06.22.10

Георгиевски притискаше да се избере Груевски – Филип Петровски

Posted in блогосфера, вести, колумни, лично, општество, политика tagged , , , , , , , , , , at 8:47 pm од filippetrovski

5 прашања 5 одговори

разговор со утрински објавен на 3 јуни 2010

Доколку Георгиевски не се вмешаше, Груевски во никој случај немаше да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Тврдењето на Љупчо Георгиевски дека неговиот наследник Никола Груевски дошол на лидерското место на нелегитимен начин, вчера во „Утрински“ го демантираше Ганка Цветанова, која претседаваше со Конгресот. Тогаш бевте делегат, имавте ли притисоци?

Да, имав такво искуство. Од позиција на делегат на Конгресот во 2003 одговорно тврдам дека вечерта спроти гласањето имав притисок да гласам за Никола Груевски, и тоа од телохранителите на Љупчо Георгиевски. Ги отфрлив нивните барања и гласав за Марјан Ѓорчев. Исто така, тврдам дека доколку тогаш не се вмешаше Георгиевски, не политички, туку со притисоците, Груевски во никој случај немаше да победи.

Дали со Вашето исклучување од Обединети за Македонија се расцепкува гласачкото тело на десницата, кое на претседателските избори му донесе на Љубе Бошкоски 150.000 гласови.

Не, не мислам така. Со своето непромислено, нетактично и за претседател на една партија, плиткоумно однесување, Бошкоски само навидум му направи услуга на премиерот. Незадоволството не е канализирано и не е надминато по ова што се случи со Бошкоски, бидејќи тоа е огромно и е акумулирано во изминатите четири години. Притоа, во ниту една сфера не се гледа подобрување на животниот стандард. Никој не може да му направи услуга на Никола Груевски затоа што незадоволството е огромно и расте секој ден. Сега главно прашање е кој ќе организира партија што автентично ќе му се спротивстави на ова владеење.

Што подразбирате под автентично спротивставување?

Пред се’, да се направи демократска структура што ќе личи на десничарските партии од западните држави каде што ќе може отворено да се размислува и да се прибере интелектуалниот потенцијал на оваа држава. Значи, не со структура што ќе го лаже членството, а ќе биде во тајни договори со Бранко Црвенковски. Тоа не е коректно однесување, туку е само дезавуирање на јавноста што ќе може да му го продолжи мандатот на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму, добро е што овие потреси се случуваат сега за граѓаните навреме да создадат јасна слика кој е кој.

Подготвувате ли формирање нова десничарска партија?

Во овој момент правам широки консултации и добивам силни сигнали дека е неопходно да се направи субјект кој на демократска основа ќе ги артикулира десничарските интереси. Сега десницата не е сериозно организирана што му е од интерес на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој го зафатил просторот на десницата, но само како маска или како рамка за задоволување на интересите на една тесна група. Од друга страна, Груевски има влијание врз десничарските групации, директно или индиректно и тоа би требало да се предизвика на соодветен начин. Време е да се заврши со националромантичарските митови и легенди, време е да се зборува за демократска десница. Во моментот не ја гледам, има групи што пледираат на таа страна, но ако останат такви ќе бидат изолирани и во блиска иднина нема да имаат влијание на политичките процеси.

Имавте ли деновиве контакт со Љубе Бошкоски, зашто во меѓувреме искажавте многу сериозни обвинувања на негова сметка?

Немам потреба да се гледам или да се слушам со него, зашто Бошкоски јавно, со соопштение ме исклучи од Обединети за Македонија. Тоа е пашалак и не сакам да му придавам значење. Стојам зад сите обвинувања упатени до него стојам. Точно знам што говорам и само жалам што реалноста е таква во тоа здружение за поддршка на интересите на Љубе Бошкоски. Тоа едноставно не е партија.

03.08.10

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

Posted in блогосфера, вести, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , at 12:57 pm од filippetrovski

