Верувам дека сите се сеќавате на Имер Селмани, претходниот министер за здравство. Тој беше еден од најекспонираните министри на ДПА. Секогаш активен и присутен. Повеќе од популарен. Наместено насмеан. Елоквентен. Зборуваше подобро на литературен македонски од повеќето пратеници во парламентот. И како последица на тоа деновиве тој е и кандидат за претседател на Македонија. А, она што може да се чуе како мислење за таа кандидатура е дека тој како македонски Обама во обид ќе добие процент на гласови и од Македонците… Претседателските избори, сепак, не се примарна тема на овој текст. Имено, си реков ајде да се потсетам на достигнувањата на популарниот Селмани во нашето здравство. Да набројам што е тоа што тој во министерувањето го направи во здравството на Македонија, па затоа сега има толкава популарност. Не можев, за жал, да се сетам на ништо конкретно.
Во меѓувреме, на сцена стапи Бујар Османи. Се чини адекватен одговор од ДУИ за Селмани. Новиот министер се зафати со сериозно работење на јавноста. Како и Селмани, и него го има секаде. Како последица на тоа разбравме дека оваа Министерство е оценето како отворено и најблиско до јавноста. Како што гледам, и тој ја научил лекцијата за македонската јавност, односно дека е потребно што повеќе да те има, да прикажуваш за големи проекти, едноставно да си активен. Веројатно затоа пред некој ден слушнавме за најновиот проект за воведување електронска картичка кој бил „вреден“ 7,5 милиони евра. Здравствените книшки на македонските граѓани за 15 месеци ќе бидат заменети со електронски здравствени картички. Ќе биле изработени 2,3 милиони картички кои, колку што разбравме, чинат по три евра поединечно. Министерот истовремено најави дека паралелно со ова ќе стартува проектот за интегриран здравствен систем, со кој ќе бидат поврзани сите здравствени установи. И, дека ќе биде објавен тендер за набавка на 2.000 компјутери. За двата проекта немаме информација колку ќе чинат. Побарав и на сајтот на Министерството, за жал, таква информација засега нема.
Пресметката покажува дека изработката на картичките, како што е најавено, навистина ќе чини околу 7 милиони евра. Значи дека соопштената информација е коректна. Сепак, постојат неколку дополнителни прашања кои не се јасни, па затоа дозволете јавно да се прашам и да дадам мое мислење. Прво, што е електронско здравство и електронска здравствена картичка? Расположливите дефиниции го кажуваат следново: ново поле во медицината кое е спој на медицинска информатика, јавно здравство и бизнис, поврзано со давање услуги во здравството преку информатика и комуникациски технологии. Во поширока смисла, ова значи не само технолошки развој туку и состојба на умот, начин на размислување, посветеност на мрежно и глобално размислување за подобрување на здравствената грижа локално, регионално и глобално, со користење информациски и комуникациски технологии. Се заинтересирав да проверам што од ова ние имаме и владееме, како знаење.
Да провериме што е потребно за оживување на овој концепт во Македонија? Бидејќи имплементирањето на електронската здравствена картичка би било на целата територија на Македонија, треба да се одговори каква мрежа треба да се воспостави за овој систем да биде функционален? Пред да одговориме на ова прашање, накратко ќе го опишеме искуството на Италија во примената на електронската легитимација. Таму е започната експериментална примена (на помала група за да се добијат податоци за применливоста). Во моментов процесот стагнира поради неколку причини. Не е јасно како да се заштитат податоците на корисниците. Сигурноста и приватноста, односно одговорот на тоа кој треба да има пристап до податоците на корисникот се сериозно прашање за кое таму се водат дебати. Дополнителен проблем е изборот и имплементацијата на софтверот. Голема дилема е и дали приватните ординации треба да бидат интегрирани и како во овој систем? Дали тие самите ќе плаќаат за опремата за да се приклучат? Сериозно прашање/дилема е дали нема некој од нив да ги злоупотреби податоците за креирање на сопствена база, односно на преземање на пациентите. Понатаму, сериозен проблем за Италија е нецелосноста на системот. Тие сметаат дека многу тешко ќе успеат да го комплетираат системот. Секако, се разгледува и финансиската страна на проектот. Заклучено е дека лесно може да стане неисплатлив, односно прескап за тамошното здравство и за пациентите. Интересни се заклучоците во Италија, држава- членка на ЕУ, далеку подобро ситуирана од Македонија.
Сега да се навратам на имплементирањето на овој систем кај нас. За да одговори на потребите, тој мора да биде способен да добива, собира, праќа информации и знаење до повеќе извори истовремено. Исто така, системот мора да биде способен и да ги процесира информациите кои до него ќе стигаат. Врз нив ќе се додаваат и нови: мислењата на лекарите и насоките за менаџирање на одредени здравствени проблеми, односно целокупното здравје на пациентите. Најавено е дека целокупното досие на пациентите ќе биде на картичките. Тоа значи дека од најобична влезна информација за посета и консултација со матичниот лекар и неговите наоди, па се’ до мислењето на специјалистите треба да се интегрира во медицинските досиеја, за да биде пренесено на картичката како излезна информација.
