06.22.10

Георгиевски притискаше да се избере Груевски – Филип Петровски

Posted in блогосфера, вести, колумни, лично, општество, политика tagged , , , , , , , , , , at 8:47 pm од filippetrovski

5 прашања 5 одговори

разговор со утрински објавен на 3 јуни 2010

Доколку Георгиевски не се вмешаше, Груевски во никој случај немаше да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Тврдењето на Љупчо Георгиевски дека неговиот наследник Никола Груевски дошол на лидерското место на нелегитимен начин, вчера во „Утрински“ го демантираше Ганка Цветанова, која претседаваше со Конгресот. Тогаш бевте делегат, имавте ли притисоци?

Да, имав такво искуство. Од позиција на делегат на Конгресот во 2003 одговорно тврдам дека вечерта спроти гласањето имав притисок да гласам за Никола Груевски, и тоа од телохранителите на Љупчо Георгиевски. Ги отфрлив нивните барања и гласав за Марјан Ѓорчев. Исто така, тврдам дека доколку тогаш не се вмешаше Георгиевски, не политички, туку со притисоците, Груевски во никој случај немаше да победи.

Дали со Вашето исклучување од Обединети за Македонија се расцепкува гласачкото тело на десницата, кое на претседателските избори му донесе на Љубе Бошкоски 150.000 гласови.

Не, не мислам така. Со своето непромислено, нетактично и за претседател на една партија, плиткоумно однесување, Бошкоски само навидум му направи услуга на премиерот. Незадоволството не е канализирано и не е надминато по ова што се случи со Бошкоски, бидејќи тоа е огромно и е акумулирано во изминатите четири години. Притоа, во ниту една сфера не се гледа подобрување на животниот стандард. Никој не може да му направи услуга на Никола Груевски затоа што незадоволството е огромно и расте секој ден. Сега главно прашање е кој ќе организира партија што автентично ќе му се спротивстави на ова владеење.

Што подразбирате под автентично спротивставување?

Пред се’, да се направи демократска структура што ќе личи на десничарските партии од западните држави каде што ќе може отворено да се размислува и да се прибере интелектуалниот потенцијал на оваа држава. Значи, не со структура што ќе го лаже членството, а ќе биде во тајни договори со Бранко Црвенковски. Тоа не е коректно однесување, туку е само дезавуирање на јавноста што ќе може да му го продолжи мандатот на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму, добро е што овие потреси се случуваат сега за граѓаните навреме да создадат јасна слика кој е кој.

Подготвувате ли формирање нова десничарска партија?

Во овој момент правам широки консултации и добивам силни сигнали дека е неопходно да се направи субјект кој на демократска основа ќе ги артикулира десничарските интереси. Сега десницата не е сериозно организирана што му е од интерес на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој го зафатил просторот на десницата, но само како маска или како рамка за задоволување на интересите на една тесна група. Од друга страна, Груевски има влијание врз десничарските групации, директно или индиректно и тоа би требало да се предизвика на соодветен начин. Време е да се заврши со националромантичарските митови и легенди, време е да се зборува за демократска десница. Во моментот не ја гледам, има групи што пледираат на таа страна, но ако останат такви ќе бидат изолирани и во блиска иднина нема да имаат влијание на политичките процеси.

Имавте ли деновиве контакт со Љубе Бошкоски, зашто во меѓувреме искажавте многу сериозни обвинувања на негова сметка?

Немам потреба да се гледам или да се слушам со него, зашто Бошкоски јавно, со соопштение ме исклучи од Обединети за Македонија. Тоа е пашалак и не сакам да му придавам значење. Стојам зад сите обвинувања упатени до него стојам. Точно знам што говорам и само жалам што реалноста е таква во тоа здружение за поддршка на интересите на Љубе Бошкоски. Тоа едноставно не е партија.

06.07.10

partija e seriozna rabota a ne privatna zabava

Posted in блогосфера, вести, лично, општество, политика tagged , , , , , , , , at 3:14 pm од filippetrovski

kolekcija na tekstovi vo vrska so diktatorskoto odnesuvanje na ljube boskoski.

koj zaboravi deka partija e seriozna rabota, a ne  privatna zabava.

http://www.scribd.com/document_collections/2493779

04.07.10

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ”-СКОПЈЕ

Posted in вести, лично, општество tagged , , , , , , , at 9:14 am од filippetrovski

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ”-СКОПЈЕ

 

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО 2009 ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА

03.23.10

Кој ке го гони овој криминал?

