10.25.10

Збогум НАТО!

Posted in блогосфера, колумни, општество, политика tagged , , , , at 9:24 am од filippetrovski

Збогум НАТО!

Мислење 152, (31.7.2010)

На прво место да дадам најбезрезервна подршка на жените кои што бараат да си замине шминкерот што се претставува како министер за здравство. По толку случаи на умирање на родилки, само во Македонија и Тунгузија можеше да се задржи некој на чело на министерство и мува да не го лази. Би сакал да ги повикам сите политичари од Македонија, посебно оние од опкружувањето на Груевски својот пород да го чекаат во државните болници. Со тоа да покажат дека веруваат во ова „преродено здравство“ на кое што работат „успешно“ еве веќе петта година. Ако помина трикот кај скоро сите и на мое зачудување кај опозициските весници, дека оваа власт е само две години на тронот, јас тоа не го купувам. Тие ја трошан нивната и нашата 5-та година на власт. Во меѓувреме се направени мали дотерувања на изгледот на кабинетот на Груевски, но се на се повеќе од 48 месеци повеќето ликови се исти. Според тоа, неможе да стане збор за две години. Се чудам како истиот трик помина и кај опозиционите партии. Еден громогласен молк го одбележа ова можеби најголемо подметнување во последниот период. Никој ништо не прокоментира… истото ни се случи и лани, кога власта прославуваше една година владеење, наместо три… Според таа логика, ако Груевски недај боже повторно се добере до власт идната година, во 2012 ќе прославува 1 година или 6 години владеење?

Како и да е, не ми е тоа темата за денеска. Туку нешто уште пострашно, нешто што на големи врата влегува како државна стратегија, нешто за што никој досега волку гласно не говорел. Имено, новиот амбасадор во НАТО изнесе пред некој ден многу интересни и уникатни тези за тоа каков треба да биде неговиот мандат кој наскоро ќе го преземе. Досега во повеќе наврати сум пишувал за проблематичниот однос на Македонија со ЕУ. Ќе ве потсетам, на 12 декември во мислењето број 122 говорев за ангажманот на државниот апарат против Фуере. Бидејки просторот е ограничен, во детали сега нема да навлегувам. Потсетете се на интернет на детали од таа колумна. Потоа, на 26 јуни оваа година, говорев за збогувањето со Европа, односно новата политика на инаетење која ја води оваа гарнитура.

Ова му е лесно видливо на секој кој со внимание ги прати политичките процеси во Македонија. Дека Фуере или пак другите ЕУ лидери не ни се по кеиф, особено оние што се надлежни да ги пратат процесите кај нас. А штом не ни се по ќеиф, тука се новинарските извршители да започнат со создавање на слика која истите ќе ги претстави како зло кое е тука за да ни ја уништи милата државичка. Имаше оваа власт барем едно упориште кое и дозволуваше да го прави тоа на таков начин. Притоа мислам на НАТО и САД како стратешки партнер кој можеше да компензира нешто од ЕУ интеграцијата. Ајде размислете не сте ли слушнале од вашиот пријател или пак комшија кој ви вели „па што ќе ни е ЕУ, ако сме безбедни со НАТО. Та ние и така и вака сме во Европа. Нивен проблем е дали не примаат или не…“ Практично со ова се секаше да се покаже дека ако ние го имаме НАТО, нема од што да се плашиме. Истовремено се натураше мислата дека само таа алијанса и е доволна на државава. Ваквиот инжињеринг на власта и даваше простор за маневар да се контра со ЕУ, да тактизира, да организира протести пред седиштето на ЕУ во Скопје и слично. Затоа што на членството му беше укажано дека стратегиското партнерство со САД е на дело и никој ништо не ни може.