При моите разговори со импресионирани граѓани, добивам одговор дека е добро да се има таква картичка. Кога прашувам зошто, не добивам прецизен одговор. Едноставно, велат добро е да се има таква картичка. Веројатно, симпатично им делува. Никој, апсолутно никој не слушнав да се праша дали е воопшто возможно да се воведе таква картичка во македонскиот здравствен систем. Еве неколку прашања кои ми се поставуваат, а на кои, како пациент, сакам да добијам одговор: плаќам месечно за здравствено осигурување 3.270 денари, односно по 110 денари дневно. Зашто повторно да плаќам за добивање ваква картичка? Не ли одвојувам доволно пари секој месец за оваа услуга (ако биде корисна) да ја добијам без дополнителни трошоци? Како ќе се интегрираат во системот жителите на руралните средини, каде што ниту компјутери, ниту Интернет е виден и чуен? Како ќе се внесат старите досиеја во системот? Кој ќе ги внесе информациите во системот, колку персонал и со каква квалификација е подготвен за оваа работа? Колку време ќе биде потребно за да се внесат два милиони досиеја? Колку време е потребно за да се внесе едно досие и што воопшто ќе се внесе? Дали до доверливите за семејните аномалии, генетичките нарушувања, ХИВ позитивноста и слично ќе може да дојде секој програмер што го полни системот? Кој ќе ги контролира програмерите и кои програми ќе се користат? Како ќе се заштити системот од хакерки упади? На крај, зошто немаше јавна расправа низ која ќе се слушнат сите аспекти на проблемот и подетално ќе се инволвира стручната и заинтересираната јавност?
Пред да завршам, само да кажам уште дека за овој текст имав стручна помош од магистер, специјалист за менаџмент за економија и политика во здравството, кој својата титула ја стекнал во Италија на европски реномиран универзитет од тоа поле, а моментно е ангажиран во Португалија за реформа на нивниот здравствен систем.
П.С. Да не излезе на крај реформата меѓу 50 и 100 милиони евра?
еве ја реакцијата на прочуениот аналитичар Рамадани, на мојот преминатонедел текст Струга.
Антиалбански инсинуации
(Повод: "Струга", колумна на Филип Петровски)
Хисен Рамадани, политиколог
Многумина со право ќе ми замерат што се обидувам да полемизирам околу односите Македонци- Албанци со еден познат и "признат" албанофоб како што е господинот Филип Петровски. Сепак, не само поради него, сакам да укажам на две поенти од написот:
1. Целиот напис е антиалбанска инсинуација и конструкција кога станува збор за фактите. Никој досега, ниту училишните ниту државните органи не тврделе дека во "Нико Нестор" во Струга биле тепани македонските ученици од албанските и тоа со стотина учесници (Албанци) надвор од училиштето. Бескрупулозно, милошевиќевски инсинуира дека "македонските деца во Струга имаат право на живот и сигурност" во контекст дека нивниот живот е загрозен од Албанци. Цинично тврди дека за такво опасно импутирање имал право! Со Уставот и Кривичниот закон за тврдења со кои со лаги се создава меѓуетничка омраза со погубни последици за заедницата никој нема прво. Нема право ни редакција да објави вакви резонирања.
2. На Ф.П. сегашната состојба во училиштето во Струга му е само повод за да го истакне барањето за промена на општествениот поредок во Македонија. Во оваа прилика тој го покренува барањето за промена на "вештачка територијална организација и децентрализација" на Македонија, наивно тврдејќи дека "парламентарното мнозинство може да го стори тоа за пет минути по итна постапка". На Петровски овој предлог му е логички врзан за Струга, зашто кога се носеше Законот за територијална организација Струга беше "центар на отпорот" против тој закон.
Бидејќи таквите гледања на работите за децентрализацијата и воопшто со конституцијата на државата воспоставена со уставните промени од 2002 година, господинот Петровски не е сам и бидејќи главниот отпор за овие промени доаѓаше од неговата ВМРО-ДПМНЕ која и сега е на власт, треба да се нагласи и во оваа прилика дека оваа конституција на Македонија треба и натаму да се етаблира и усовршува. Секој обид за нејзино декомпонирање во насока на повторно создавање апсолутен монопол за еден дел на граѓаните и обесправеност на другиот дел по национална основа е опасно и судбоносно за опстанокот на Македонија. За овој систем е постигнат широк договор во Македонија. Договорот е меѓународно усогласен и тоа е дефинитивен факт.
Од: mitko mu olesni
Датум: 19.02.2009 02:30:39
So radost citajki go ovoj natpis sfativ deka vo Struga nema nikakvo netrpenie megu ucenicite i deka se e rozovo. E da ne bese toj Filip Petrovski super ke si ziveevme zaedno.