Утрински весник,

30 јануари 2010

Мислење 128

Купувајте коли, банкрот сме

____________

 Незнам за вас, но јас се сомневам дека владата е искрена и филантропски расположена, кога се работи за дозволувањето да се увезуваат стари и скапани автомобили. Верувам веќе знаете дека ќе се дозволува увоз стари возила, постари од 10 години и со еколошки стандарди од овој што сега е на сила во нашата држава. Велам дека верувам оти веќе знаете за одлуката затоа што пулените на власта се пуштија на терен да ја објаснуваат како нешто најдобро што можело да ни се случи. Па така го видовме „возачот“ Влатко Ѓорчев во „јади бурек“ како обилно објаснува дека народот требало да се вози во автомобили, наместо да чека по пола сат автобус. Мммм. Навистина интересно објаснување, кое се обидува кај нас да остави впечаток дека власта толку многу го љуби овој народ па е подготвена за него да ги спушти еколошките стандарди. Има да се гушиме, но народот ќе се вози во голфови, кои според премиерот не биле крш. Убеден сум дека ако продолжи притисокот кон него, по оваа најнова пропагандна финта, тој ќе се качи на некој ден и во голф кец. Рејтинг си е рејтинг. Се покажа дека без тоа не се може…

Но, дозволете да се вратам на генијалните пројави на Влатко. Оти тој е пратеникот кој што мора да брани се и сешто. Има барем неколку приговори кои легитимно може да се дадат, само ако малку размислувате на тема. Прво, околу транспортот. Да се потсетиме дека неговата партија е на власт 4 години, и дека во меѓувреме им пропаѓаат обидите да купат автобуси по неверојтни цени. Имено, цените кои беа во оптек, и за среќа јавноста се побуни, беа како државата да купува ескадрила од авиони. Ама малку фалеше и тоа да помине. Значи автобусите се такви какви што се, државата требаше да го решава тој проблем и според минатото време на власт, слободно можеме да заклучиме дека љубовта и филантропството не се дел од арсеналот на таа гарнитура.

Натаму, дали владеачката екипица се запрашала зошто народот се вози во автобуси, а не со коли? Според мизерноста на аргументите кои се понудени како објаснување на мерката зошто се дозволува увоз на стари возила, очигледно е дека се повеќе се губат и немаат допир со реалноста. Автобуска карта чини помеѓу 25 и 30 денари, зависно со каков автобус се возите. Тоа значи дека ако два пати дневно се одвезете во центарот на градот, по работа или за забава, ќе потрошите околу 100 денари. Додека пак ако живеете во Скопје, на да речеме 7 километри од центарот на градот, со две возења дневно ќе поминете најмалку 30 километи во вашето возило. Она истото што сега ќе сте го купеле затоа што владата овозможила да го направите тоа. Ако вашето ново, а старо возило троши 10 литри на сто километри излегува следната математика. Километар „возење“ ве чини 6 денари. Тоа значи дека ако денеска поминете само 30 километри ќе потрошите 180 денари за бензин. Ако посакате притоа да се паркирате во центарот на градот, ќе платите уште најмалку 100 денари. Тоа веќе сега е скоро три пати повеќе од онаа цената која ја имате за возење во автобус. Но, тоа не е се. Имате обврска да го регистрирате вашето возило. Тоа „задоволство“ ќе ве чини годишно околу 150 евра. Зборувам за сите давачки. Може да биде и повеќе, ама еве ќе земеме некоја средна вредност. Тоа се плус 30 денари дневно врз претходно израчунатите. Вкупно, најмалку 300 денари. Да речеме дека два пати годишно ќе отидете во Охрид со вашата нова – стара кола. Тоа се околу 1000 километри екстра, односно над веќе предвидените средства за трошење. Односно додадете плус 100 евра за таа пригода. Сумирано, вашето ново возило, на ниво на година, ако го возите строго дисциплинирано, ако не се движите подалеку од центар, ако не идете по гости во други делови од градот, ако не идете никогаш во источна Македонија ќе ве чини само 110.000 денари. Или народски кажано, околу 2.000 евра. Значи сте купиле автомобил за 2 илјади евра. Радосни сте. Но за да го возите, подгответе си уште толку на ниво на година.

Не верувам дека народот наш, кој има чувство за калкулација овие работи не ги знае. Посебно оној кој се определил да се вози со автобус. И сигурен сум дека не се возат во автобус од мерак, туку од немајкаде. Ако имаат просечна плата од 300 евра, на ниво на година, ќе треба само за бензин да потрошат околу 60 проценти од платата. А да потсетам, има многумина кои работат и за помалку пари од тоа.

Од друга страна, ако вие потрошите 2 илјади евра годишно на вашата нова кола, владата од тоа ќе добие најмалку илјада евра. Оти давачките кои таа од бензинот ги зема се околу 50 проценти по литар. Да претпоставиме дека 100 илади коли ќе се купат по оваа основа. Тоа се нови 100 милиони евра од кои владата ќе има нов прилив од најмалку половина од тие пари. Има само еден проблем во ваквите пресметки. Народот нема пари.