Posted in вести, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , at 10:26 am од filippetrovski

кадрите на груевски ја растураат државната каса.

кадрите на груевски ја растураат државната каса.

Кој ке го гони овој криминал?
има ли таков? или другарчињата на Груевски не подлежат на закони?

03.08.10

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

Posted in блогосфера, вести, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , at 12:57 pm од filippetrovski

Утрински весник,

30 јануари 2010

Мислење 128

Купувајте коли, банкрот сме

____________

 Незнам за вас, но јас се сомневам дека владата е искрена и филантропски расположена, кога се работи за дозволувањето да се увезуваат стари и скапани автомобили. Верувам веќе знаете дека ќе се дозволува увоз стари возила, постари од 10 години и со еколошки стандарди од овој што сега е на сила во нашата држава. Велам дека верувам оти веќе знаете за одлуката затоа што пулените на власта се пуштија на терен да ја објаснуваат како нешто најдобро што можело да ни се случи. Па така го видовме „возачот“ Влатко Ѓорчев во „јади бурек“ како обилно објаснува дека народот требало да се вози во автомобили, наместо да чека по пола сат автобус. Мммм. Навистина интересно објаснување, кое се обидува кај нас да остави впечаток дека власта толку многу го љуби овој народ па е подготвена за него да ги спушти еколошките стандарди. Има да се гушиме, но народот ќе се вози во голфови, кои според премиерот не биле крш. Убеден сум дека ако продолжи притисокот кон него, по оваа најнова пропагандна финта, тој ќе се качи на некој ден и во голф кец. Рејтинг си е рејтинг. Се покажа дека без тоа не се може…

Но, дозволете да се вратам на генијалните пројави на Влатко. Оти тој е пратеникот кој што мора да брани се и сешто. Има барем неколку приговори кои легитимно може да се дадат, само ако малку размислувате на тема. Прво, околу транспортот. Да се потсетиме дека неговата партија е на власт 4 години, и дека во меѓувреме им пропаѓаат обидите да купат автобуси по неверојтни цени. Имено, цените кои беа во оптек, и за среќа јавноста се побуни, беа како државата да купува ескадрила од авиони. Ама малку фалеше и тоа да помине. Значи автобусите се такви какви што се, државата требаше да го решава тој проблем и според минатото време на власт, слободно можеме да заклучиме дека љубовта и филантропството не се дел од арсеналот на таа гарнитура.

Натаму, дали владеачката екипица се запрашала зошто народот се вози во автобуси, а не со коли? Според мизерноста на аргументите кои се понудени како објаснување на мерката зошто се дозволува увоз на стари возила, очигледно е дека се повеќе се губат и немаат допир со реалноста. Автобуска карта чини помеѓу 25 и 30 денари, зависно со каков автобус се возите. Тоа значи дека ако два пати дневно се одвезете во центарот на градот, по работа или за забава, ќе потрошите околу 100 денари. Додека пак ако живеете во Скопје, на да речеме 7 километри од центарот на градот, со две возења дневно ќе поминете најмалку 30 километи во вашето возило. Она истото што сега ќе сте го купеле затоа што владата овозможила да го направите тоа. Ако вашето ново, а старо возило троши 10 литри на сто километри излегува следната математика. Километар „возење“ ве чини 6 денари. Тоа значи дека ако денеска поминете само 30 километри ќе потрошите 180 денари за бензин. Ако посакате притоа да се паркирате во центарот на градот, ќе платите уште најмалку 100 денари. Тоа веќе сега е скоро три пати повеќе од онаа цената која ја имате за возење во автобус. Но, тоа не е се. Имате обврска да го регистрирате вашето возило. Тоа „задоволство“ ќе ве чини годишно околу 150 евра. Зборувам за сите давачки. Може да биде и повеќе, ама еве ќе земеме некоја средна вредност. Тоа се плус 30 денари дневно врз претходно израчунатите. Вкупно, најмалку 300 денари. Да речеме дека два пати годишно ќе отидете во Охрид со вашата нова – стара кола. Тоа се околу 1000 километри екстра, односно над веќе предвидените средства за трошење. Односно додадете плус 100 евра за таа пригода. Сумирано, вашето ново возило, на ниво на година, ако го возите строго дисциплинирано, ако не се движите подалеку од центар, ако не идете по гости во други делови од градот, ако не идете никогаш во источна Македонија ќе ве чини само 110.000 денари. Или народски кажано, околу 2.000 евра. Значи сте купиле автомобил за 2 илјади евра. Радосни сте. Но за да го возите, подгответе си уште толку на ниво на година.