Од: jimmy1
Датум: 19.02.2009 02:30:52
Gospodine a dali si se zaprasal kolku od Albancite se antimakedonci? Pa zarem ne ti e jasno deka otvorija i vojna protiv Makedonija, pod izgovor deka se borat za nekakvi covekovi prava. Ako si politolog veruvam deka ti e poznato i kazimi koi prava gi nemaat albancite. Mozam da recam deka albancite sekogas imale poveke prava od site drugi pripadnosti, vklucuvaki gi tuka i Makedoncite, i toa prodolzuva i denes. So gnasniot Ohridski dogovor vasite ubijci se na sloboda a dodeka drugite lezat po zatvori za toa sto ukradile edna kutija cigari. Vasite gi zaposluvaat vo MVR i vo zdravstvoto so nekolku nedelen kurs a na drugite im baraat cetiri godisna skolska sprema. Uste li ne ti e jasno deka vozovite se kamenuvaat koga pominuvaat vo Tetovsko i Gostivarsko, se stavaat drva i kamenja na prugata, se puka vo toj region kako da se naogame vo diviot zapad, na sekoi izbori stvarate incidenti, vo avtomobilite na albancite se otkrivaat arsenali oruzje i sto ti ne drugo. Pa kade zivees do sega?
Од: ljupco,bitola
Датум: 19.02.2009 14:45:51
Се согласувам со авторот на текстот,никој во Струга не тепа македонски деца.Тие сами себеси се тепаат и малтретираат.
морав да ја ставам оваа композиција. го поштуем моментов
She’s waiting
by Eric Clapton and Peter Robinson
She’s waiting for another love. She’s waiting for another love.
She’s been waiting for another love, Someone that she can show into her heart. And when she finally finds a stronger love, Your whole world’s gonna fall apart.
Chorus
You’ve been abusing her for far too long; Think you’re a king and she’s your pawn. Get ready now, ’cause pretty soon She’ll be gone and you’ll be on your own.
Chorus
I see the hunger burning in her eye; Any fool could see there’s something wrong. You keep pretending not to care, But I will hear you sing a different song.
Chorus
Waiting for another lover, Hoping for the time that she’ll find another…
слика што ја направив у центар на скопје, сосема случајно. но, бидејки мислам дека е интересно ова да го видат и другите, еве ви го оставам на располагање.
Вовед во конспирација – е насловот на новата серија од предавања на групацијата “ Едни Македонци “ која ќе се одржи во градската библиотека Браќа Миладиновци. Проекциите на документарните филмови после кои ќе следи кратко предавање и дискусија на темата ке започнат во среда- 18 – 2 – 2009 во 19 часот, а ке продолжат понатаму секоја среда и четврток во текот на следните два месеци.
Овој пат темата е нешто сосема поинакво од предходните предавања кој за тема ги имаа меѓучовечките односи.
Низ оваа серија од документарни филмови и дискусии Едни Македонци ќе се обидат да дадат глобална слика на настаните кој се случуват во светот и ќе се обидат да ја одредат позицијата на МКД во глобалната драма која ни предстои а во која светот тукушто зачекори.
Авторите на предавањата се потрудија повеќето од филмовите да бидат со превод, но за жал еден дел од нив ќе одат во својот оргинал доколку библиотеката не успее да обезбеди симултано преведување.
————————–
———————- Who killed the electric car – со превод
18-2- 2009 во 19 часот
Овој документарец е вовед во таканаречениот “ голем заговор“ и е само врв од големиот леден брег на конспирациските теории. Тоа е вистинска приказна за законот кој во почетокот на девеесетите бил донесен во калифорнија за постепено смалување на автомобилите на бензин со електрични автомобили и за тоа како тој закон е урнат од големите нафтени корпорации, кои всушност и ја имаат вистинската моќ во Америка. ———————————————-
Zaitgaist-1 – со превод
19 -2 – 2009 часот
Документарецот на групацијата Zaitgaist од Америка кои дигнаа голема врева во светската јавност разобличувајки ја светската пирамидална штедилница и мрежата на должничко – доверителските односи преку кои банкарските лоби- групации управуваат со светот и го држат во ланци. ——————————————-
Zaitgaist-2 – со превод
25 – 2 – 2009 во 19 часот
Вториот дел на истоимениот филм во кој авторите предлагаат можен излез од глобалната катастрофална ситуација преку проектот Венус кој предлага комплетно преоѓање на обновливи енергетски ресурси. —————————————–
End game – без превод
26 – 2 – 2009 во 19 часот
Филм на Алекс Џонс водечкиот американски новинар кој се бави со глобалната конспирација. Во филмот има шокантни сцени од тајните состаноци на познатите светски фаци кој се членови на познатата Билдерберг групација.