Па можеби затоа на Влатко му се испушти, несакајки, дека возењето на коли било добро за економијата. Се сложувам. Посебно за една банкрот економија, која нема пари да скрпи за повеќе слоеви на граѓани, на кои е должна навремено да им исплаќа. Па ако сега, всушност со една агресивна пропаганда, се убедат граѓаните дека треба да возат, наместо да користат автобуси, можеби ќе се продолжи агонијата за некое време. Велам агонија, оти нивното владеење и за нив е тоа. Посебно за економскиот тим, кој знае дека работата е „врвка“, а притоа мораат да глумат ладнокрвност и да лажат дека се е во ред. Ден за ден. Прибери даноци од фирми, ако треба и насила и дај плати на администрацијата која што ништо не работи. А некои и дома си седат. За мир во куќата.

Да ја потсетам владеачката гарнитура за уште нешто. Сега кога и Косово има повисоки еколошки стандарди во однос на нас, по прашањата на бензинот, како мислат да не убедат дека ги интересира животната средина? Секако дека апологетите можат да одговорат дека се работи за интерес на граѓаните и тоа е пред се. Погоре ми се чини дека покажав во што се состои интересот. Пред една година уништија цела гранка од индустријата – пластичната. Со изговор дека станува збор за кампања за заштита на животната средина. А истовремено на ОКТА не смеат да и писнат за горивото кое ни го продава. Нели ви е чудно тоа? Што ли би можело да е причината. Дај боже наскоро да се открие.

Дечкиве од коморите кои купувале нови одела од радост што ќе го виделе премиерот на доручек, се интересна појава за анализа. Или да ве оставам сами да си анализирате и да се чудите?

 

Филип Петровски

Доктор по политички науки

http://filippetrovski.blog.mk/

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

03.03.10

Реновирања во библиотеката

Posted in блогосфера, вести, колумни, лично, општество tagged , , , , , , , at 12:07 pm од filippetrovski

Кога дојдов на работа во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со мене донесов визија како треба да изгледа таа кога ке си одам. Материјалот подоле е само мал дел од реновирањата кои во меѓувреме ги направив. Мислам дека треба да биде достапен на пошироката јавност на увид.

Филип Петровски

 реновирања во библиотеката

02.17.10

КАКО БЕСЕДЕШЕ ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА

Posted in блогосфера, вести, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , at 3:32 pm од filippetrovski

КАКО БЕСЕДЕШЕ ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА
ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ
ПРЕД ДА НАПРАВАТ ПАКТ
ДПМНЕ И НАРОДНА