Не верувам дека народот наш, кој има чувство за калкулација овие работи не ги знае. Посебно оној кој се определил да се вози со автобус. И сигурен сум дека не се возат во автобус од мерак, туку од немајкаде. Ако имаат просечна плата од 300 евра, на ниво на година, ќе треба само за бензин да потрошат околу 60 проценти од платата. А да потсетам, има многумина кои работат и за помалку пари од тоа.

Од друга страна, ако вие потрошите 2 илјади евра годишно на вашата нова кола, владата од тоа ќе добие најмалку илјада евра. Оти давачките кои таа од бензинот ги зема се околу 50 проценти по литар. Да претпоставиме дека 100 илади коли ќе се купат по оваа основа. Тоа се нови 100 милиони евра од кои владата ќе има нов прилив од најмалку половина од тие пари. Има само еден проблем во ваквите пресметки. Народот нема пари.

Па можеби затоа на Влатко му се испушти, несакајки, дека возењето на коли било добро за економијата. Се сложувам. Посебно за една банкрот економија, која нема пари да скрпи за повеќе слоеви на граѓани, на кои е должна навремено да им исплаќа. Па ако сега, всушност со една агресивна пропаганда, се убедат граѓаните дека треба да возат, наместо да користат автобуси, можеби ќе се продолжи агонијата за некое време. Велам агонија, оти нивното владеење и за нив е тоа. Посебно за економскиот тим, кој знае дека работата е „врвка“, а притоа мораат да глумат ладнокрвност и да лажат дека се е во ред. Ден за ден. Прибери даноци од фирми, ако треба и насила и дај плати на администрацијата која што ништо не работи. А некои и дома си седат. За мир во куќата.

Да ја потсетам владеачката гарнитура за уште нешто. Сега кога и Косово има повисоки еколошки стандарди во однос на нас, по прашањата на бензинот, како мислат да не убедат дека ги интересира животната средина? Секако дека апологетите можат да одговорат дека се работи за интерес на граѓаните и тоа е пред се. Погоре ми се чини дека покажав во што се состои интересот. Пред една година уништија цела гранка од индустријата – пластичната. Со изговор дека станува збор за кампања за заштита на животната средина. А истовремено на ОКТА не смеат да и писнат за горивото кое ни го продава. Нели ви е чудно тоа? Што ли би можело да е причината. Дај боже наскоро да се открие.

Дечкиве од коморите кои купувале нови одела од радост што ќе го виделе премиерот на доручек, се интересна појава за анализа. Или да ве оставам сами да си анализирате и да се чудите?

 

Филип Петровски

Доктор по политички науки

http://filippetrovski.blog.mk/

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

03.04.10

КАКО СЕ УНИШТУВА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО!

Posted in блогосфера, вести, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , at 9:52 am од filippetrovski

ЕВЕ КАКО СЕ УНИШТУВА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО. КОРУПЦИЈА?
проценете сами

како груевски ја развива економијата

како груевски ја развива економијата

03.03.10

Реновирања во библиотеката

Posted in блогосфера, вести, колумни, лично, општество tagged , , , , , , , at 12:07 pm од filippetrovski

Кога дојдов на работа во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со мене донесов визија како треба да изгледа таа кога ке си одам. Материјалот подоле е само мал дел од реновирањата кои во меѓувреме ги направив. Мислам дека треба да биде достапен на пошироката јавност на увид.

Филип Петровски

 реновирања во библиотеката

02.25.10

експертска македонија

Posted in блогосфера, вести, лично, општество, политика tagged , , , , , , at 11:39 am од filippetrovski

pecko, 25 fevruari 2010

груевски (владеење на дупките)

експертска македонија
pecko, 25 fevruari 2010

02.18.10

Одбрана на докторска дисертација

Posted in блогосфера, вести, лично, општество tagged , , , , , , at 9:44 am од filippetrovski

на 10 февруари одбранив докторска дисертација.
согласно моите убедувања, ке објавам во облик на пост фотографии од настанот + рецензијата.
јавност си е јавност. немаме од што да се криеме како некои магистри и доктори кои се некако тајно добиваат титули…