Во филмот ќе видите како за моќниците дури ни уставот на САД не значи ништо. Во филмот ќе го видите и “славниот“ документ на Хенри Кисинџер за редукција на човечката популација на 500 милиони луѓе со цел да се постигне, според нив, одржлива економија на планетава. ———————————————–
Сионските протоколи – без превод
4 – 3 – 2009 во 19 часот
Филм на познатиот американски History chanell во кој авторите ќе се обидат да не убедат дека познатите списи од состаноците на сионските мудреци се измислица. ———————————————-
GMO – ( Na rubu znanosti ) – На Хрватски
5 – 3- 2009 во 19 часот
Емисија на Хрватскиот новинар Крешимир Мишак во која со еминентни гости од САД ќе ни укаже на катастрофалните последици од користење на генетски модифицираната храна. ————————————————–
In lies we trust – без превод
5 – 3 – 2009 во 20 часот
Приватно финансиран документарец на познатиот и оспоруван американски експерт кој алармира за глобалната конспирација околу употребата на вакцините. Филмот тврди дека нивната примарна функција не е заштита на човекот туку негова редукција. ————————————————
Story of Royal Rife – без превод
11 -3 – 2009 во 19 часот
Нискобуџетен документарец снимен од почитувачите на животот и делото на Ројал Раиф – американскиот пронаоѓач кој е единствениот човек на светов кој во пеесетите години од минатиот век пријавил патент за успешно лекување на најтешката болест – ракот и како тој негов пронајдок полека е истиснат од страна на фармацевтските корпорации и е тотално заташкан. ———————————————-
Voda ( Ruski dokum.) – со превод
11-3- 2009 во 19 часот
Филм за чудесните особини на водата и како таа делува исцелително на човечкиот организам. Одличен документарец кој ни покажува дека од човештвото е сокриено многу големо знаење, а кое е суштинско за нашиот пат во духовната еволуција. ————————————————-
UFO – hidden evidence – без превод
18 – 3 – 2009 во 19 часот
Познатиот новинар анализирајки ги НЛО доказите излегува со теза дека на човештвото му се сервира застарена и примитивна технологија додека вистинската софистицирана технологија се крие и развива во тајност. ——————————————–
Dan Ecroyd – unplugged ( U.F.O ) – без превод
19- 3 – 2003 во 10 часот
Познатиот глумец – и самиот сведок на НЛО феноменот не води во светот на уфологијата. ———————————————-
David Icke – (Na rubu znanosti) – Хрватски
19- 3 – 2009 во 20 часот
Кралот на конспирациските теории Дејвид Ајк гост во емисијата на Крешимир Мишак ни ги објаснува своите теории за човечко – гуштерските вонземни хибриди кој владеат со планетава од древните времиња до денес и дека познатите светски политичари се од крвната линија на овој човечко- демонски хибрид. ———————————————-
Down into the rabbit hole – со превод
25- 3 – 2009 во 19 часот
Втор дел од познатиот документарец – What the “blip“ do we know – кој Едни Македонци го пуштива во библиотеката Б.М. за време на своите први предавања.
Овде помеѓу другото ќе ги видите и квантно-механичките основи за феноменот “синхрониситет“ кој пак е тема во следниот филм – Тајна. ————————————————
The Secret – со превод
26 – 3 – 2009 во 19 часот
Тајна – е документарец кој ја обработува темата на вољно предизвикување синхронични настани. Ова е клучен филм од овие предавања и тој е вовед во вистинското езотерично знаење кое може да го извади човештвото од тоталната паднатост во која се наоѓа. —————————————————–
Sex – The secret gate to Eden – без превод
26- 3 – 2009 во 20 часот и 30 мин.
Завршниот филм и завршното предавање од овој циклус. “Сексот – Тајната порта кон рајот“ е филм за она што се нарекува алхемиско венчание или брак во вистинската смисла на зборот.
Ова е контроверзан филм и овде очекуваме контроверзни дискусии, поготово што филмот е во продукција на американската контроверзна гностичка црква – Телема. СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ МОЖЕ ДА ПРИСУСТВУВААТ БЕСПЛАТНО.
Кон крајот на осумдесеттите години бев средношколец во кумановската гимназија. Се сеќавам дека Aлбанците кои тогаш учеа заедно со нас побараа да се одвојат во посебни смени. Не сакаа да учат заедно со нас. Уште тогаш. Поради таа „пригода“ тие излегоа на протести. Заедно сосе нивните родители и сите други поддржувачи на таквата – како што ја нарекува Теута Арифи поделеноста во етнички смени – сегрегација. Избија големи немири и цело Куманово се дигна на нозе. Тогаш само за момент навидум проблемите се решија, како што се решија. Како што сме склони да забораваме за кратко време, се’ си мислам дека малкумина се сеќаваат на тие времиња, кои како швајцарски часовник најавија што ќе се случи со и во Македонија подоцна.