Се уште не можам да го сопрам својот гровнат смев за имотната состојба на Груевски “Вистинита реченица е онаа која тврди дека состојбата на нештата е таква и таква, и состојбата на нештата е навистина таква и таква”. – Тарски
Кон значењето на вистината и нејзината ретка просветленост ќе се обидам почитувани читатели да одгатнам некои свои пригушени вистини. Се присетувам на едно пролетно утро во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ги гледав моите сопартијци со вкочанет израз на лицето. Без малку знаев дека е падната уште некоја од дублерските директиви на Никола Груевски. Моите драги сопартијци беа симнати еден кат подолу под Горското Началство на Груевски, со исклучени телефони, со искинат интернет, истото го стори и за лидерот на Партијата, ги присвои сите автомобили што и припаѓаа на ВМРО-ДПМНЕ и одби да ја осигура колата на Љубчо Георгиевски. Немаше одмор и престан за новиот претседател Груевски. Безбели беше решен се што мирисаше, подмирисуваше и што потсетуваше на старата гарда на ВМРО-ДПМНЕ да го исчисти, да го проветри, да го сотре. Така и направи. Тоа е едно од најпрецизно, точните, математички особини што ги поседува Никола Груевски. Но тука не застана. Убавецот мора постојано да се докажува дека е убавец, мора постојано да внимава на својата козметика, на својот дневен и ноќен крем, на својот антирид.
Веројатно во неговото лично чистилиште не беше се завршено докрај. Наградениот јунак бараше се уште жртви. Требаше да се пресечат уште глави во партијата. Малкумина од луѓето во партијата знаат дека особено му беше значајно Љубе Бошкоски да се исклучи од партијата.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ се претвори во штаб на сосема две различни партии. Беше време да се напушти. Никогаш не можам да ја заборавам сцената кога Георгиевски без збор, без медиумска помпезност напушти нешто што градеше цели 15 години. И, можеби, ќе немав потреба сево ова да го ставам на хартија доколку членовите на ВМРО-ДПМНЕ се дрзнаа да ја прикажат својата имотна состојба. Се уште не можам да го сопрам својот гровнат смев за имотната состојба на Груевски. Еве сега го прашувам, зошто им го свртува умот на другите честити луѓе, зошто повторно крајно луциферовски безочно, беспоштедно мизантропски ја отфрла вистината да и даде чест на дублерската лична карактеристика. Има ли причина да му понуди на својот електорат дека сите што се со него се благородни, духоплодни, преподобни, духоугодни, благоглаголиви, милостиви, милозвучни, непорочни. Јас во овој миг добивам неотповиклива желба да го сожалам г-динот Груевски и да си помислам која вера и честитост беше што издржа да седи во станот на неговите родители, и тоа внимавајте во стан купен на кредит?! Замислете! Како 108-иот Давидов псалм “да му пријдеме на тоа безгрешно суштество каде сето негово срце е подготвено да пее и свири со сета своја душа”. Ве повикувам да појдеме во Груевската долина на љубов и добрина каде чучулиги и славеи извикуваат: Дојдете во ВМРО-ДПМНЕ, оти тие не се властољубци, среброљубци, доушници, клеветници! Тие се јагниња кои пасат од ливадата им зелена.
А јас велам “Груевски, има ли нешто што се уште не си се досетил, а што би било реплика плус за да ја дооформи твојата богата биографија, твојата реката понудена убавина на која никој не смее да фрли прашинка? Ајде Ахиле, те повикувам, те повикувам на меч и војна, со збор и глагол, без повтеж за лага, ајде те повикувам да се ослободиш од товарот ти голем што го носиш оти безмалку не ќе можеш долго. Ајде те повикувам да се ослободиш, да се осамариш, да се олесниш, да крикнеш, да викнеш, да бремето тешко ти падне што го носиш. Зар е тешко да крикнеш, ДА Георгиевски на мнозина помогна и од него уште барате на распетие да го ставите! Јас како жена си дозволувам првпат во својот живот, како жена која полни бардачиња пред чешма со ниска страст во себеси да те прашам: Призрак ли беше мој, привидение ли беше мое или сон недосонет кога јас со поголема дружина седев во твоите два стана и згора на тоа си мислев оти млад и перспективен човек треба да поседува широчина за да има кај да ги расфрли своите мисли. Чесно е и уште почесно е кога си влегол во политика да не се претставуваш како монах. А што е со Бихаќка? Успеа да ги ставиш на туѓо име? Кому забиваш нож в грб?
Така ли е Никола? А јас, ете, нека биде овој пат, грев мој зборот на душата што ми лежеше, искрениот збор, гревот мој.
Валентина Божиновска
КАКО БЕСЕДЕШЕ ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА

02.15.10

Оставете ја библиотеката настрана …

Posted in блогосфера, вести, колумни, лично, општество, политика tagged , , , , , , at 10:26 am од filippetrovski

