03.23.10
Кој ке го гони овој криминал?

кадрите на груевски ја растураат државната каса.
Кој ке го гони овој криминал?
има ли таков? или другарчињата на Груевски не подлежат на закони?
антиблог на филип петровски

кадрите на груевски ја растураат државната каса.
Кој ке го гони овој криминал?
има ли таков? или другарчињата на Груевски не подлежат на закони?
ВЕСТ ОТКРИВА НОВИ ДОКУМЕНТИ ЗА СПОМЕНИЦИТЕ
650 илјади евра хонорари за Александар
Од таа сума се исплаќаат авторски хонорар за Стевановска и надоместоци за учесниците во изработката на идејниот проект по фази, како и за лицата ангажирани за изработка на скулптурите и на релјефите
Според договорот на Општина Центар со леарницата “Фернандо Маринели” од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци, ако се доцни поради нарачателот, нема казни, ако доцни изведувачот, казната е до 5 проценти од цената на чинење
Скулпторката Валентина Стевановска потпишала договор за хонорар со Општина Центар од околу 650 илјади евра за фонтаната и за споменикот на Александар Македонски, предвидени за на плоштадот Македонија. Од таа сума, според договорот, се исплаќаат и надоместоци за учесниците во изработката на идејниот проект по фази, како и за лицата ангажирани за изработка на скулптурите и релјефите.
“Вест” дојде до два договори со доверлив карактер кој како таков, пишува дека ќе се чува од потписниците. Договорите се третирани како деловна тајна, и нивната содржина не смеела да се открива пред никого. Од вториот договор се гледа дека четири и пол милиони евра чини леењето на комплексот споменици и релјефи предвидени околу фонтаната, заедно со коњаничката скулптура на Александар. Според договорот на Општина Центар со леарницата “Фернандо Маринели” од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци. Тоа значи дека комплексот – фонтана и Александар Македонски на Плоштадот треба да е завршен до октомври годинава. Ако изработувачот не успее во предвиденото време да ја изврши нарачката, предвидена е казна од 1 промил дневно, но најмногу 5 проценти од вредноста на договорот. Во договорот има клаузула која вели дека рокот на изработка може да се одложи ако нарачателот задоцни со изработка на моделите.
Стевановска за сумата од речиси 650 илјади евра се обврзала да изработи идден проект за изградба на монументална целина на фонтана со коњаничка скулптура, висока 3 метри, скулптури на осум војници, исто така, високи речиси 3 метри, скулптури на 2 лава со по 2 метра височина. Тие се во придружните елементи на монументалната целина, а како придружни елементи се сметаат и релјефите од фонтаната кои се изработуваат во мермер со површина од 15 квадратни метри, како и релјефи подготвени за леење во бронза со површина од 120 квадратни метри.
Во интервјуто за “Вест”, дадено минатата година, Стевановска ни рече дека оваа споменична целина во ширина ќе биде колкаво што е кружното место со зеленило на Плоштадот. Таа објасни дека по скали во кружна форма ќе се стигнува на плато во кружна форма, дека таму ќе има 4 бронзени лава на четирите страни на шеталиштето, а други четири лава има на палтото под фонтаната на Плоштадот. Луѓето ќе можат да доаѓаат до ѕидот од каде што почнува мермерната фонтана, исполнета со вода. “Во средината на фонтаната се издига мермерен столб, висок приближно колку коњаникот, и тие пропорционално си одговараат. Во подножјето столбот ќе биде поширок, и таму во бронза ќе биде изработена круната на Филип со дабови листови. Тоа плато од почетокот на столбот ќе служи како постамент на војниците на Александар. Ќе има 8 бронзени војници, високи по 3 метри, кои ќе бидат претставени во различни пози. Тоа се поточно 7 војници, а еден е кралот Филип Втори”, ни изјави на почетокот на работата Стевановска. (Г. Т.)