Ова го пишувам за да се надоврзам на најголемиот политички проблем во Македонија. Весниците се полни со писанија, текстови, анализи и колумни за проблемите во „Нико Нестор“ во Струга. Имено, сега таму Македонците бараа и добија одлука да се одвојат во посебни смени. Тоа доаѓа како последица на тепачките и малтретирањата кои се случуваат подолг временски период. Децата не можат да ја издржат таа тортура и затоа сакаат да имаат минимум сигурност кога одат на училиште. Тие не само што се изложени на притисок од соучениците туку, како што е потврдено, во тепачките учествувале и лица кои не се од училиштето. И, иако училиштето е под видеонадзор, досега не се случи да бидеме известени дека некој од хулиганите е фатен од законот и дека против него ќе се преземат законските мерки. Имајќи го предвид тоа, нормално е децата да се плашат, а и нивните родители. Се згрозив кога слушнав дека во масовните тепачки понекогаш се инволвираат и по 150 Албанци. Пробајте да го замислите тој терор. За потоа да се јават т.н. интелектуалци кои сметаат дека барањето на посебни етнички смени било сегрегација. Во исто време склони сме да збораваме дека само пред две години имавме ист проблем во Куманово (пак Куманово), каде што во техничкото средно „Наце Буѓони“ имаше протести за да се одвојат децата Албанци од Македонците. Протестите вклучуваа бојкот и траеја се’ додека не се одговори позитивно на нивните барања. Денеска тие учат во посебно средно училиште, зградата на поранешниот ЗИК. Значи, не се одвоија смените, туку сосема се раздвоија училиштата по етничка линија. Сега кога ни се повтори проблемот во Струга и кога се изнаслушав од лицемерните изјави за соживот, се присетив уште еднаш на Куманово. Па, за потребите на овој текст се распрашав како деновиве стојат работите таму. Имав што да дознаам. Веќе комплетно во Куманово средните училишта се поделени по етничка линија, односно Македонците и Албанците не учат заедно. Ама не можам да се сетам на ниту една реакција на сите овие „добронамерно загрижени“ политички чинители. Не можам да пронајдам ниту една изјава или колумна дека тоа е „сегрегација“ по етничка основа. Или, за Куманово важи еден аршин, а за Струга важи друг?
Сега да го разгледаме проблемот на Струга, односно да се потсетиме како се одвиваа работите таму во последните години. Иако сакаме да заборавиме, односно на некои така би им било полесно да ја практицираат власта, сепак, и во Струга не беше се’ така мазно во последните години. Таа, со Законот за територијална поделба доби нов лик и така беше овозможено да стане општина со доминантно албанско население. Комплетната етничка слика вештачки се измени, за политичките потреби на тогашното мнозинство на ДУИ и на СДСМ. Оваа политичка акробација беше оспорена на референдум. Референдумот, за жал, не успеа. Од тогаш Струга стана поширока област која ниту е град, ниту пак реално ги отсликува потребите на граѓаните. Но, стана област која како последица на политички договор, губејќи ги белезите на град, е погодна за мајоризација од страна на Албанците. Така и бидна по изборите. Добија градоначалник- Албанец. Не дека имам проблем со тоа, ама едноставно не си дозволувам автоцензура и да не го кажам тоа што многумина го мислат – но молчат! Затоа што не слушнав за четири години ниту една одлука, решение, активност на градоначалникот во полза на соживотот.
Се сеќавате ли како не’ толчеа нас македонските медиуми и „интелектуалци“ за време и по протестите во 1997 година. За нив бевме шовинисти, екстремисти, а Гелевски неодамна ме потсети во колумна дека сум бил и фашист. Сето тоа затоа што го најавивме она што ќе се случи наскоро, во 2001, па ако сакате и ова во 2009. Не треба да се биде Ајнштајн за да ги видат, антиципираат тековите. И без разлика што госпоѓа Арифи сето тоа го става во милозвучна обланда, реалноста е таква. Сурова. Се прашувам каде се сега интелектуалците да ги осудат тие што ги тепаат македонските деца во Струга. Каде е Гелевски? Каде е Влатко Ѓорчев, Героски, Арифи, Милчин… Или за македонските деца може ќотек? Тие се издржливи!?
Нефункционалната децентрализација е донесена како последица на политички договарања, а во некои градови, како што е Струга, Кичево и Скопје, е и изнудена со сила. За да опстане тогашната коалиција на власт. Таа сега ги покажува своите строго политички лукративни цели. А нема никаква врска со подобар живот на граѓаните на локално ниво. Едноставно, некои градови им беа препуштени по етничка линија на Албанците. Сето тоа би било в ред ако нивото на соживот и правата кои што ги бараат (и добиваат) за себе во градовите каде што се малцинство, ги дадат и на Македонците, таму каде што се Албанците мнозинство. Да не се залажуваме дека требало некакви невладини организации да ја завршат работата, односно да ги смират страстите меѓу децата. Ако тие деца се учени да ги мразат Македонците од малечки (ова сигурно по службена должност сега ќе го спорат разно-разни експерти) тие не можат да се ослободат од тоа по 2-3 часа курс испорачан од некаков си експерт. Дома нивните родители треба да им всадат чувство за толеранција и разбирање за Македонците, ако навистина тоа и го сакаат. Воспитанието и доброто поведение најмногу се последица на односите во семејството и одговорност на родителите. В ред, може и да не се согласувате со мене, меѓутоа јас го задржувам правото на вакво резонирање. Се’ додека не бидам разубеден со аргументи. Плукањето и викањето ќе ги разберам само како недостаток на аргументи и дека сум бил во право.
Погодувате, јас ги поддржувам македонските деца во Струга. Имаат право на живот и безбедност. Посебно кога се на училиште. Кога учат. За да можат да учат. А што се однесува до вештачката децентрализација, мнозинството во парламентот може да донесе законски измени и да ги доведе работите во нормала. За 5 минути можат да го сторат тоа, по кратка постапка. Само не сум сигурен дека некој воопшто размислува за тоа.