Оставете ја библиотеката настрана
од политичките калкулации

Во ова мислење малку за библиотекарските работи. Може на прв поглед да ви се види неатрактивно тоа, но убеден сум ако одвоите време да го прочитате, ќе видите како и на микро план се случува истото што секојдневно го гледате на вести. Да одиме со ред. Кога дојдов во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на позиција в.д. директор, прва работа што ја направив беше да проверам каде и во каква состојба се наоѓаат сите библиотеки во системот. Ми се чини дека тоа е вообичаена постапка, да се запознаеш со што имаш работа, да видиш каде се наоѓаат библиотеките, и кој работи во истите. Оти бев на пат да проведам поголем временски период заедно со библиотекарите од најголемиот библиотечен систем во Македонија. Меѓутоа тоа што во библиотеката „Цветан Димов“ го видов до денеска неможам да го заборавам. Таа беше позицирана блиску до Бит пазар. Всушност, кога одите од центар према општината Чаир, од десната страна на булеварот Крсте Мисирков, или позади битпазарската амбуланта. Во барака која лежеше на земјиште на Исламската верска заедница.
Влегов внатре. Од лева страна имаше еден од оние старински грејачи на дрва. Мрачно, старо, нечисто, раскопано, тоа беа условите во кои работеше централната библиотека „Цветан Димов“. Бараката, подоцна проверив, била изградена во 1965 година. Во меѓувреме се распаднала скоро целата. Што е нормално. Бараките биле правени за да се сместат институциите само привремено, а не вечно. За жал, проверив, во време кога дојдов во библиотеката не се водела ниту евиденција колку книги се набавуваат, ниту на кој јазик се. Сакав да направам компарација со бројки. Оти „бројките си се бројки“, ако смеам да се послужам со резонот на претседателот на државата.
Како и да е, во мојот мандат направив се за да се променат условите. Но за да ви биде појасно треба да имате предвид дека библиотеките во оваа држава се на маргините на општеството. Освен што се изгради една од зградите на НУБ, за што се сомневам дека беше мотивирано и од други потреби, во последните 40 години многу малку е вложувано. Да не речам воопшто. И на оваа тема можам да пишувам или ламентирам до бесвест. Оти тоа го работам во последните 5 години, со интерес, со страст, со желба нешто да променам. И успеав да променам барем нешто малку. Колку и да не сакаат неистомислениците, или оние кои што мораат да напаѓаат, тоа да го признаат, сепак променив многу работи. Ја преместив централната библиотека „Цветан Димов“ во простории на новата општина Чаир. Иако за таквата „операција“ да се комплетира беше потребно да се голтнат „кнедли“. Знаете дека во Чаир е градоначалник партиец од ДУИ. Ние сме немале никакви контакти со нив. Оти ДУИ е всушност ОВК или УЧК. А сеуште се свежи сеќавањата на 2001 година. Па затоа мораше да се голтаат кнедли. Но и тоа го направив за да се успее да се напушти таа никаква барака, каде што книгите и луѓето се распаѓаа поради условите за работа.
Потоа на 3 јуни 2007 година изби пожар во бараката во која што беше сместена библиотеката „Ферид Бајрам“. Таа се наоѓаше веднаш до новата зграда на општината Чаир. Како последица од пожарот беа оштетени просториите на библитеката, а дел од книгите при гаснењето на пожарот беа наводенети. Со итна интервенција на вработените, бев присутен, не глумев директор, ги евакуиравме сите книги и направивме се, да не се загуби ниту една книга. Се разбира колку што беше возможно. По овој немил настан, практично, фондот на книги на централната библиотека „Цветан Димов“ се надополни и со книгите на клонот „Ферид Бајрам“… Но, како и зошто изгоре бараката, никој не кажа.
Зошто е ова значајно за нашиот денешен текст воопшто? Затоа што по сите овие настани, мили и немили, успеавме да застанеме на нозе. Да ја донесеме библиотеката во нови простории, да склучиме договор за наредните 20 години за бесплатно користење и да го оставиме зад нас сеќавањето дека библиотеките работат во мизерија. Потоа, само во 2008 и 2009 година лично инсистирав да се набават што повеќе книги на албански. Што резултира со нови околу 3400 книги за тоа говорно подрачје. Не велам дека е доволно, но сега барем знаеме колку ги има, за разлика од пред моето доаѓање кога не се водела ниту евиденција. Не велам ниту дека е доволно, секогаш може повеќе. Секогаш сакам да има што повеќе купени книги, на сите можни јазици кои се користат во Македонија.
Оти верувам дека за да има здрава и стабилна држава, луѓето мора да читаат и да се образуваат што повеќе. Тоа ќе ги намали тензиите и ќе овозможи по сите прашања да се наоѓа заеднички јазик. Во таа смисла и го пишувам денешниот текст. За да промовирам барање на заеднички јазик, за да промовирам читање на книги на мајчин јазик и за да го свртам вниманието кон овие прашања. Во меѓувреме, работата наместо да си биде библиотекарска, станува политичка. Имено, на 16 декември 2009 градоначалникот Меџити се обраќа до градоначалникот на Скопје, за да побара да се купат повеќе книги, да се доопремува читалната и да се вработат двајца албанци на пулт, како и еден албанец како информатор. Мислам дека е направен сериозен превид од страна на градоначалникот Меџити. Затоа што за овие прашања, дел од нив, требало да се обрати на библиотеката. Тој исто така требало да знае дека вработувањата во областа на културата не се децентрализирани сеуште. Тоа значи дека неможеме да вработиме никого. Ниту албанци ниту македонци… Нема дозвола од министерот за финансии. Сум напишал повеќе писма со барања за вработување. Не е одговорено позитивно. За жал.
Од друга страна, советот на град Скопје, т.е. сопартијците на Меџити го презедоа на 30 декември тоа писмо и го искористија како мотив да ја прозиваат библиотеката. Морам да кажам дека на тој датум се усвојуваше извештајот за работа за 2008. Ќе се сложите малку доцна. Потоа на тоа се надоврзуваат коалиционите партнери од ДПМНЕ. И се черечи библиотеката, само затоа што сум неистомисленик на таа владеачка гарнитура. Паралелно со тоа, притисок и закани ми врши дел од надзорниот одбор, со барање за средба. Основната потреба била да се определи паушал. Но, тој не им следува. За тоа нема одлука на Советот на град Скопје. Па затоа одбив да определам паушал. Ухлебието на којзнае кој неможе да се врши преку библиотеката. Само како илустрација, на начинот според кој ми е „сугерирано“ да работам библиотеката на ниво на година би требало да исплати 480.000 денари на надзорниот и управниот. Тоа би било помеѓу 1000 и 2000 книги помалку секоја година во фондот. Или помеѓу 5 и 8 илјади книги за време на секој мандат. Е тоа не го дозволувам. Поседувам документи за сугестиите кои ми се упатени и ако не престанат притисоците ке ги објавам јавно. Целата коренсподенција со сите органи.
Барам да престанат да ме притискаат партиски и со сомнителни предлози кои немаат врска со библиотеката и културата. Инаку ќе продолжам да пишувам уште поотворено. Ако мислат насила да ме менуваат и покрај тоа што имам мандат определен со закон, нека биде така. Но, додека сум директор во библиотеката, нема да се менува начинот на работа.

