Договорите се третирани како деловна тајна, и нивната содржина не смеела да се открива пред никого. Од вториот договор се гледа дека четири и пол милиони евра чини леењето на комплексот споменици и релјефи предвидени околу фонтаната, заедно со коњаничката скулптура на Александар. Според договорот на Општина Центар со леарницата “Фернандо Маринели” од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци. Тоа значи дека комплексот – фонтана и Александар Македонски на Плоштадот треба да е завршен до октомври годинава. Ако изработувачот не успее во предвиденото време да ја изврши нарачката, предвидена е казна од 1 промил дневно, но најмногу 5 проценти од вредноста на договорот. Во договорот има клаузула која вели дека рокот на изработка може да се одложи ако нарачателот задоцни со изработка на моделите.
Стевановска за сумата од речиси 650 илјади евра се обврзала да изработи идден проект за изградба на монументална целина на фонтана со коњаничка скулптура, висока 3 метри, скулптури на осум војници, исто така, високи речиси 3 метри, скулптури на 2 лава со по 2 метра височина. Тие се во придружните елементи на монументалната целина, а како придружни елементи се сметаат и релјефите од фонтаната кои се изработуваат во мермер со површина од 15 квадратни метри, како и релјефи подготвени за леење во бронза со површина од 120 квадратни метри.
Во интервјуто за “Вест”, дадено минатата година, Стевановска ни рече дека оваа споменична целина во ширина ќе биде колкаво што е кружното место со зеленило на Плоштадот. Таа објасни дека по скали во кружна форма ќе се стигнува на плато во кружна форма, дека таму ќе има 4 бронзени лава на четирите страни на шеталиштето, а други четири лава има на палтото под фонтаната на Плоштадот. Луѓето ќе можат да доаѓаат до ѕидот од каде што почнува мермерната фонтана, исполнета со вода. “Во средината на фонтаната се издига мермерен столб, висок приближно колку коњаникот, и тие пропорционално си одговараат. Во подножјето столбот ќе биде поширок, и таму во бронза ќе биде изработена круната на Филип со дабови листови. Тоа плато од почетокот на столбот ќе служи како постамент на војниците на Александар. Ќе има 8 бронзени војници, високи по 3 метри, кои ќе бидат претставени во различни пози. Тоа се поточно 7 војници, а еден е кралот Филип Втори”, ни изјави на почетокот на работата Стевановска. (Г. Т.)
Во огласот споменикот на Плоштад нема име
Општина Центар тајно го распишала огласот за леење на споменикот на Александар Македонски. Огласот за избор на леарница во која ќе се прави споменикот на Александар, јавнат на Букефал, Општината го распишала на 17 јуни 2008 година. Но во огласот не е наведено точно за кој споменик станува збор. Во описот во огласот стои само “леење на скулптури и релјефи во бронза”, но не и името не воинот. Истиот ден Општина Центар распишала уште четири огласи за леење споменици. Во нив, за разлика од огласот за споменикот на Александар Македонски, јасно стои чии споменици ќе се леат. Во првиот оглас е наведено дека ќе се леат коњанички скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев, во вториот коњаничка скулптура на Никола Карев, а во останатите два пишува дека се бара леарница за споменици на Цар Самуил и Методија Андонов – Ченто. По две недели, односно на 2 јули објавени се огласи за барање леарница и за двата пара лавови што треба да бидат поставени на мостот Гоце Делчев. И во овие огласи јасно стои каков споменик ќе се лее. (А. А)
Александар ќе дојава со доцнење од 6 месеци
Споменикот на Алексадар Македонски ќе доцни најмалку половина година. Според договорот потпишан меѓу Општина Центар и леарницата од Фиренца “Фердинандо Маринели”, споменикот треба да биде готов до октомври годинава. Но овој рок нема да се запази. Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ пред два месеца изјави дека Александар не е излеан ни до половина и, според негова процена, тој и Букефал во Скопје ќе пристигне дури за една и пол година. Дотогаш ќе се работело на изградба на фонтаната, на која тој ќе биде поставен.
