03.24.09

песна на денот.

Posted in Некатегоризирано at 5:17 pm од filippetrovski

така ми дојде.

JOURNEY "Wheel In The Sky"


Winter is here again oh lord,Haven’t been home in a year or moreI hope she holds on a little longer

Sent a letter on a long summer dayMade of silver, not of clayI’ve been runnin’ down this dusty road

Wheel in the sky keeps on turnin’I don’t know where I’ll be tomorrowWheel in the sky keeps on turnin’

I’ve been trying to make it homeGot to make it before too longI can’t take this very much longerI’m stranded in the sleet and rainDon’t think I’m ever gonna make it home againThe mornin’ sun is risin’It’s kissing the day

 

03.23.09

Колабира ли глобализацијата?

Posted in Некатегоризирано at 11:52 am од filippetrovski

Утрински весник, 14 март 2009

Во сега веќе далечната 1999 година култниот филм „Матрикс“ ја отслика визијата дека човечката раса се наоѓа во состојба на привид, при што се’ што гледаме, слушаме и се’ во што веруваме е привид. Целата матрица во која се наоѓаме е произведена од машините кои некогаш сме ги создале ние. За таквата реалност во која живеат луѓето постои консензус дека е добра, односно дека раководителите, водачите се грижат за се’. Се сеќавате, во таа „подреденост“ на работите се појавува Нео, кој ќе направи пресврт со едноставното „поставување прашања“. Самото тоа е веќе сериозно предизвикување на системот. Поставените прашања нема да имаат лесни одговори и нашиот јунак ќе го поведат на патот во непознатото. На Нео му беа понудени две таблети, едната црвена, другата сина. Тој беше ставен во ситуација да избере игнорирање на се’ и да си го продолжи животот во матрицата, задоволен од насликаната слика или, пак, да избере со другата да ги отвори сите затворени канали на еден сосема поинаков живот.

Оној што ќе се замисли над ова лесно ќе сфати дека и ние сме соочени со оваа дилема во нашите животи. Дали да се упатиме кон непознатото или да избереме да си се конформираме во нашите животи? Посебно затоа што „системот“ уште откако сме родени не’ учел да си бидеме мали и кротки, да не прашуваме многу и, секако, да „слушаме“. Прашање кое во ваков случај се поставува е како да се освои слободата. Сигурен сум дека при самата помисла на системот, кој не е некоја апстрактна состојба, туку тотална конкретност, изразена преку институции (судови, болници, полициски станици, администрација, бирократија), ви се крева косата на главата. Кога знаете дека треба да завршите некоја работа, а сигурни сте дека нема да ја завршите така како што сте наумиле. Дека ќе ве вратат неколку пати, дека ќе треба да пополнувате обрасци, дека ќе треба за едната институција да добиете уверение од другата, а таму најверојатно се сите на пауза, па затоа ќе морате да наминете уште најмалку два-три пати… Ќе испланирате да завршите денеска, да речеме три работи, а денот ќе мине со огромна брзина и на крајот ќе сфатите дека ниту една од работите не сте ја завршиле онака како што сте наумиле, навистина (ама само понекогаш) ќе се прашате што се случува со системот и со вас. Дали, всушност, тој систем, целиот апарат, е тука за да ви се најде при рака, да ви помогне да си ја завршите работата или е обратно. Како што стојат работите, вие постоите за да му дадете енергија (што ви ја црпи без ваша дозвола) за да се одржува бесконечно. Колку пати ви се случило да се чувствувате исцрпено, потрошено кога ќе се обидете да завршите работа која од другата страна инволвира систем? Сигурен сум дека сте се прашале која е функцијата на системот? И како успева секогаш да ви ја земе енергијата?