Дотука се е во ред со мачкањето на очи. Има некоја логика во редењето на аргументите кои само на нас ни одговараат. Едно немаме, друго имаме, што во оваа состојба на небиднина треба да не направи задоволни… И одеднаш гром од ведро небо. Нашиот амбасадор во НАТО решил да ја менува алијансата поради тоа што таа „е во серизна криза и не и цветаат рози на геостратегиски и воен план“!? Имено, според него во „Авганистан НАТО трпи сериозни загуби што не би било лошо Македонија да го валоризира во своја полза“. Овој негов став веројатно го охрабрил и да се обиде да ја менува алијансата, односно нејзиниот принцип да одлучува со консензус и секако да ги смени и одлуките од Букурешт. За да потоа се охрабри и сериозно да ја исцрта „со вистинскиот лик“ оваа алијанса како „подржувач на Грција во нејзината политичка и економска агресија врз нашата држава“. Ова секако се само делови од настапот пред парламентарната комисија. Но, се делови кои сериозно треба да не замислат и натераат да се запрашаме што се случува со македонската надворешна политика и дали е на дело ново свртување од јавно декларираните стратегиски цели и приоритети на Македонија. Презентацијата на тезите доби експресна подршка од Влатко Ѓорчев, еден од најблиските соработници на Груевски. Тој не гледа ништо спорно во искажаното, односно во Треневски гледа соодветно решение за таа значајна позиција. Што ни дава за право да заклучиме дека тезите кои се изнесени ги подржува. Односно, ако се потсетиме на централизираноста и начинот на управување на таа партија денеска, ќе сватиме дека станува збор за договорени тези, и договорен начин за пласирање. Досега во овие 4 цели години владеење на Груевски не видовме слободно презентирање на мислења во рамките на партијата. Секој што мислеше поинаку беше избришан. Немаше никаков простор за промовирање на поинакво мислење од она што е скоцкано во кабинетот, од неговите најблиски соработници, претежно од Мартин.

Во конкретниот случај, еве да претпоставиме дека сум се прелажал. Дека Треневски навистина кажал лични ставови. Кои се катастрофални за Македонија. И кои со сигурност тврдам дека ќе доведат до понатамошно влошување на нашата позиција во НАТО, кога ќе бидат проанализирани и препратени преку овдешните амбасади. Сигурно е дека ваквите ставови не поминале незабележано и дека не можат да останат само за внатрешна употреба. Но, еве како што реков ако се лични ставовите, тогаш под итно од нив треба да се огради владата и претседателот на државата. Во интерес на државата. Не е доцна да се префрли вината врз амбасадорот. Во спротивно, не сум се прелажал, односно тој само изговорил ставови кои му биле ставени во рака. Тоа е само мегафон. Односно, тоа се ставови на македонската власт. Што е и тоа како голем проблем за сите нас. И што секако бара дополнителна анализа, дали ние конечно му кажуваме збогум и на НАТО, како што и кажавме збогум на Европа, односно ЕУ.

06.22.10

Георгиевски притискаше да се избере Груевски – Филип Петровски

Posted in блогосфера, вести, колумни, лично, општество, политика tagged , , , , , , , , , , at 8:47 pm од filippetrovski

5 прашања 5 одговори

разговор со утрински објавен на 3 јуни 2010

Доколку Георгиевски не се вмешаше, Груевски во никој случај немаше да стане лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Тврдењето на Љупчо Георгиевски дека неговиот наследник Никола Груевски дошол на лидерското место на нелегитимен начин, вчера во „Утрински“ го демантираше Ганка Цветанова, која претседаваше со Конгресот. Тогаш бевте делегат, имавте ли притисоци?

Да, имав такво искуство. Од позиција на делегат на Конгресот во 2003 одговорно тврдам дека вечерта спроти гласањето имав притисок да гласам за Никола Груевски, и тоа од телохранителите на Љупчо Георгиевски. Ги отфрлив нивните барања и гласав за Марјан Ѓорчев. Исто така, тврдам дека доколку тогаш не се вмешаше Георгиевски, не политички, туку со притисоците, Груевски во никој случај немаше да победи.

Дали со Вашето исклучување од Обединети за Македонија се расцепкува гласачкото тело на десницата, кое на претседателските избори му донесе на Љубе Бошкоски 150.000 гласови.

Не, не мислам така. Со своето непромислено, нетактично и за претседател на една партија, плиткоумно однесување, Бошкоски само навидум му направи услуга на премиерот. Незадоволството не е канализирано и не е надминато по ова што се случи со Бошкоски, бидејќи тоа е огромно и е акумулирано во изминатите четири години. Притоа, во ниту една сфера не се гледа подобрување на животниот стандард. Никој не може да му направи услуга на Никола Груевски затоа што незадоволството е огромно и расте секој ден. Сега главно прашање е кој ќе организира партија што автентично ќе му се спротивстави на ова владеење.

Што подразбирате под автентично спротивставување?