Првите споменици кои за еден месец треба да бидат поставени на плоштадот Македонија се на Гоце Делчев и на Даме Груев пред Камени мост, на цар Самуил пред кафулето “Тренд” и едниот пар лавови на мостот Гоце Делчев. Леењето на спомениците на Гоце и на Даме чини 850.000 евра, а на двата пара лавови 2.300.000 евра. (А. А.)
Незнам за вас, но јас се сомневам дека владата е искрена и филантропски расположена, кога се работи за дозволувањето да се увезуваат стари и скапани автомобили. Верувам веќе знаете дека ќе се дозволува увоз стари возила, постари од 10 години и со еколошки стандарди од овој што сега е на сила во нашата држава. Велам дека верувам оти веќе знаете за одлуката затоа што пулените на власта се пуштија на терен да ја објаснуваат како нешто најдобро што можело да ни се случи. Па така го видовме „возачот“ Влатко Ѓорчев во „јади бурек“ како обилно објаснува дека народот требало да се вози во автомобили, наместо да чека по пола сат автобус. Мммм. Навистина интересно објаснување, кое се обидува кај нас да остави впечаток дека власта толку многу го љуби овој народ па е подготвена за него да ги спушти еколошките стандарди. Има да се гушиме, но народот ќе се вози во голфови, кои според премиерот не биле крш. Убеден сум дека ако продолжи притисокот кон него, по оваа најнова пропагандна финта, тој ќе се качи на некој ден и во голф кец. Рејтинг си е рејтинг. Се покажа дека без тоа не се може…
Но, дозволете да се вратам на генијалните пројави на Влатко. Оти тој е пратеникот кој што мора да брани се и сешто. Има барем неколку приговори кои легитимно може да се дадат, само ако малку размислувате на тема. Прво, околу транспортот. Да се потсетиме дека неговата партија е на власт 4 години, и дека во меѓувреме им пропаѓаат обидите да купат автобуси по неверојтни цени. Имено, цените кои беа во оптек, и за среќа јавноста се побуни, беа како државата да купува ескадрила од авиони. Ама малку фалеше и тоа да помине. Значи автобусите се такви какви што се, државата требаше да го решава тој проблем и според минатото време на власт, слободно можеме да заклучиме дека љубовта и филантропството не се дел од арсеналот на таа гарнитура.
Натаму, дали владеачката екипица се запрашала зошто народот се вози во автобуси, а не со коли? Според мизерноста на аргументите кои се понудени како објаснување на мерката зошто се дозволува увоз на стари возила, очигледно е дека се повеќе се губат и немаат допир со реалноста. Автобуска карта чини помеѓу 25 и 30 денари, зависно со каков автобус се возите. Тоа значи дека ако два пати дневно се одвезете во центарот на градот, по работа или за забава, ќе потрошите околу 100 денари. Додека пак ако живеете во Скопје, на да речеме 7 километри од центарот на градот, со две возења дневно ќе поминете најмалку 30 километи во вашето возило. Она истото што сега ќе сте го купеле затоа што владата овозможила да го направите тоа. Ако вашето ново, а старо возило троши 10 литри на сто километри излегува следната математика. Километар „возење“ ве чини 6 денари. Тоа значи дека ако денеска поминете само 30 километри ќе потрошите 180 денари за бензин. Ако посакате притоа да се паркирате во центарот на градот, ќе платите уште најмалку 100 денари. Тоа веќе сега е скоро три пати повеќе од онаа цената која ја имате за возење во автобус. Но, тоа не е се. Имате обврска да го регистрирате вашето возило. Тоа „задоволство“ ќе ве чини годишно околу 150 евра. Зборувам за сите давачки. Може да биде и повеќе, ама еве ќе земеме некоја средна вредност. Тоа се плус 30 денари дневно врз претходно израчунатите. Вкупно, најмалку 300 денари. Да речеме дека два пати годишно ќе отидете во Охрид со вашата нова – стара кола. Тоа се околу 1000 километри екстра, односно над веќе предвидените средства за трошење. Односно додадете плус 100 евра за таа пригода. Сумирано, вашето ново возило, на ниво на година, ако го возите строго дисциплинирано, ако не се движите подалеку од центар, ако не идете по гости во други делови од градот, ако не идете никогаш во источна Македонија ќе ве чини само 110.000 денари. Или народски кажано, околу 2.000 евра. Значи сте купиле автомобил за 2 илјади евра. Радосни сте. Но за да го возите, подгответе си уште толку на ниво на година.