Се разбира, многумина ќе кажат дека ова се измислици, тврдејќи дека немаат никаква основа. На добар дел од луѓето им е подобро воопшто да не навлегуваат во процесот на поставување прашања. Една помиреност со работите дека се’ како што надоаѓа е непроменливо и, секако, поголемо од поединецот – е значајна карактеристика на таквите луѓе. Изолирани, тие со една резигнираност ги очекуваат несигурните дни кои се пред нив. А матрицата, за да преживее, мора да расте секојдневно. Секоја единка со својата работа, со својата енергија го храни тој процес. Да поедноставам, оваа матрица денеска се вика капитализам. Тоа е доминантното уредување во модерните општества денеска. Продукцијата на добра кои потоа се продаваат, односно сите имаат цена, го прави процесот изострен, жесток и непредвидлив. Се’ станува поврзано со профитот. Борбата за поголем профит, силната конкуренција – го движи системот. Сопственоста, во таа постојана борба, преминува од еден на друг. Постојаната силна конкуренција прави, всушност, во тој процес послабите да отпаѓаат, а сопственоста да се концентрира во се’ помал број луѓе. Расни или исчезни, на некој начин е главното мото во таа борба. Но, ако е така на врвот, на другата страна, на дното, се создава се’ поголема мизерија. Практично објаснето, црпењето на енергијата е продавање на сопственото време и сила на вработените за да можат да се прехранат, односно да преживеат. Ова е процес во кој се формира таа матрица за која зборувавме во почетокот. Таа е „матрицата на капиталот“. Таа се обидува да се одржи и зголеми.

Всушност, глобализацијата е наредната фаза на ширење на пазарите (на матрицата), односно освојување на целиот свет од страна на корпорациите. Откако претходно го исполнија до крајност системот во своите матични држави, потоа во западните модерни општества, мораше да се отворат нови пространства (според дефинициите за ширење на капиталот). Корпорациите ги надминаа границите на сопствените држави и се раширија целосно по планетата. Многу од нив се и помоќни, побогати од најголемиот број држави. Со таквото ширење се доведе во прашање и сувереноста на државите. Сите претходно прифатени сфаќања за уредувањето на државите и за меѓународните работи во тој процес драматично се променија. Растежот, кој мора да се обезбеди заради зголемувањето на добивката, подолго време се одвиваше пред нашите очи. Корпорациите раснеа, поединецот се смалуваше. Дури и државите (се разбира, оние помалите) почнаа да стануваат минорни и небитни делови на системот. Тука некаде во тој процес, во желбата да се зголеми добивката што повеќе, дел од корпорациите и посилните држави агресивно го пласираа капиталот, според нивното мислење, во доволно сигурните нови пазари.

Наеднаш се’ започна да се руши. Како кула од карти. Глобализацијата покажа одредени недостатоци кои никој не ги предвидел. Аномалиите сега станаа доминантни. Парите исчезнуваат со голема брзина и не можат да се повратат таму од каде што се пласирани. Импулсот, одејќи наназад кон тие што инвестирале, почна да создава паника. Започна враќање на бранот. Процесот се преврте. Огромен е бројот на банкротирањата. Се’ излегува од контрола. Пак ќе речам, ова е ситуација која никој не можел да ја предвиди. Затоа сега и удира со толку голема жестокост. И каде е сега тука поединецот? Како може да се заштити себеси, како може да излезе од матрицата? Единствена заштита во овој случај е да се има свесност, односно ЗНАЕЊЕ. Со растењето на знаењето, расте и свеста што, пак, овозможува полесно надминување на проблемите кои во овој процес ќе се појавуваат се’ почесто. Свесноста, наспроти конформизмот, ве подготвува за се’ што доаѓа. Таа станува јадро на одбраната на поединецот, односно го прави отпорен на ударите и црпењето енергија.

03.17.09

Јас, Груевски и Никола Тасев

Posted in Некатегоризирано at 3:05 pm од filippetrovski

Јас, Груевски и Никола Тасев

 

03.10.09

Пригодни прилози кон кампањата

Posted in Некатегоризирано at 11:54 am од filippetrovski

надополнување на мојата колумна од сабота, денес даде ПЕЦКО. еве ја карикатурата па проценете сами.