Филип Петровски

Оставете ја библиотеката настрана – мислење 126

02.11.10

Интернет војна

Posted in блогосфера, вести, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , at 11:04 am од filippetrovski

Утрински весник,
9.1.2010
Мислење 125

Не се навраќам често на моите мислења. Од проста причина што постојано има настани, кои бараат сега и тука да се коментираат, да се подготват за историјата. Но, еве во оваа 125-та наша заедничка белешка, ќе ве потсетам на текст од август 2007 година. Беше насловен „крајот на телевизијата“. Посакав да се навратам, за да проверам колку се точни или пак антиципативни моите размисли. Не е лошо секој од нас повремено да се навраќа. Во посоченото мислење сум напишал „Одвреме-навреме се појавуваат револуционерни начини на масовно општење. Тие што бргу ќе ја согледаат нивната предност можат да го забрзаат своето движење во однос на претходната епоха и да останат компетитивни и компатибилни во наредната. Во спротивно, осудени се на останување, подобро кажано, заостанување во трката што не завршува никогаш“.
За да продолжам во тој текст со опишување на Јутуб „Пред околу две години, во февруари 2005, се појави сајтот YouTube. Неговата диференцијална специфика од стотиците милиони други сајтови беше овозможувањето на секој корисник да подигне свои видеосодржини на Интернет-мрежата. Со едноставно регистрирање, секој заинтересиран добива можност да си отвори свој канал, што ќе го уредува според сопствен терк и вкус. Авторот е во целосна контрола на сето она што го нуди како содржина. Може да додава, коментира, оформува, дотерува се што поставил на каналот. Нешто како приватна телевизија, ама без пари. Компаративната предност е тоа што ваквиот канал зрачи дваесет и четири часа, без престанок и без ангажман на други лица, значи без трошоци“.
Потоа следува мое одушевување од статистиките на видео каналот што сум го отворил. Сум имал тогаш 42 илјади посети. „Тоа е бројка што далеку ги надминува тиражите на многу ТВ, радио и печатени медиуми. Ми се чини дека наскоро влијанието на ваквите начини на информирање ќе доживее експлозија и бројот на посети ќе се зголемува со геометриска прогресија“. И сум бил во право за тиражите. Денеска мојот канал на Јутуб има 1.2 милиони посети. Преку 800 видеа. Поставени како што мислам јас. Практикувањето на слободата е секако една од предностите. Во меѓувреме, во овие две и пол години, според принципите на слободниот пазар, на понудата и побарувачката, интернетот доживува експанзија во Македонија (не е вистина дека премиерот го донел интернетот во Македонија, како што милува тој да се пофали). Што навистина почнува телевизијата и другите средства за масовно информирање или дезинформирање да ги става во втор план. Статистиките покажуваат дека се повеќе младите не гледаат телевизија воопшто, односно сите информации ги наоѓаат на интернет.
Можеби токму затоа некои групации заклучија дека е време да се пренесе пропагандната војна на ново ниво. Се појави извесен Красимир Божинов, кој да ми ти бил од Бугарија, и имал ексклузивни видео материјали, кои можат да ги имаат во тоа време само тесен круг на луѓе, а кои веднаш Сител ги пронајде, во првите десет минути од објавувањето на Јутуб. Беше нападнат Љубе Бошкоски. Од небо се гледаше дека целата работа е монтирана. Нејсе. На лагата и се куси нозете. Или како што вели премиерот, вистината ќе врти, сучи, буши како шило и ќе дојде на површина. Веројатно затоа Красимир објави и дополнителни материјали кои ја осветлија работата на поинаков начин, дозволувајки им на гледачите да видат дека целите материјали и тоа како биле монтирани, на еден монструозен начин, за политички потреби во Македонија. Овие видеа, овој случај означи нова ера во македонската политичка историја. И допрва ке треба да се прават сериозни анализи за понатамошниот развој на политичката борба на ова поле. Но, како и да е, дефинитивно влеговме во нова фаза, кога политичарите ке мораат да знаат да се снаоѓаат на интернет.