Не верувам дека народот наш, кој има чувство за калкулација овие работи не ги знае. Посебно оној кој се определил да се вози со автобус. И сигурен сум дека не се возат во автобус од мерак, туку од немајкаде. Ако имаат просечна плата од 300 евра, на ниво на година, ќе треба само за бензин да потрошат околу 60 проценти од платата. А да потсетам, има многумина кои работат и за помалку пари од тоа.
Од друга страна, ако вие потрошите 2 илјади евра годишно на вашата нова кола, владата од тоа ќе добие најмалку илјада евра. Оти давачките кои таа од бензинот ги зема се околу 50 проценти по литар. Да претпоставиме дека 100 илади коли ќе се купат по оваа основа. Тоа се нови 100 милиони евра од кои владата ќе има нов прилив од најмалку половина од тие пари. Има само еден проблем во ваквите пресметки. Народот нема пари.
Па можеби затоа на Влатко му се испушти, несакајки, дека возењето на коли било добро за економијата. Се сложувам. Посебно за една банкрот економија, која нема пари да скрпи за повеќе слоеви на граѓани, на кои е должна навремено да им исплаќа. Па ако сега, всушност со една агресивна пропаганда, се убедат граѓаните дека треба да возат, наместо да користат автобуси, можеби ќе се продолжи агонијата за некое време. Велам агонија, оти нивното владеење и за нив е тоа. Посебно за економскиот тим, кој знае дека работата е „врвка“, а притоа мораат да глумат ладнокрвност и да лажат дека се е во ред. Ден за ден. Прибери даноци од фирми, ако треба и насила и дај плати на администрацијата која што ништо не работи. А некои и дома си седат. За мир во куќата.
Да ја потсетам владеачката гарнитура за уште нешто. Сега кога и Косово има повисоки еколошки стандарди во однос на нас, по прашањата на бензинот, како мислат да не убедат дека ги интересира животната средина? Секако дека апологетите можат да одговорат дека се работи за интерес на граѓаните и тоа е пред се. Погоре ми се чини дека покажав во што се состои интересот. Пред една година уништија цела гранка од индустријата – пластичната. Со изговор дека станува збор за кампања за заштита на животната средина. А истовремено на ОКТА не смеат да и писнат за горивото кое ни го продава. Нели ви е чудно тоа? Што ли би можело да е причината. Дај боже наскоро да се открие.
Дечкиве од коморите кои купувале нови одела од радост што ќе го виделе премиерот на доручек, се интересна појава за анализа. Или да ве оставам сами да си анализирате и да се чудите?
Кога дојдов на работа во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со мене донесов визија како треба да изгледа таа кога ке си одам. Материјалот подоле е само мал дел од реновирањата кои во меѓувреме ги направив. Мислам дека треба да биде достапен на пошироката јавност на увид.
Не се навраќам често на моите мислења. Од проста причина што постојано има настани, кои бараат сега и тука да се коментираат, да се подготват за историјата. Но, еве во оваа 125-та наша заедничка белешка, ќе ве потсетам на текст од август 2007 година. Беше насловен „крајот на телевизијата“. Посакав да се навратам, за да проверам колку се точни или пак антиципативни моите размисли. Не е лошо секој од нас повремено да се навраќа. Во посоченото мислење сум напишал „Одвреме-навреме се појавуваат револуционерни начини на масовно општење. Тие што бргу ќе ја согледаат нивната предност можат да го забрзаат своето движење во однос на претходната епоха и да останат компетитивни и компатибилни во наредната. Во спротивно, осудени се на останување, подобро кажано, заостанување во трката што не завршува никогаш“.