Пред неколку дена со огромен ентузијазам, како да станува збор за којзнае што, во македонските гласила за информирање беше пренесена информацијата дека Европската комисија усвоила план за помош на државите од Западен Балкан, кој тежи дури 120 милиони евра. Некои весници дури посветија внимание на своите насловни страници со опширни и детални известувања како ќе се потрошат парите, креирајќи привид дека ова се, без малку, пари за Македонија. Индиректната порака што е вградена е дека ова е последица од светската финансиска криза. Всушност, ова се пари кои се останати од ИПА-фондовите од минатите години, односно не се искористени од државите. И така ние сите се зарадувавме дека биле доделени 120 милиони евра за Западен Балкан, без притоа да се промисли што значи тоа воопшто и дали воопшто може да ни помогне. Имено, ако во државите на Западен Балкан живеат околу 20 милиони луѓе, тоа значи дека по човек се доделени 6 евра. Односно, 366 денари. Сето ова доколку успееме воопшто и тие 366 денари да ги добиеме. Бидејќи за нив ќе треба да се бориме и избориме со квалитетни програми пред Европејците. Да не спомнувам дека и Турција има право да користи од тие фондови, што поради нејзиниот број на жители парите се сведуваат на повеќе од минорност. Вкупно шест држави за истиот колач.
Кај нас голема врева се крева околу овие фондови. Тие се подигнати на ниво на приоритет на годината на вицепремиерот Ивица Боцевски. Да не речам дека се фетишизирани. Се сеќавате дека тој пред целата македонска јавност потенцираше дека конечно годинава ќе го разврземе јазолот, односно ќе почнеме да ги користиме овие фондови. Времето поминува, веќе сме во вториот месец од годинава. Останува да видиме дали нешто од најавеното ќе стане реалност или ќе остане во сферата на бомбастична информација за која се надеваме дека никој ништо нема да разбере или, пак, не дај боже да потпраша за што навистина станува збор.
Направив едно мало истражување на можноста да се добијат средства од европските фондови, како и за тоа какви информации нуди Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на Интернет. Прокламирано е дека сите информации, во рамките на целосната транспарентност, ќе бидат достапни за секого во секое време. Тоа е таа предност на Интернетот, што навистина ги олеснува работите и овозможува до се’ да пристигнете во кратко време, па затоа решив да го искористам. Плус, Македонија има Закон за слободен пристап до информации. Ние сме една од 75 држави кои имаат ваков закон кој гатантира слободен пристап. Тоа е гордо истакнато на сајтот на СЕП. Како една значајна демократска придобивка. Затоа сметав дека сите информации што ми се потребни за подобро да ги разберам паролите на Боцевски, ќе бидат достапни за користење и проверка на веб- страницата на СЕП. Меѓутоа, СЕП нема објавено преглед за напредокот на Македонија кон членството во ЕУ од јуни 2008. Ова коинцидира со преземањето на оваа функција од Боцевски. Осум месеци не е истакнато ништо за нашето приближување кон Унијата. Останав малку збунет, зарем нема ништо ново во последните 8 месеци, односно не се смета Интернет-информирањето за доволен предизвик? Можеби Боцевски сфатил дека е доволно на јавноста да и’ се обраќа само преку медиумите?! Она што македонските граѓани ќе го чујат на вести обично се зема како догматска вистина. Ретко кој се прашува, односно размислува за пласираните информации, ако тие доаѓаат од големата кутија со монитор инсталирана кај секој нас дома.
Да се потсетиме дека додека да се добере до функција во Владата, Боцевски беше агилен блогер. Редовно објавуваше мислења. Коментираше, се бореше за овие придобивки на модерното време да станат мејнстрим на македонската младина и интелектуални кругови. Па затоа се очекува овие елементи да ги вгради и на новите позиции до кои сега бргу достасува. Но, на наше големо разочарување, ништо од тоа не се случува. Напротив, тој сега отиде во својата спротивност. Својот блог го затвори (за секој случај, да не сум јалнаш, пробав да го пронајдам неговиот блог на платформата на Он нет каде што постираше – го нема воопшто!) и веќе не е присутен на блогерската сцена. Добро, тоа можеби има некаква логика, затоа што нема да има време да одговара на нападите и критиките на блогерите кои знаат да бидат остри. Тој сега ја води државата, па затоа оваа област станува не толку значајна. Да не бидам погрешно сфатен, така отприлика нашите политичари ја разбираат таа сцена и Интернетот воопшто. Очекував дека барем на секторот што го води сега ќе му даде јасни инструкции да се посвети на Интернет- информирањето. Разочаран сум што ме дочека сосема спротивното. Нема ниту И од подетална информација за неговите ИПА-фондови (планови). ТВ-информациите сакав да ги проверам на Нет. Да се доинформирам, да се упатам. Еден од трите приоритети кои на Боцевски му даваат алиби дека нешто ќе работи годинава (пред неговите работодавци), ИПА-фондовите се објаснети само теоретски на веб-страницата. Нема никаков детаљ како ќе дојдеме до нив. Што ќе направиме. Каква помош очекуваме. Кога ја очекуваме. И, секако, колку помош очекуваме. Нема објаснување како Македонија ќе работи а пропо овие фондови. Не е ли ова потценување на јавното мислење?