Во огласот споменикот на Плоштад нема име
Општина Центар тајно го распишала огласот за леење на споменикот на Александар Македонски. Огласот за избор на леарница во која ќе се прави споменикот на Александар, јавнат на Букефал, Општината го распишала на 17 јуни 2008 година. Но во огласот не е наведено точно за кој споменик станува збор. Во описот во огласот стои само “леење на скулптури и релјефи во бронза”, но не и името не воинот. Истиот ден Општина Центар распишала уште четири огласи за леење споменици. Во нив, за разлика од огласот за споменикот на Александар Македонски, јасно стои чии споменици ќе се леат. Во првиот оглас е наведено дека ќе се леат коњанички скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев, во вториот коњаничка скулптура на Никола Карев, а во останатите два пишува дека се бара леарница за споменици на Цар Самуил и Методија Андонов – Ченто. По две недели, односно на 2 јули објавени се огласи за барање леарница и за двата пара лавови што треба да бидат поставени на мостот Гоце Делчев. И во овие огласи јасно стои каков споменик ќе се лее. (А. А)
Александар ќе дојава со доцнење од 6 месеци
Споменикот на Алексадар Македонски ќе доцни најмалку половина година. Според договорот потпишан меѓу Општина Центар и леарницата од Фиренца “Фердинандо Маринели”, споменикот треба да биде готов до октомври годинава. Но овој рок нема да се запази. Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ пред два месеца изјави дека Александар не е излеан ни до половина и, според негова процена, тој и Букефал во Скопје ќе пристигне дури за една и пол година. Дотогаш ќе се работело на изградба на фонтаната, на која тој ќе биде поставен.
Првите споменици кои за еден месец треба да бидат поставени на плоштадот Македонија се на Гоце Делчев и на Даме Груев пред Камени мост, на цар Самуил пред кафулето “Тренд” и едниот пар лавови на мостот Гоце Делчев. Леењето на спомениците на Гоце и на Даме чини 850.000 евра, а на двата пара лавови 2.300.000 евра. (А. А.)
Утрински весник,
30 јануари 2010
Мислење 128
Купувајте коли, банкрот сме
____________
Незнам за вас, но јас се сомневам дека владата е искрена и филантропски расположена, кога се работи за дозволувањето да се увезуваат стари и скапани автомобили. Верувам веќе знаете дека ќе се дозволува увоз стари возила, постари од 10 години и со еколошки стандарди од овој што сега е на сила во нашата држава. Велам дека верувам оти веќе знаете за одлуката затоа што пулените на власта се пуштија на терен да ја објаснуваат како нешто најдобро што можело да ни се случи. Па така го видовме „возачот“ Влатко Ѓорчев во „јади бурек“ како обилно објаснува дека народот требало да се вози во автомобили, наместо да чека по пола сат автобус. Мммм. Навистина интересно објаснување, кое се обидува кај нас да остави впечаток дека власта толку многу го љуби овој народ па е подготвена за него да ги спушти еколошките стандарди. Има да се гушиме, но народот ќе се вози во голфови, кои според премиерот не биле крш. Убеден сум дека ако продолжи притисокот кон него, по оваа најнова пропагандна финта, тој ќе се качи на некој ден и во голф кец. Рејтинг си е рејтинг. Се покажа дека без тоа не се може…
Но, дозволете да се вратам на генијалните пројави на Влатко. Оти тој е пратеникот кој што мора да брани се и сешто. Има барем неколку приговори кои легитимно може да се дадат, само ако малку размислувате на тема. Прво, околу транспортот. Да се потсетиме дека неговата партија е на власт 4 години, и дека во меѓувреме им пропаѓаат обидите да купат автобуси по неверојтни цени. Имено, цените кои беа во оптек, и за среќа јавноста се побуни, беа како државата да купува ескадрила од авиони. Ама малку фалеше и тоа да помине. Значи автобусите се такви какви што се, државата требаше да го решава тој проблем и според минатото време на власт, слободно можеме да заклучиме дека љубовта и филантропството не се дел од арсеналот на таа гарнитура.