РЕЦЕНЗИЈА
НА ДОКТОРСКАТА ДИСЕРТАЦИЈА „КОЛЕКТИВНАТА БЕЗБЕДНОСТ ПРЕД ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА XXI ВЕК“, ИЗРАБОТЕНА ОД М-Р ФИЛИП ПЕТРОВСКИ, ПРИЈАВЕН НА ИНСТИТУТОТ ЗА СОЦИОЛОШКИ И ПОЛИТИЧКО – ПРАВНИ ИСТРАЖУВАЊА ВО СКОПЈЕ

На својата седница од 28.9.2009 година, Советот на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања во Скопје, донесе Решение за формирање на Комисија за оцена и одбрана на докторската дисертација на тема: „Колективната безбедност пред предизвиците на XXI век“, од кандидатот м-р Филип Петровски, во состав: проф. д-р Звонимир Јанкулоски, проф. д-р Емилија Симоска, проф. д-р Снежана Никодиновска, проф. д-р Лидија Христова и проф. д-р Петар Атанасов. По прегледувањето на трудот Комисијата му го поднесува на Советот следниов

И З В Е Ш Т А Ј

1. Структура на трудот
Кандидатот Филип Петровски предаде на оцена докторски труд пишуван на персонален сметач, во обем од 229 страници и 15 страници библиографија со вкупно 222 библиографски единици, претежно странска литература. Трудот е пишуван според стандардите за изработка на докторски трудови. Структуриран е во шест меѓусебно поврзани делови, кои со воведот и заклучните согледувања во последната глава од трудот претставуваат заокружена целина. Структурата на докторскиот труд се состои од следниве делови:

Вовед
1.Појмовно – категоријален апарат
2. Историски преглед
3. Поставеност на системот за колективна безбедност
4. Случаи на нарушување на мирот и безбедноста
5. Колективната безбедност пред предизвикот на XXI век
6. Заклучок

2. Приказ на трудот
Докторскиот труд е резултат на потребата на авторот да се истражи системот за колективна безбедност, за кој со години отсуствуваат сеопфатни аналитички проекции. Во 1945 г., Повелбата е потпишана од 50 држави и Обединетите нации се создадени. Со тоа, во колективната безбедност, во примена влегува новата фаза. Вториот обид за примена на колективната безбедност е направен со подобрен механизам и со вградување на елементи кои недостасувале во системот на Лигата на народите. Практично, со создавањето на Советот за безбедност и неговите овластувања е создаден, за прв пат во историјата на човештвото, таков орган. Токму затоа, надежите се големи во врска со тоа Советот за безбедност да ја спроведува концепцијата за колективната безбедност и да ги решава таквите проблеми во светот, односно да успее да ги спречи војните и страдањата кои со нив се предизвикуваат. Постојат примери кои укажуваат на тоа дека во одредени случаи и се успевало да се применат мерките, а колективната безбедност како метода, да стане оправдана.
Меѓутоа, постојат голем број примери кога колективната безбедност не е воопшто применувана поради многу причини. Како најчеста причина е наведена можноста за вето на државите – постојани членки на СБ, кои го употребувале, поради своите државни интереси, со цел да се спречи реагирање во одреден дел од светот каде што се нарушени мирот и безбедноста. Со тоа државните интереси се ставани над интересите на меѓународната заедница и конфликтите, со што е оневозможена нивната превенција онака како што е предвидена во Повелбата на ООН. Тоа, пак, кај други држави создавало големо незадоволство и анимозитет кој е директно насочен кон светската организација и нејзиното дејствување. Акумулираното незадоволство, низ децениите, полека создало почва за реформа или, пак, за размислување за некоја нова организација од ваков тип. Паралелно со овој процес тече процесот на преоценување на тоа дали колективната безбедност е функционален модел или, пак, таа стои на премногу теотетска и идеалистичка основа.
Во првата глава од трудот авторот не воведува во појмовно – категоријалниот апарат. Петнаесетина термини, дефиниции и поими се објаснети за да може без нејаснотии да се следи понатамошниот текст на трудот. Ова е посебно значајно за да не се случи да има повеќезначност, кога станува збор за поимите во трудот.
Втората глава на трудот се задржува на објаснувањето на меѓународниот поредок низ неговата историска перспектива. При тоа авторот посветил внимание на елементите кои го сочинувале меѓународниот поредок неколку векови наназад. Конкретно, авторот посебно внимание обрнува на рамнотежата на сили и Концертот на Европа, кој всушност ја официјализира рамнотежата како меѓународен поредок. Потоа, не воведува во системот за колективна безбедност за првпат употребен преку Лигата на народите, за оваа глава да се заокружи со подготовките за создавање на ООН.
Третата глава ја анализира поставеноста на системот за колективна безбедност во Повелбата на ООН. При тоа, акцентот е ставен на Советот за безбедност и главите VI и VII од Повелбата, односно мирното решавање на споровите и акциите во случај на закани по мирот,загрозување на мирот и акти на агресија. Претставени се и овластувањата, односно улогата на Генералното собрание и на генералниот секретар на ООН во системот за колективна безбедност, со што е заокружена целата структура на СКБ.
Наредната, четврта глава на трудот ги прикажува случаите на нарушување на мирот и безбедноста, односно примената на системот за колективна безбедност во конкретна ситуација. Од арапско – израелски конфликт во 1948, кипарското прашање, геноцидот во Сомалија, па се до Ирак и војните во Заливот, опфатени се десетина примери како се постапувало кога требало да се применат можностите кои што му се на располагање на Советот за безбедност. Примерите покажуваат одредена нефункционалност и неприменливост на системот и отвораат дилеми како тој да се применува и евентуално да се реформира.
Тоа е централното прашање во петтата глава на трудот. Во неа се прикажуваат моделите кои се на маса за реформа на Советот за безбедност. Изложени се предлозите на Генералниот секретар Кофи Анан. Анализирани се и предлозите за ревизија на правото на вето, при што се опфатени различните позиции на големи групи на држави. Преку овие предлози, всушност е прикажана глобалната геополитичка позиционираност на државите и се исцрани контурите на можната реформа.
Во последната глава, односно заклучокот, авторот резимира дека Системот за колективна безбедност, колку и да е оспоруван и доведуван во прашање, сепак го носи меѓународниот поредок повеќе од 6 децении. Татковците на ООН сватиле дека тој покажал одредени недостатоци при примената која што ја имал во Лигата на народите. Затоа работеле на сосема поинаков приод кога е пишувана Повелбата на ООН. На Советот за безбедност, телото кое е надлежно да го спроверува СКБ му дале огромни овластувања, и со тоа можност да делува насекаде по светот, каде што ќе заклучи дека е нарушен мирот и безбедноста. За да заврши со мислење дека Колективната безбедност во XXI век се соочува со потреба од редефинирање и реадресирање. Се разбира доколку човештвото навистина сака да го задржи и користи и понатака овој принцип на чување на мирот и безбедноста. Се додека не се открие или предложи нов систем, кој претпоставено, би бил подобар и поефикасен, мора да се работи со постојниот. Елементите за евентуалната реформа се познати. Прашање е само како да се убедат државите да ги следат.