За жал, ги нема и другите два приоритета и изборите и визната либерализација. И за нив очекував дека ќе најдам повеќе. Заинтересираната јавност може да посака да се информира подетално за тоа што ќе работи секторот годинава, односно Боцевски. Едноставно, бидејќи сите наши надежи се положени врз европската интеграција, може да посакаме да дознаеме повеќе од она што како парола го слушаме одвреме-навреме. Сега останува да видиме како ќе делува ова врз СЕП. Да видиме дали ќе ги дополнат информациите со она што бараме да го видиме – објаснување на приоритетите за годинава. За да можеме сами да просудиме што ќе се направи навистина оваа година и дали ќе има некаков прогрес. Ова на некој начин може да се смета и како наше замижување пред вистинските приоритети. А наш вистински приоритет требаше да биде датум за преговори годинава. Полека, но сигурно, ги стигнуваме Турците во неславниот рекорд по број на години како држава кандидат за членка. Како што гледам за тоа ниту некој прашува, ниту пак е загрижен. Приоритетите на Боцевски се забавување на интеграцијата, но сепак поминаа. Кога му се може, нека ја тера така работата.
На крај, уште нешто. Сакам да се извинам за спомнувањето на Боцевски во личен контекст, но не гледам друг начин да се обратам околу овие прашања. Мојата судбина, како и вашата, е поврзана со темата. Останувањето на маргините на ЕУ сега е негова работа и товар. Се нафатил на тоа. И треба да очекува дека ќе си земеме за право да ги коментираме неговите ставови, предлози, идеи, достигнувања и, секако, небулози.
Windin’ your way down on Baker Street Light in your head and dead on your feet Well another crazy day You’ll drink the night away And forget about everything This city desert makes you feel so cold. It’s got so many people but it’s got no soul And it’s taking you so long To find out you were wrong When you thought it had everything
You used to think that it was so easy You used to say that it was so easy But you’re tryin’ You’re tryin’ now Another year and then you’ll be happy Just one more year and then you’ll be happy But you’re cryin’ You’re cryin’ now
Way down the street there’s a lad in his place He opens the door he’s got that look on his face And he asks you where you’ve been You tell him who you’ve seen And you talk about anything
He’s got this dream about buyin’ some land He’s gonna give up the booze and the one night stands And then he’ll settle down there’s a quiet little town And forget about everything
But you know he’ll always keep movin’ You know he’s never gonna stop movin Cus he’s rollin’ He’s the rollin’ stone
And when you wake up it’s a new mornin’ The sun is shinin’ it’s a new morning You’re goin’ You’re goin’ home.
Многу ме изненади тоа што ниеден претставник од Македонија не е присутен во Давос на меѓународниот економски форум. Овој форум е посветен на подобрување на состојбата во светот со тоа што ги собира светските лидери и им дава можност да создадат врски, познанства, како и да промовираат идеи и планови. Светскиот економски форум е создаден како фондација во 1971 и е лоциран во Женева и, како што е нагласено, не е поврзан со политика, партија или кој било национален интерес. Од друга страна, забележливи се иницијативите со кои може да се пофали. Минатата година јапонскиот премиер Фукуда го обелодени петгодишниот план вреден 10 милијарди долари за поддршка на земјите во развој да се борат против ефектите од глобалното затоплување. Тогаш, Бил и Мелинда Гејтс издвоија 306 милиони долари неповратна помош за земјоделството. Многу значаен момент од ланската конференција е, секако, објавувањето на годишен извештај за меѓуверскиот дијалог меѓу исламот и западните општества… И да не навлегувам подлабоко, бидејќи е огромна палетата на прашања за кои таму се разговара и се бараат одговори. Оваа година форумот бара одговори каков ќе биде светот по огромната светска криза. Само за четири дена е предвидено да се одржат најмалку 224 сесии на разни теми. Најмалку 40 претседатели на држави и премиери се присутни, од Путин до Меркел.
Настапот на Путин во Давос беше театрален и тој не пропушти да го нападне капиталистичкиот модел и држави обвинувајќи ги дека економијата ја водат само за свои тесни интереси. Но, потоа рубљата падна 3,5 проценти во однос на доларот, што е најголем пад во последната деценија на дневна основа, како последица на неговиот напад на американските финансиери и политики. Кај нас малку е познато дека по својата финансиска кондиција рубљата е во многу лоша состојба. Само од август до денеска руската централна банка потроши 211 милијарди долари за да ја поддржи. Состојбата е толку лоша, што Русија по овој параметар се наоѓа на трето место во светот. Полошо стојат само Белорусија и Зимбабве. Истовремено, поради влошената економска и политичка состојба, инвеститорите повлекле околу 290 милијарди долари од Русија од август до денеска… Се’ се ова елементи за кои расправаа светските лидери (секако уште за многу други значајни прашања). А ние во Давос не сме присутни. Не ми е јасно зошто. Да бевме барем информативно, за некој да не’ извести од прва рака. Ама затоа не’ има дури во Индија! Замислете, како што бевме информирани, тоа било најголемата демократија во светот. Мммм. Па што?Едноставно, се чудам како е можно се’ што ќе биде кажано на ТВ како обична парола, да се смета за без малку библиска аксиома. Сепак, за патешествијата (читај: прошетки) на нашата многу успешна дипломатија во некоја друга пригода повеќе (затоа што во исто време кога нам ни се продаваат бајки од 1001 ноќ, во ЕУ не’ преименуваат, истата таа дипломатија нема поим што се случува, а не дај боже да реагира). Овој пат ќе се задржам на тоа што е кај нас топ-тема, претседателските избори. Велам претседателски затоа што никој не ни спомнува дека ќе има и локални избори истовремено. Не сум сигурен дека тоа не е намерно изместување на фокусот.