Натаму, дали владеачката екипица се запрашала зошто народот се вози во автобуси, а не со коли? Според мизерноста на аргументите кои се понудени како објаснување на мерката зошто се дозволува увоз на стари возила, очигледно е дека се повеќе се губат и немаат допир со реалноста. Автобуска карта чини помеѓу 25 и 30 денари, зависно со каков автобус се возите. Тоа значи дека ако два пати дневно се одвезете во центарот на градот, по работа или за забава, ќе потрошите околу 100 денари. Додека пак ако живеете во Скопје, на да речеме 7 километри од центарот на градот, со две возења дневно ќе поминете најмалку 30 километи во вашето возило. Она истото што сега ќе сте го купеле затоа што владата овозможила да го направите тоа. Ако вашето ново, а старо возило троши 10 литри на сто километри излегува следната математика. Километар „возење“ ве чини 6 денари. Тоа значи дека ако денеска поминете само 30 километри ќе потрошите 180 денари за бензин. Ако посакате притоа да се паркирате во центарот на градот, ќе платите уште најмалку 100 денари. Тоа веќе сега е скоро три пати повеќе од онаа цената која ја имате за возење во автобус. Но, тоа не е се. Имате обврска да го регистрирате вашето возило. Тоа „задоволство“ ќе ве чини годишно околу 150 евра. Зборувам за сите давачки. Може да биде и повеќе, ама еве ќе земеме некоја средна вредност. Тоа се плус 30 денари дневно врз претходно израчунатите. Вкупно, најмалку 300 денари. Да речеме дека два пати годишно ќе отидете во Охрид со вашата нова – стара кола. Тоа се околу 1000 километри екстра, односно над веќе предвидените средства за трошење. Односно додадете плус 100 евра за таа пригода. Сумирано, вашето ново возило, на ниво на година, ако го возите строго дисциплинирано, ако не се движите подалеку од центар, ако не идете по гости во други делови од градот, ако не идете никогаш во источна Македонија ќе ве чини само 110.000 денари. Или народски кажано, околу 2.000 евра. Значи сте купиле автомобил за 2 илјади евра. Радосни сте. Но за да го возите, подгответе си уште толку на ниво на година.
Не верувам дека народот наш, кој има чувство за калкулација овие работи не ги знае. Посебно оној кој се определил да се вози со автобус. И сигурен сум дека не се возат во автобус од мерак, туку од немајкаде. Ако имаат просечна плата од 300 евра, на ниво на година, ќе треба само за бензин да потрошат околу 60 проценти од платата. А да потсетам, има многумина кои работат и за помалку пари од тоа.
Од друга страна, ако вие потрошите 2 илјади евра годишно на вашата нова кола, владата од тоа ќе добие најмалку илјада евра. Оти давачките кои таа од бензинот ги зема се околу 50 проценти по литар. Да претпоставиме дека 100 илади коли ќе се купат по оваа основа. Тоа се нови 100 милиони евра од кои владата ќе има нов прилив од најмалку половина од тие пари. Има само еден проблем во ваквите пресметки. Народот нема пари.
Па можеби затоа на Влатко му се испушти, несакајки, дека возењето на коли било добро за економијата. Се сложувам. Посебно за една банкрот економија, која нема пари да скрпи за повеќе слоеви на граѓани, на кои е должна навремено да им исплаќа. Па ако сега, всушност со една агресивна пропаганда, се убедат граѓаните дека треба да возат, наместо да користат автобуси, можеби ќе се продолжи агонијата за некое време. Велам агонија, оти нивното владеење и за нив е тоа. Посебно за економскиот тим, кој знае дека работата е „врвка“, а притоа мораат да глумат ладнокрвност и да лажат дека се е во ред. Ден за ден. Прибери даноци од фирми, ако треба и насила и дај плати на администрацијата која што ништо не работи. А некои и дома си седат. За мир во куќата.