3. Заклучок и предлог
По разгледувањето на приложениот материјал, Комисијата констатира дека станува збор за мошне солидно изработен труд. Се работи за релативно нов пристап во анализирање на институциите и процесите на Колективната безбедност. При тоа, во трудот е понудена аналитичка рамка за формулирање на одговорите на некои од најактуелните прашања и дилеми, односно, за контурите на иднината на Колективната безбедност, но и на ООН како Меѓународна Организација.
Поради тоа, Комисијата смета дека трудот на кандидатот Филип Петровски, насловен како: “Колективната безбедност пред предизвиците на XXI век“, ги исполнува критериумите за докторски труд и му предлага на Советот на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања – Скопје да го усвои овој извештај и да ја закаже неговата јавна одбрана.

Во Скопје, 23.11.2009 РЕЦЕНЗИОНА КОМИСИЈА

1.Проф. Д-р Звонимир Јанкулоски

2.Проф. Д-р Емилија Симовска

3.Проф. Д-р Лидија Христова

4. Проф. Д-р Снежана Никодиновска

5. Проф. Д-р Петар Атанасов

02.17.10

КАКО БЕСЕДЕШЕ ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА

Posted in блогосфера, вести, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , at 3:32 pm од filippetrovski

КАКО БЕСЕДЕШЕ ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА
ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ
ПРЕД ДА НАПРАВАТ ПАКТ
ДПМНЕ И НАРОДНА