Сега засега се гледа дека тоа наместо нив го прават извршители кои се добро платени. Но, не и добро упатени. Затоа што кога идат по патот на линчот, забораваат дека постираните видеа на Јутуб ги следи самиот сајт. И истиот на барање поднесено, кое е официјално, може во секое време да одговори од каде е подигнато секое видео. Секој компјутер има своја лична карта и адреса на интернет. Што значи дека може да се пронајде кој стои зад линчот. И не е лошо ова да го применат хашките истражители, кои го истражуваат случајот. Се надевам само дека нема да откријат дека видеата се подигнати од просториите на некое министерство, или недај боже од владата.
Но, има и една многу голема иронија. Народот вика најмногу боли кога те тепаат со твој стап. Се сеќавате на случајот на директорот на државниот пазарен испекторат. Како слатко си зборува на телефон за тоа колкави казни ќе им лепне на конкурентите на една скопска дискотека. Веројатно за да може да влезе слободно во оваа на која што и помага со уништување на конкуренцијата. Ова е антологиски запис за тоа како функционира оваа влада. Мислам дека наскоро сите ќе сватат дека само на овој начин функционираат сите лостови на моќта во политичката елита на власт. Индикациите се тука, на сите страни се појавуваат трагите на ова дегутантно владеење, односно тормозење. За тоа во друга прилика повеќе. Сега ме интересира интернетот, јутуб, односно политичката борба на овој начин.
Истиот разговор некој фраер го снима. И пред извесно време тој се појавува на Јутуб. Во ист момент започнува лавина на сите сајтови кои се за социјализација, најмногу на Фејсбук. Мислам дека комбинирано, на ваквите сајтови се информираат повеќе од 25 – 30 проценти на жителите во Македонија. Ако не е така сега, тогаш многу скоро ќе биде. Затоа дејството е разорно и неможе никој да се сокрие. Се случи пресврт. Владата која е самозаљубена во своите рејтинзи започна да сваќа каква штета трпи поради својот директор и Груевски мораше да се одлучи истиот да го смени. Иако не смее тоа да го направи тоа како што сака, односно формата е дека не е докажана вината, но поради јавното мислење се менува истиот. Просто да не ти се верува. Значи човекот не е виновен, но рејтингот не смее да страда. А бре, утврдете дали е точно тоа што се појави на јутуб. Имате начин, само што ви го кажав. Пишете официјално писмо на фирмата и како држава ќе добиете одговор. Па проверете за што станува збор, вештачете го гласот, па потоа известете не. До детал. Заинтересирани сме да ја дознаеме вистината.
А тоа што оваа фигура е жртвувана за рејтингот, не ме чуди. Сите ги чека иста судбина. Има примери во историјата многу. Читајте на нет. Јас пак, предвидувам дека интернет борбата ќе се разгорува и дека идната кампања ќе се води токму таму. Нареден пат ќе победат најдобрите. Оти извршителите сегашни се гледа од небо дека не се вешти на ова поле.

Интернет војна – мислење 125

02.07.10

ПОРАНЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ, СЕГАШНИ ВЛАДЕТЕЛИ НА ДПМНЕ

Posted in блогосфера, историја, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , at 9:19 pm од filippetrovski

ПОРАНЕШНИ ЧЛЕНОВИ НА СДСМ, СЕГАШНИ ВЛАДЕТЕЛИ НА ДПМНЕ
доста беше, мора да почнеме да ги вадиме документите, за да биде се појасно.