Да ја потсетам владеачката гарнитура за уште нешто. Сега кога и Косово има повисоки еколошки стандарди во однос на нас, по прашањата на бензинот, како мислат да не убедат дека ги интересира животната средина? Секако дека апологетите можат да одговорат дека се работи за интерес на граѓаните и тоа е пред се. Погоре ми се чини дека покажав во што се состои интересот. Пред една година уништија цела гранка од индустријата – пластичната. Со изговор дека станува збор за кампања за заштита на животната средина. А истовремено на ОКТА не смеат да и писнат за горивото кое ни го продава. Нели ви е чудно тоа? Што ли би можело да е причината. Дај боже наскоро да се открие.
Дечкиве од коморите кои купувале нови одела од радост што ќе го виделе премиерот на доручек, се интересна појава за анализа. Или да ве оставам сами да си анализирате и да се чудите?
Филип Петровски
Доктор по политички науки
http://filippetrovski.blog.mk/
ЕВЕ КАКО СЕ УНИШТУВА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО. КОРУПЦИЈА?
проценете сами

како груевски ја развива економијата
ПОРАНЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ, СЕГАШНИ ВЛАДЕТЕЛИ НА ДПМНЕ
доста беше, мора да почнеме да ги вадиме документите, за да биде се појасно.
гледајте внимателно во сликата.
Анѓелов: Одбрана да ги повлече тужбите против бранителите
Здружението на бранителите ’’Достоинство’’ побара министерството за одбрана да ги повлече тужбите против бранителите за враќање на исплатената отштета со камата, како што тоа го направи и МВР.
Во ноември, Владата донесе одлука да се повлечат 40-сетина тужби од МВР против воени инвалиди или семејства на загинати бранители, на кои во меѓувреме поради бавноста на судовите, им се одбиени уште две рати од враќањето на отштетата.
„Оваа среда имав средба со државниот првобранител на која што државниот првобранител ме извести дека тужбите од министерството за одбрана нема да бидат повлечени. Значи тоа ме убеди дека не се работи за никаква грешка или заблуда“, рече Стојанче Анѓелов, „Достоинство“.
Од ’’Достоинство’’ велат дека има десетици тужби против припадници на АРМ од страна на министерството за одбрана, како примерот на професионален војник од Кочани кој претрпел страв за време на акцијата во село Ваксинце.
Прво во 2005-та, основниот суд Скопје 1 му доделил оштета од 6000 евра, а по тужбата од министерството за одбрана, врховниот суд ја поништува одлуката на пониските судови и му наложува да ја врати отштетата.
„Министерството за одбрана до државното првобранителство поднесува иницијатива за поведување постапка за заштита на имотните праљва и интереси. Значи министерството за одбрана ја покренува оваа иницијативаи првобранителството постапувапо неа и во овој случај сега овие пари треба да ги врати со законска затезна камата“, додаде Анѓелов, „Достоинство“.
Од одбрана демантираат дека ова министерство покренало тужба против семејство на загинат бранител или воен инвалид.
„Со членовите на семејствата на загинатите и припадниците на арм кои имаат тешки телесни повреди од конфликтот во 2001-та, министерството за одбрана вонсудски се има спогодено и нема поднесено ниту една тужба кон кој било припадник на АРМ’’, изјави портпаролот на министерството за одбрана Сашко Димов.
Здружението ’’Достоинство’’ даде вербална поддршка на независниот синдикат на професионалните војници кои најавија протест поради понудениот статус на резервисти по истекувањето на нивниот договор за служба во армијата.
07.02.2010
Ирина Гелевска
- Општината треба да го реши овој проблем и да го исполни своето ветување што им го дала на овие луѓе. Треба да се провери дали тука се штитат некои пого¬леми пазарни системи, што пак не е во интерес на гра¬ѓанството и на слободната пазарна конкуренција. Таму треба да има пазар бидејќи им е потребен на жителите на општината – ве ли Филип Петровски, потпретседател на Обединети за Македонија.