За да продолжам во тој текст со опишување на Јутуб „Пред околу две години, во февруари 2005, се појави сајтот YouTube. Неговата диференцијална специфика од стотиците милиони други сајтови беше овозможувањето на секој корисник да подигне свои видеосодржини на Интернет-мрежата. Со едноставно регистрирање, секој заинтересиран добива можност да си отвори свој канал, што ќе го уредува според сопствен терк и вкус. Авторот е во целосна контрола на сето она што го нуди како содржина. Може да додава, коментира, оформува, дотерува се што поставил на каналот. Нешто како приватна телевизија, ама без пари. Компаративната предност е тоа што ваквиот канал зрачи дваесет и четири часа, без престанок и без ангажман на други лица, значи без трошоци“.
Потоа следува мое одушевување од статистиките на видео каналот што сум го отворил. Сум имал тогаш 42 илјади посети. „Тоа е бројка што далеку ги надминува тиражите на многу ТВ, радио и печатени медиуми. Ми се чини дека наскоро влијанието на ваквите начини на информирање ќе доживее експлозија и бројот на посети ќе се зголемува со геометриска прогресија“. И сум бил во право за тиражите. Денеска мојот канал на Јутуб има 1.2 милиони посети. Преку 800 видеа. Поставени како што мислам јас. Практикувањето на слободата е секако една од предностите. Во меѓувреме, во овие две и пол години, според принципите на слободниот пазар, на понудата и побарувачката, интернетот доживува експанзија во Македонија (не е вистина дека премиерот го донел интернетот во Македонија, како што милува тој да се пофали). Што навистина почнува телевизијата и другите средства за масовно информирање или дезинформирање да ги става во втор план. Статистиките покажуваат дека се повеќе младите не гледаат телевизија воопшто, односно сите информации ги наоѓаат на интернет.
Можеби токму затоа некои групации заклучија дека е време да се пренесе пропагандната војна на ново ниво. Се појави извесен Красимир Божинов, кој да ми ти бил од Бугарија, и имал ексклузивни видео материјали, кои можат да ги имаат во тоа време само тесен круг на луѓе, а кои веднаш Сител ги пронајде, во првите десет минути од објавувањето на Јутуб. Беше нападнат Љубе Бошкоски. Од небо се гледаше дека целата работа е монтирана. Нејсе. На лагата и се куси нозете. Или како што вели премиерот, вистината ќе врти, сучи, буши како шило и ќе дојде на површина. Веројатно затоа Красимир објави и дополнителни материјали кои ја осветлија работата на поинаков начин, дозволувајки им на гледачите да видат дека целите материјали и тоа како биле монтирани, на еден монструозен начин, за политички потреби во Македонија. Овие видеа, овој случај означи нова ера во македонската политичка историја. И допрва ке треба да се прават сериозни анализи за понатамошниот развој на политичката борба на ова поле. Но, како и да е, дефинитивно влеговме во нова фаза, кога политичарите ке мораат да знаат да се снаоѓаат на интернет.
Сега засега се гледа дека тоа наместо нив го прават извршители кои се добро платени. Но, не и добро упатени. Затоа што кога идат по патот на линчот, забораваат дека постираните видеа на Јутуб ги следи самиот сајт. И истиот на барање поднесено, кое е официјално, може во секое време да одговори од каде е подигнато секое видео. Секој компјутер има своја лична карта и адреса на интернет. Што значи дека може да се пронајде кој стои зад линчот. И не е лошо ова да го применат хашките истражители, кои го истражуваат случајот. Се надевам само дека нема да откријат дека видеата се подигнати од просториите на некое министерство, или недај боже од владата.
Но, има и една многу голема иронија. Народот вика најмногу боли кога те тепаат со твој стап. Се сеќавате на случајот на директорот на државниот пазарен испекторат. Како слатко си зборува на телефон за тоа колкави казни ќе им лепне на конкурентите на една скопска дискотека. Веројатно за да може да влезе слободно во оваа на која што и помага со уништување на конкуренцијата. Ова е антологиски запис за тоа како функционира оваа влада. Мислам дека наскоро сите ќе сватат дека само на овој начин функционираат сите лостови на моќта во политичката елита на власт. Индикациите се тука, на сите страни се појавуваат трагите на ова дегутантно владеење, односно тормозење. За тоа во друга прилика повеќе. Сега ме интересира интернетот, јутуб, односно политичката борба на овој начин.