 

03.09.09

Аксиос

Posted in Некатегоризирано at 10:53 am од filippetrovski

Иако е прерано да се оценува изборната кампања и да се анализираат изборните ветувања на многуте кандидати, сепак, ми се чини дека уште сега можеме да го извлечеме, односно издвоиме кандидатот за „бисер“. Имено, ги гледам неколкуте членови на една мала партија, но со големи амбиции, по секоја цена да биде во власта, како замислено качени на Камениот мост го слушаат „лидерот“ (бидејки кај нас сите се лидери). А, тој им раскажува, прикажува дека имал „визија“ Вардар да биде пловен барем неколку километри, оти тоа ќе било добро за градот, туризмот… Гледам и не можам да се начудам. За момент помислив дали сум буден, се штипнав. Буден. Значи, навистина го слушам тоа што го слушам. Ако овој кандидат навистина победи, Вардар ќе го направи пловен. Се потсетив на белградските сплавови, за кои тука се зборува со копнеж. Зошто тие да имаат, а ние да немаме. Ете, сега еден од кандидатите нуди решение, кое ќе ги надмине нашите комплекси што немаме сплавови среде Скопје. Секако, не гледам проблем што среде Скопје ќе ечи турбофолкот затоа што во нашата желба да ги имитираме сплаварските вредности, со години го слушаме и без сплавови.

Ако тој кандидат победи, ќе имаме пловна река со чамци, бродови и, секако, сплавови. Е, бидејќи сега е сезона на ветувања и секој е слободен да си замисли што сака, јас би се приклучил со едно мало барање. Којзнае, може мојот глас да биде и пресуден, па со самото тоа да го принуди кандидатот да ми ги исполни желбите. Предлагам Вардар да се направи пловен од изворот, па се’ до Солун. Да можеме да се качиме во брод од, да речеме, Камениот мост и да се повозиме до Солун. Замислете ги само предностите на туризмот во двете насоки. Би можеле и Грците да ни доаѓаат одоздола нагоре. Да остават по некој денар или евро. Видете, не е шега да се има река која ќе биде пловна. Сега ние сме во подредена позиција. Грците ни бараат визи за кои мораме да се понижуваме (се однесува на тие што побарале виза, јас одамна не сум го сторил тоа) пред нивната високодобрососедски оградена канцеларија. Тоа е така од едноставна причина, затоа што јасно е препознаена и доминантна нашата желба да патуваме натаму. Но, со коперниканскиот пресврт што можат да го донесат овие избори и правењето на Вардар да биде пловен, работите можат да се изменат во наша корист. Сега Грците може да ги намамиме да посакаат авантуристичко возење кон Велес, Скопје по Аксиос (античкото име за Вардар – значење: силен, достоен, буен). Вака изговорено – Аксиос изгледа некако грандиозно и мистериозно. Со добра кампања би можеле да го продадеме како ептен профитабилен производ, а ништо нема да не’ чини. Река си е река.