Она што требаше да биде рутина, според замислата на Боцевски, кој, како што сум информиран, станува моќен во партијата на власт, полека се претвора во ноќна мора. Имено, планерите на вметнувањето на господин Иванов во првите борбени редови сметаа дека 2 плус 2 мора да бидат 4. Односно големата популарност на сите проверки на рејтинзи, плус контролата на медиумите мора да резултира со испланираниот ефект. Колку што знам, тие имаат големо искуство со правење рејтинзи. Па, затоа се сметаше дека операцијата може да се изведе хируршки прецизно, без некој поголем ризик. Згора на се’, како готова работа се сметаше поддршката од ДУИ, чии функционери се необично молчаливи откако се добраа до височините на власта. Тоа, се чини, дека создало впечаток кај планерите на операцијата дека може слободно да се одземаат и додаваат бројките и да се дојде до решение кое, всушност, значи убедлива победа. Меѓутоа, и на помалку упатените во политиката им е познато дека сметањето во кабинет многу често излегува различно од она што е реалност на терен. Според настаните од последните неколку дена, ова навистина и се потврдува. Мислам дека реално ќе беше, доколку сите се плашат од рејтингот на владејачката партија, да не влегуваат во изборната трка. Меѓутоа, се случува токму обратното. Заинтересирани се рекордни 11 кандидати (некои се’ уште собираат потписи и реално е да се очекува дека нема да го соберат потребниот број). Без малку сите политички субјекти се амбицираа да влезат во трката. Тоа ги намалува шансите трката да се заврши во првиот круг. Се чини дека надежите на планерите беа токму тоа, се’ да се заврши во еден круг, за да се избегнат можните инциденти кои ни се својствени кога се во прашање претседателски избори. На тој начин би немало полнење кутии, тепачки и евентуални жртви.
Планерите се уплашени дека можните инциденти дополнително ќе не’ оддалечат од ЕУ и НАТО перспективата, што на Боцевски ќе му ги направи ракавите куси (се радува на можноста да се симнат визите оваа година и истовремено стравува дека тоа нема да се случи). Тој при креирањето на привид, во кој се чини ја вовлече целата Влада, инсистира на тоа дека добро ги познава работите и затоа може да предвиди како ќе се одвиваат. Секако, за добро за владата. Но, можниот втор круг, кој се отвора како перспектива поради истакнувањето кандидат од страна на коалицискиот партнер, ги замеша работите целосно. Тоа ги повлече сите албански партии во натпревар и премерување на рејтингот, што како резултат во првиот круг ќе значи нула гласови за фаворитот на власта. Од друга страна, мислам дека се потценува силата на Бошкоски. Тој е намерно потиснат и потценуван. Медиумите и новинарите-трабанти во јавноста го претставуваат како аутсајдер, што воопшто не е случај. Земете ги предвид следниве елементи. Популарен е кај старото членство на ВМРО, докажан е и прекален како борец за Македонија, со верифицирана тапија во Хаг. Ослободен е од вина, значи постапувал правилно што ја бранел државата од терористи. Истовремено, власта одби да донесе закон за бранителите, кој беше јавно поддржан од над триесет илјади граѓани. Реално е да се очекува дел од нив да ги прибере на своето конто токму тој. Ако поради ништо друго, тогаш поради револт. Евентуалното влегување на Бошкоски во вториот круг ќе значи комплетна мобилизација на сите ресурси на опозицијата да го поддржат, за даи’ направат проблеми на власта, односно по секоја цена да им ги нарушат плановите.
За ова повторно ќе пишувам, бидејќи просторот не е доволен детално да се наслика ситуацијата. Да погледаме како ќе се одвиваат подготовките на кандидатите. И, секако, да уживаме во меѓусебните навредувања. Сега сите ние, сакале – нејќеле, сме дел од публиката во Колосеум.
П.С. Добив честитка за Среќна нова 2009 година од израелскиот генерален конзул во Њујорк. Упатена до македонскиот генерален конзул Петровски. Меѓутоа, јас не сум во конзулатот точно 5 години и 10 месеци. И никој не нашол за потребно за тоа да ја извести конзуларната заедница во Њујорк. Толку за нашата проактивна дипломатија.
in new york...
In New York freedom looks like too many choices
In New York I found a friend to drown out the... http://fb.me/IwcrMxdpпред 4 денасептември 6, 2010
никој не размислува како им било на семејствата, кога знаеја дека ни се зајануваат, дека не сме безбедни.... http://fb.me/uatXaMCzпред 4 денасептември 6, 2010