Истиот разговор некој фраер го снима. И пред извесно време тој се појавува на Јутуб. Во ист момент започнува лавина на сите сајтови кои се за социјализација, најмногу на Фејсбук. Мислам дека комбинирано, на ваквите сајтови се информираат повеќе од 25 – 30 проценти на жителите во Македонија. Ако не е така сега, тогаш многу скоро ќе биде. Затоа дејството е разорно и неможе никој да се сокрие. Се случи пресврт. Владата која е самозаљубена во своите рејтинзи започна да сваќа каква штета трпи поради својот директор и Груевски мораше да се одлучи истиот да го смени. Иако не смее тоа да го направи тоа како што сака, односно формата е дека не е докажана вината, но поради јавното мислење се менува истиот. Просто да не ти се верува. Значи човекот не е виновен, но рејтингот не смее да страда. А бре, утврдете дали е точно тоа што се појави на јутуб. Имате начин, само што ви го кажав. Пишете официјално писмо на фирмата и како држава ќе добиете одговор. Па проверете за што станува збор, вештачете го гласот, па потоа известете не. До детал. Заинтересирани сме да ја дознаеме вистината.
А тоа што оваа фигура е жртвувана за рејтингот, не ме чуди. Сите ги чека иста судбина. Има примери во историјата многу. Читајте на нет. Јас пак, предвидувам дека интернет борбата ќе се разгорува и дека идната кампања ќе се води токму таму. Нареден пат ќе победат најдобрите. Оти извршителите сегашни се гледа од небо дека не се вешти на ова поле.
преку моите коненции до најтајните штабови, каде што се крои иднината на држата дојдов до три супертајни проекти. еве, во служба на вистината, ризикувам и ви ги претставувам.
Анѓелов: Одбрана да ги повлече тужбите против бранителите
Здружението на бранителите ’’Достоинство’’ побара министерството за одбрана да ги повлече тужбите против бранителите за враќање на исплатената отштета со камата, како што тоа го направи и МВР.
Во ноември, Владата донесе одлука да се повлечат 40-сетина тужби од МВР против воени инвалиди или семејства на загинати бранители, на кои во меѓувреме поради бавноста на судовите, им се одбиени уште две рати од враќањето на отштетата.
„Оваа среда имав средба со државниот првобранител на која што државниот првобранител ме извести дека тужбите од министерството за одбрана нема да бидат повлечени. Значи тоа ме убеди дека не се работи за никаква грешка или заблуда“, рече Стојанче Анѓелов, „Достоинство“.
Од ’’Достоинство’’ велат дека има десетици тужби против припадници на АРМ од страна на министерството за одбрана, како примерот на професионален војник од Кочани кој претрпел страв за време на акцијата во село Ваксинце.
Прво во 2005-та, основниот суд Скопје 1 му доделил оштета од 6000 евра, а по тужбата од министерството за одбрана, врховниот суд ја поништува одлуката на пониските судови и му наложува да ја врати отштетата.
„Министерството за одбрана до државното првобранителство поднесува иницијатива за поведување постапка за заштита на имотните праљва и интереси. Значи министерството за одбрана ја покренува оваа иницијативаи првобранителството постапувапо неа и во овој случај сега овие пари треба да ги врати со законска затезна камата“, додаде Анѓелов, „Достоинство“.
Од одбрана демантираат дека ова министерство покренало тужба против семејство на загинат бранител или воен инвалид.
„Со членовите на семејствата на загинатите и припадниците на арм кои имаат тешки телесни повреди од конфликтот во 2001-та, министерството за одбрана вонсудски се има спогодено и нема поднесено ниту една тужба кон кој било припадник на АРМ’’, изјави портпаролот на министерството за одбрана Сашко Димов.
Здружението ’’Достоинство’’ даде вербална поддршка на независниот синдикат на професионалните војници кои најавија протест поради понудениот статус на резервисти по истекувањето на нивниот договор за служба во армијата. 07.02.2010
Ирина Гелевска
in new york...
In New York freedom looks like too many choices
In New York I found a friend to drown out the... http://fb.me/IwcrMxdpпред 4 денасептември 6, 2010
никој не размислува како им било на семејствата, кога знаеја дека ни се зајануваат, дека не сме безбедни.... http://fb.me/uatXaMCzпред 4 денасептември 6, 2010