Кога ќе ги навлечеме Грците да ни доаѓаат, кога ќе стане прашање кај нив на семејна обврска и гордост да се посети Скопје макар еднаш во сезоната можеме да ги уценуваме. Прво ќе побараме да ги симнат визите за Македонија. Тоа е најмалку што можат да направат за да не си ги доведат во опасност плановите за безгрижно „пловење“. Оти знаете, незгодно е да си пловиш, а некој попреку од брегот да те гледа. Од друга страна, ако тие тогаш не покажат добра волја, на располагање ќе ја имаме истата мерка. Можеме тогаш и ние ним да им воведеме визи. А, како дополнителен притисок да го затвориме привремено нашиот конзулат во Солун. Така секој заљубеник во пловењето ќе ја има на располагање само амбасадата во Атина за да се здобие со драгоцената виза за Македонија. Ќе мора секој авантурист од Трикала и Лариса да патува прво во Атина пред да тргне од Солун нагоре. Па, да видат тие што значи чекање во огромни редови, на какво што се навикнати сега тие што од кај нас се упатиле натаму. Значи, овој пресврт може добро да ни дојде. Уште повеќе ако тактички ја направиме визата скапа и недостапна за секој и ако издаваме само 20 проценти визи од бараните. Со самото тоа нејзината вредност ќе оди само нагоре. Ќе се бара пријател повеќе во Македонија, кој има каква-таква пријателска или роднинска врска во нашата амбасада за да може да ургира за побрзо стекнување во визата (сите ќе се сетат тогаш наеднаш на своите македонски корени или, пак, заради потребите на денот, ќе си ги измислат). Истовремено, самиот недостиг ќе креира уште поголема побарувачка. Сите ќе сакаат да заминат на тоа патување. Вардар ќе добие мистична димензија. Таа мистика лесно ќе се рашири по двете страни и изградбата и обновата ќе се одвива со епски димензии. Одозгора на тоа можеме секој момент да се навратиме на старата идеја за прокопување канал на север до Дунав, преку кој би се поврзале со цела Европа и би можеле да пловиме се’ до северните мориња. Секако, ова би ги привлекло и Европејците да патуваат кон југот, кон Македонија, Грција и Турција. По пат мора некаде да се одморат, да се напијат нешто. Економијата ќе процвета. Сите ќе имаат работа. Оти за да се сервисираат грчките туристи, плус сега и европските, ќе треба добро да се испотиме.

Оваа наша тешко стекната стратегиска предност ќе им стави до знаење и на Европејците да не’ третираат со респект, за разлика отсега. Ако сакаат да си пловат без проблеми, ќе мора да не’ примат најмалку за рамноправни во друштвото. Во спротивно, може и на нив да им воведеме визи. Тоа уште повеќе ќе ја зголеми вредноста на едно вакво егзотично патување. Ќе се чуе за тешко достапното патување, за кое мора да се построите пред амбасадите (ако ги најдете) на една мала, но многу значајна држава. Верувајте, гласот бргу ќе се рашири и по другите континенти. И Американците и Индијците, како и некои други, сигурно ќе поитаат да запишат во своите дневници дека биле и пловеле и по Аксиос. Потоа ќе немаме економски проблеми. Невработеноста ќе исчезне. Од околните држави ќе надоаѓаат луѓе кои се’ ќе дадат само да поминат дел од својата младост тука, да поработат малку за нас, да си ја испробаат среќата. Веќе ја гледам Гевгелија како го презема приматот на Лас Вегас.

Има една интересна анализа која предвидува дека до 2040 година Турција ќе ја врати силата што ја имала некогашната Отоманска Империја. Тамам додека да ги завршиме ископувањата и каналите. Потоа можеме да се здружиме во сојуз и да бидеме доминантна сила во овој дел од светот.

И така додека пловев низ текстот кон неговата завршница, сфатив дека кандидатот не само што имал идеја, туку дека и неговата визија е брилијантна. Сега ми е криво, затоа што знам дека не бил разбран и затоа што не се очекува некој особен број гласачи зад неговите величествени планови. А, можевме, можевме да ги превртиме работите во наша корист.

03.06.09

Една песна што не треба да ја прескокнете

Posted in Некатегоризирано at 10:28 am од filippetrovski

Една песна што не треба да ја прескокнете

Dream Theater – funeral for a friend

The roses in the window box
Have tilted to one side
Everything about this house
Is gonna grow and die

Well it doesn’t seem a year ago
To this very day
You said sorry honey
If I don’t change the pace
I can’t face another day

[Chorus:]
And love lies bleeding in my hand
Oh it kills me to think of you with another man
I was playing rock and roll and you were just a fan
When my guitar couldn’t hold you
So I split the band
Love lies bleeding in my hands

I wonder if those changes
Have left a scar on you
All the burning hoops of fire
That you and I passed through

You’re a bluebird on a telegraph line
I hope you’re happy now
While if the wind of change coming down your way girl
You’ll make it back somehow

[Chorus]
[Chorus]
Love lies bleeding in my hands

 

според мене ова е најдобрата верзија. на јутуб имате и други верзии. но, ова е мојот веблог.