Пред се’, да се направи демократска структура што ќе личи на десничарските партии од западните држави каде што ќе може отворено да се размислува и да се прибере интелектуалниот потенцијал на оваа држава. Значи, не со структура што ќе го лаже членството, а ќе биде во тајни договори со Бранко Црвенковски. Тоа не е коректно однесување, туку е само дезавуирање на јавноста што ќе може да му го продолжи мандатот на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму, добро е што овие потреси се случуваат сега за граѓаните навреме да создадат јасна слика кој е кој.

Подготвувате ли формирање нова десничарска партија?

Во овој момент правам широки консултации и добивам силни сигнали дека е неопходно да се направи субјект кој на демократска основа ќе ги артикулира десничарските интереси. Сега десницата не е сериозно организирана што му е од интерес на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој го зафатил просторот на десницата, но само како маска или како рамка за задоволување на интересите на една тесна група. Од друга страна, Груевски има влијание врз десничарските групации, директно или индиректно и тоа би требало да се предизвика на соодветен начин. Време е да се заврши со националромантичарските митови и легенди, време е да се зборува за демократска десница. Во моментот не ја гледам, има групи што пледираат на таа страна, но ако останат такви ќе бидат изолирани и во блиска иднина нема да имаат влијание на политичките процеси.

Имавте ли деновиве контакт со Љубе Бошкоски, зашто во меѓувреме искажавте многу сериозни обвинувања на негова сметка?

Немам потреба да се гледам или да се слушам со него, зашто Бошкоски јавно, со соопштение ме исклучи од Обединети за Македонија. Тоа е пашалак и не сакам да му придавам значење. Стојам зад сите обвинувања упатени до него стојам. Точно знам што говорам и само жалам што реалноста е таква во тоа здружение за поддршка на интересите на Љубе Бошкоски. Тоа едноставно не е партија.

06.07.10

partija e seriozna rabota a ne privatna zabava

Posted in блогосфера, вести, лично, општество, политика tagged , , , , , , , , at 3:14 pm од filippetrovski

kolekcija na tekstovi vo vrska so diktatorskoto odnesuvanje na ljube boskoski.

koj zaboravi deka partija e seriozna rabota, a ne  privatna zabava.

http://www.scribd.com/document_collections/2493779

05.10.10

Мала голема приказна за почит

Posted in блогосфера, лично, општество at 9:33 am од filippetrovski

Во итаницата на времево на самоизмислени творци на само според нив “нивните големи работи”, вистинските остануваат подзатскриени. За малите а големи приказни речиси и не се знае. Тие остануваат во тишина и, кога ќе ги откриеме, на нив гледаме со ширум отворени очи. Еве ја малата приказна за голема почит што, сосема случајно, токму во предновогодишната итаница прво ја слушнав на влезната врата на Градската библиотека Браќа Миладиновци, а десетина дена подоцна ми ја раскажа нејзиниот директор Филип Петровски (35), по образование професор по философија, магистер по меѓународна политика, некогашен пратеник со дипломатско искуство.
Прв човек на библиотеката е две години, а во последнава ја збогатил со преполни дваесет камиони нов архивски и публицистички фонд: под овој покрив ја вдомил огромната архива на некогаш најстарата национална куќа – дневниот весник Нова Македонија за кој одамна (некои други) констатирале (а некои други беа заборавиле!) дека е еден од главните белези на државноста. На полиците, во депото и во другите простории на библиотеката цела година се чисти, средува, систематизира, се додава нов печат (значи, двоен со Н.М. и Б.М., што на се му додава нов куриозитет), се дополнува (од познати/непознати исчезнатото) огромното богатство кое со години некои го поткрадувале, заработувале и се откажувале од него.
Филип Петровски е задоволен од стореното за архивата на Нова Македонија, а знае и дека има уште многу работа. Задоволен е од она што е направено во библиотеката. Книгата, впрочем, е негова љубов од детството. Ги прескокнува сеќавањата за туѓата негрижа и спокојно говори за она што треба да се одработи. Смета и на поддршка од Министерството за култура за дигитали зација на архивата низ која се следи шестдецениското постоење на весни- кот, а тоа значи и на државноста на Македонија. Тој материјал конечно е заштитен од исчезнување и, уште поважно, од гниење на некое ѓубриште. Пред една година слушнал дека архи- вата на Нова Македонија за која се знае дека “нема што нема” е на ничија земја и дека Владата бара институција што ќе ја прибере и чува. Ја прифатил без надомест, без уцени. Знаел дека во неа е приказната за Македонија и за нејзините жители, приказната за некогашната југословенска и воопшто балканска историја, приказната за светот… Во таа архива, грижливо подредувана низ вкоричените примероци од весникот, во книгите, во кутиите со пожолтени исечоци од разни весници и на разни јазици со точно запишана кат- алогизација, потоната во новинска и книшка прашина, со бубачките кои ги знаеме како “документарки“, низ огромниот фонд книги, фотографии и филмови, сме и сите ние и светот што бил со и околу нас.
Таму се и твојата и мојата приказна, приказната на твојот и на мојот родител, на нашите сегашни и идни деца, на земјава, на светот… Има многу приказни, меѓу другото, и приказната на Босна и Херцеговина и нејзиниот весник Ослобоѓење чија зграда, заедно со архивата, изгоре во Сараево во последната војна. Подоцна од БиХ бараа да го откупат делот од архивата сложувана според страниците на Ослобоѓење на кои е и историјата на таа земја. Некои тука не го дозволија тоа. Тоа минато, тој белег на времето, Филип Петровски го толкува како синхроницитет на природата и судбината. Категоричен е кога вели дека најсилното оружје на Македонија е нејзината култура. И има јасна идеја: заштита на нејзиното минато со значење за во ид- нината.
Во тоа е и големината на малата приказна на за Филип Петровски во 2007 г.
Лилјана Мазова