Се уште не можам да го сопрам својот гровнат смев за имотната состојба на Груевски “Вистинита реченица е онаа која тврди дека состојбата на нештата е таква и таква, и состојбата на нештата е навистина таква и таква”. – Тарски
Кон значењето на вистината и нејзината ретка просветленост ќе се обидам почитувани читатели да одгатнам некои свои пригушени вистини. Се присетувам на едно пролетно утро во седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ги гледав моите сопартијци со вкочанет израз на лицето. Без малку знаев дека е падната уште некоја од дублерските директиви на Никола Груевски. Моите драги сопартијци беа симнати еден кат подолу под Горското Началство на Груевски, со исклучени телефони, со искинат интернет, истото го стори и за лидерот на Партијата, ги присвои сите автомобили што и припаѓаа на ВМРО-ДПМНЕ и одби да ја осигура колата на Љубчо Георгиевски. Немаше одмор и престан за новиот претседател Груевски. Безбели беше решен се што мирисаше, подмирисуваше и што потсетуваше на старата гарда на ВМРО-ДПМНЕ да го исчисти, да го проветри, да го сотре. Така и направи. Тоа е едно од најпрецизно, точните, математички особини што ги поседува Никола Груевски. Но тука не застана. Убавецот мора постојано да се докажува дека е убавец, мора постојано да внимава на својата козметика, на својот дневен и ноќен крем, на својот антирид.
Веројатно во неговото лично чистилиште не беше се завршено докрај. Наградениот јунак бараше се уште жртви. Требаше да се пресечат уште глави во партијата. Малкумина од луѓето во партијата знаат дека особено му беше значајно Љубе Бошкоски да се исклучи од партијата.
Партијата ВМРО-ДПМНЕ се претвори во штаб на сосема две различни партии. Беше време да се напушти. Никогаш не можам да ја заборавам сцената кога Георгиевски без збор, без медиумска помпезност напушти нешто што градеше цели 15 години. И, можеби, ќе немав потреба сево ова да го ставам на хартија доколку членовите на ВМРО-ДПМНЕ се дрзнаа да ја прикажат својата имотна состојба. Се уште не можам да го сопрам својот гровнат смев за имотната состојба на Груевски. Еве сега го прашувам, зошто им го свртува умот на другите честити луѓе, зошто повторно крајно луциферовски безочно, беспоштедно мизантропски ја отфрла вистината да и даде чест на дублерската лична карактеристика. Има ли причина да му понуди на својот електорат дека сите што се со него се благородни, духоплодни, преподобни, духоугодни, благоглаголиви, милостиви, милозвучни, непорочни. Јас во овој миг добивам неотповиклива желба да го сожалам г-динот Груевски и да си помислам која вера и честитост беше што издржа да седи во станот на неговите родители, и тоа внимавајте во стан купен на кредит?! Замислете! Како 108-иот Давидов псалм “да му пријдеме на тоа безгрешно суштество каде сето негово срце е подготвено да пее и свири со сета своја душа”. Ве повикувам да појдеме во Груевската долина на љубов и добрина каде чучулиги и славеи извикуваат: Дојдете во ВМРО-ДПМНЕ, оти тие не се властољубци, среброљубци, доушници, клеветници! Тие се јагниња кои пасат од ливадата им зелена.
А јас велам “Груевски, има ли нешто што се уште не си се досетил, а што би било реплика плус за да ја дооформи твојата богата биографија, твојата реката понудена убавина на која никој не смее да фрли прашинка? Ајде Ахиле, те повикувам, те повикувам на меч и војна, со збор и глагол, без повтеж за лага, ајде те повикувам да се ослободиш од товарот ти голем што го носиш оти безмалку не ќе можеш долго. Ајде те повикувам да се ослободиш, да се осамариш, да се олесниш, да крикнеш, да викнеш, да бремето тешко ти падне што го носиш. Зар е тешко да крикнеш, ДА Георгиевски на мнозина помогна и од него уште барате на распетие да го ставите! Јас како жена си дозволувам првпат во својот живот, како жена која полни бардачиња пред чешма со ниска страст во себеси да те прашам: Призрак ли беше мој, привидение ли беше мое или сон недосонет кога јас со поголема дружина седев во твоите два стана и згора на тоа си мислев оти млад и перспективен човек треба да поседува широчина за да има кај да ги расфрли своите мисли. Чесно е и уште почесно е кога си влегол во политика да не се претставуваш како монах. А што е со Бихаќка? Успеа да ги ставиш на туѓо име? Кому забиваш нож в грб?
Така ли е Никола? А јас, ете, нека биде овој пат, грев мој зборот на душата што ми лежеше, искрениот збор, гревот мој.
Валентина Божиновска
КАКО БЕСЕДЕШЕ ВАЛЕНТИНА БОЖИНОВСКА

« Previous entries Следна страница » Следна страница »