 

бонус (непланиран), ама зошто да не:

"Godzilla" Lyrics

With a purposeful grimace and a terrible sound
He pulls the spitting high tension wires down.
Helpless people on subway trains
Scream for God as he looks in on them.
He picks up a bus and he throws it back down
As he wades through the buildings toward the center of town.

Oh no, they say he’s got to go—
Go, go, Godzilla . . .
Oh no, there goes Tokyo—
Go, go, Godzilla . . .

Rinji news o moshiagemasu!
Godzilla ga Ginza hoomen e mukatte imasu!
Daishkyu hinan shite kudasai!

Oh no, they say he’s got to go—
Go, go, Godzilla . . .
Oh no, there goes Tokyo—
Go, go, Godzilla . . .

History shows again and again
How nature points out the folly of men . . .
Godzilla!

 

03.04.09

Неистомисленици

Posted in Некатегоризирано at 11:37 am од filippetrovski

Како што наближуваат изборите, партиите и заинтересираните се’ повеќе се расположени за плукање и напаѓање на неистомислениците, и тоа по секоја цена. Се разбира, една и единствена цел е да се освои локалната власт и да се протурка сопствениот кандидат. За мене не е спорна амбицијата да се поседува власта, оти како таква ја разбираат сите што ја практикуваат, како цел сама по себе. Спорно ми е што не се избираат средства и што сите декларации и манифестации на добра волја се забораваат веднаш по заминувањето на новинарите. Во тој процес на „демократско размислување“, секој што има поинакво мислење се оцрнува до степен кога и на некој што не е заинтересиран преку засиленото „перење на мозок“ му е вметнат „код“ како треба да размислува. Значи, агресивното напаѓање станува се’ поизразено и се’ повеќе ќе му пречи на заинтересираниот гласач да донесе одлука како да гласа, која ќе биде само негова.

Сите поддржувачи на ваквото однесување како безбедна зона ги имаат своите партии и таборите во кои добиваат наклон за нивната „партиска“ заслуга со плукањето и омаловажувањето на другите. И за ова партиите беа предупредени од меѓународните претставници, дека треба да се поправи поведението во текот на кампањата, односно да се достигне и да се остане на нивото на цивилизирана кампања. Да не се разбереме погрешно, не сметам дека за се’ што правиме треба некој однадвор да ни кажува како да го правиме, под диктат. Меѓутоа, во случајов станува збор за претставници од држави и институции кон кои сме се упатиле (НАТО и ЕУ). Кон едните за да се ја осигураме безбедноста, а кон другите за да осигураме просперитет и развој. Тоа се држави со докажано и проверено демократско искуство, каде што сите проблеми на демократијата се почувствувани и совладувани со интелектуални напори низ времето. Всушност, со вековното искуство и надминувањето на проблемите тие се совршен извор за преземање на тоа искуство, за да не се повторуваат без потреба истите грешки. А, самото полесно усвојување на тие искуства би ни овозможило да скокнеме децении и побрзо да стигнеме таму каде што сте тргнале. Ете затоа, поради нашите декларирани амбиции да бидеме дел од семејството на држави кои се демократски и здружени заради колективна одбрана, сме изложени на притисок од тие држави. Не дека и кај нив се’ е идеално, но барем теоретските претпоставки се тука. И практиката е тука. Одвреме-навреме и во некои од западните држави се слушаат гласови дека демократијата е уназадена, узурпирана или нападната. За истовремено да се слушне дека на тоа му се спротивставува јавното мислење и интелектуалната фела. Староста и зрелоста на тие демократии е толкава што е самоизграден еден механизам за заштита на вредностите. Таму многу поединци и организации се подготвени да се борат за да ги зачуваат тие вредности по секоја цена. Затоа, денес не е познат посовршен систем на управување со државата од демократијата. Тука некаде е нашата интеракција. Ние сме побарале да бидеме дел од таквите држави, иако не сме морале. Е, кога веќе сме побарале да бидеме дел од тоа друштво, тие сега не’ ставаат на проверка. Затоа имаат право да се мешаат во нашите работи, така како што се мешаат. Да сме кажале дека сме си сами себе доволни, сигурно нема да ги истакнуваа нивните ставови на овој начин. Кога веќе така стојат работите, што ни останува да правиме? Па, логично е да се прифатат укажувањата за фер и демократски избори, за цивилизирана процедура и за натамошно демократизирање на свеста на учесниците.