гледајте внимателно во сликата.

Анѓелов: Одбрана да ги повлече тужбите против бранителите

Posted in блогосфера, историја, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , , at 8:05 pm од filippetrovski

Анѓелов: Одбрана да ги повлече тужбите против бранителите

Здружението на бранителите ’’Достоинство’’ побара министерството за одбрана да ги повлече тужбите против бранителите за враќање на исплатената отштета со камата, како што тоа го направи и МВР.

Во ноември, Владата донесе одлука да се повлечат 40-сетина тужби од МВР против воени инвалиди или семејства на загинати бранители, на кои во меѓувреме поради бавноста на судовите, им се одбиени уште две рати од враќањето на отштетата.

„Оваа среда имав средба со државниот првобранител на која што државниот првобранител ме извести дека тужбите од министерството за одбрана нема да бидат повлечени. Значи тоа ме убеди дека не се работи за никаква грешка или заблуда“, рече Стојанче Анѓелов, „Достоинство“.

Од ’’Достоинство’’ велат дека има десетици тужби против припадници на АРМ од страна на министерството за одбрана, како примерот на професионален војник од Кочани кој претрпел страв за време на акцијата во село Ваксинце.

Прво во 2005-та, основниот суд Скопје 1 му доделил оштета од 6000 евра, а по тужбата од министерството за одбрана, врховниот суд ја поништува одлуката на пониските судови и му наложува да ја врати отштетата.

„Министерството за одбрана до државното првобранителство поднесува иницијатива за поведување постапка за заштита на имотните праљва и интереси. Значи министерството за одбрана ја покренува оваа иницијативаи првобранителството постапувапо неа и во овој случај сега овие пари треба да ги врати со законска затезна камата“, додаде Анѓелов, „Достоинство“.

Од одбрана демантираат дека ова министерство покренало тужба против семејство на загинат бранител или воен инвалид.

„Со членовите на семејствата на загинатите и припадниците на арм кои имаат тешки телесни повреди од конфликтот во 2001-та, министерството за одбрана вонсудски се има спогодено и нема поднесено ниту една тужба кон кој било припадник на АРМ’’, изјави портпаролот на министерството за одбрана Сашко Димов.

Здружението ’’Достоинство’’ даде вербална поддршка на независниот синдикат на професионалните војници кои најавија протест поради понудениот статус на резервисти по истекувањето на нивниот договор за служба во армијата.
07.02.2010
Ирина Гелевска

02.04.10

Рикер: Власта да не се меша во судските случаи

Posted in блогосфера, вести, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , at 2:13 pm од filippetrovski

03.02.2010
Министерот Маневски повторно без коментар за притисоците на власта врз судството. Наместо него, американскиот амбасадор Филип Рикер излезе со забелешки за недовербата на граѓаните во третата власт.
Инволвирањето на власта во поединечни судски случаи, вели Рикер, предизвикува страв кај граѓаните и го кочи економскиот развој на државата.
„Според нашите испитувања се гледа дека македонските граѓани немаат доверба во судскиот систем. Странските инвеститори и бизнисмените исто така изразуваат одредена несигурност. Ова го спречува економскиот напредок и развој на оваа земја. Тоа значи дека треба да продолжиме да работиме на овој проблем“, вели Филип Рикер
Министерот Маневски не даде одговор на забелешките на Рикер. Наместо да образложи од кои причини граѓаните немаат доверба во третата власт, тој го пофали напредокот на судските реформи.
„Многу голем напредок. Јас сум горд на тоа што го постигнавме, е воведувањето на автоматизираното управување со судските предмети“, рече Михајло Маневски, министер за правда.

Министерот за правда требаше да одговори на многу прашања.
Зошто во новоизбраните нотари има сопруги на судии од Врховниот суд, од штипска апелација, сестри на судии, роднини на вработени во правда. Министерот не даде ниту толкување на последната анкета на ОБСЕ во која граѓаните и судиите се пожалија на притисокот од Владата.
Наместо тоа, на промоцијата на новиот софтвер во Академијата за судии и јавни обвинители – немаше место за новинарите. Со обезбедување беа избркани од настанот затоа што предвреме почнале со коктелот.

Рикер власта да не се меша во судските случаи

02.03.10

Десните за соработка, но не за коалиција

Posted in блогосфера, вести, колумни, лично, општество, политика tagged , , , , , , , , , , at 11:21 am од filippetrovski

Изјава во Шпиц за опозициски блок

« Previous entries Следна страница » Следна страница »