Интересно е што кај нас „докажаните“ борци за човекови права, кога ќе влезат во партискиот барабан, за кратко време забораваат на се’ што правеле претходно. Тоа е можно затоа што, за жал, јавното мислење е далеку од зрело и со подолго паметење. Играјќи на картата дека се’ се заборава за кратко време, односно дека се’ што вчера важело денеска не игра, може да се менуваат принципите, уверувањата, па и идеолошката определба, сите наши првенци се поигруваат со избирачите. Пресметано е дека јавното мислење може да се меси по потреба и ако се создаде отпор, со засилен медиумски притисок тој се канализира според потребите. Токму тука ја лоцирам потребата и, ако сакате, зависноста од контролата на средствата за јавно информирање. Погодноста за моделирање, ако под контрола се држат особено телевизиите, бидејќи весниците се далеку помалку влијателни, се сака да се искористи по секоја цена.

Во Македонија стана исплатливо да се поседува телевизија. Испаднаа визионери оние што отвораа телевизии на времето, бидејќи сега тие се огромен извор на пари. Државата ги користи како свое платно, за кое дебело плаќа. А, не се мачи никој да информира колку чини тоа задоволство. Според она што го гледаме, каква моќ манифестираат сопствениците на телевизиите, односно колкаво влијание имаат во системот, може да се заклучи дека премногу се напумпани со пари. Но, сметката не ја плаќа државата, туку граѓаните. Само кај нас е можно сето она што се случува во медиумите, кои сега се во симбиоза со државата. Никој не се ни труди да каже колку средства се трошат и дали воопшто има некаков ефект од тоа. Она што досега можеше да се слушне е дека сето она што се случувало било промоција на владините политики. О.К., тоа звучи интересно. Ама, сакам да слушнам според која методологија се мери успешноста на информирањето. И пак да се вратам на нашите пријатели однадвор, на кои сме им дале за право да ни укажуваат за нашите грешки. Тие констатираат дека медиумите не се баш слободни и дека тоа е, благо речено, проблем за демократијата.

Крајната цел на секоја политика е да ја освои апсолутно целата власт. Политичката борба сама по себе во тој процес станува цел. И се’ станува оправдано од таа перспектива. Но, по освојувањето на сите можни нивоа и обединувањето на целата власт под една капа, што ќе остане за освојување. По дефиниција, следна фаза се внатрешните разместувања на помалите групи во партијата кои ќе се трудат под свое да стават што повеќе интерес. Колку што знам, тој процес извесно време веќе тече. По изборите само може да се засили. Што е тоа ако не распаѓање токму по линиите на поделеност помеѓу интересните групации. Во овие избори ќе бидат искористени за постигнување на целта сите можни методи, како и сите можни телевизии. Сигурен сум дека никој нема да има увид колку чини тоа. Целта што е зацртана ќе се постигне. Меѓутоа, повеќе од сигурен сум дека цената за Македонија, ако не се вразумат политичките елити, ќе биде огромна.