04.07.10

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ”-СКОПЈЕ

Posted in вести, лично, општество tagged , , , , , , , at 9:14 am од filippetrovski

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ”-СКОПЈЕ

 

 

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТЕЊЕТО 2009 ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА

03.23.10

Кој ке го гони овој криминал?

Posted in вести, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , at 10:26 am од filippetrovski

кадрите на груевски ја растураат државната каса.

кадрите на груевски ја растураат државната каса.

Кој ке го гони овој криминал?
има ли таков? или другарчињата на Груевски не подлежат на закони?

03.16.10

650 илјади евра хонорари за Александар

Posted in блогосфера, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , at 9:42 am од filippetrovski

ВЕСТ ОТКРИВА НОВИ ДОКУМЕНТИ ЗА СПОМЕНИЦИТЕ

650 илјади евра хонорари за Александар

Од таа сума се исплаќаат авторски хонорар за Стевановска и на­до­мес­то­ци за учесниците во изработката на идејниот проект по фази, како и за ли­ца­та ангажирани за изработка на скулптурите и на релјефите

Според договорот на Општина Центар со леарницата “Фернандо Ма­ри­не­ли” од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци, ако се доцни поради на­ра­ча­те­лот, нема казни, ако доцни изведувачот, казната е до 5 проценти од це­на­та на чинење

Скул­птор­ка­та Валентина Стевановска потпишала договор за хонорар со Оп­шти­на Центар од околу 650 илјади евра за фонтаната и за споменикот на Александар Македонски, предвидени за на плоштадот Македонија. Од таа сума, според договорот, се исплаќаат и надоместоци за учесниците во из­ра­бот­ка­та на идејниот проект по фази, како и за лицата ангажирани за из­ра­бот­ка на скулптурите и релјефите.
“Вест” дојде до два договори со доверлив карактер кој како таков, пишува дека ќе се чува од потписниците. Договорите се третирани како деловна тајна, и нивната содржина не смеела да се открива пред никого. Од вториот договор се гледа дека че­ти­ри и пол милиони евра чини леењето на комплексот споменици и рел­је­фи предвидени околу фонтаната, заедно со коњаничката скулптура на Алек­сан­дар. Според договорот на Општина Центар со леарницата “Фер­нан­до Маринели” од Фиренца, склучен на 10 октомври 2008 година, рокот за испорака на сите елементи од овој споменик е 24 месеци. Тоа значи де­ка комплексот – фонтана и Александар Македонски на Плоштадот треба да е завршен до октомври годинава. Ако изработувачот не успее во пред­ви­де­но­то време да ја изврши нарачката, предвидена е казна од 1 про­мил дневно, но најмногу 5 проценти од вредноста на договорот. Во до­го­во­рот има клаузула која вели дека рокот на изработка може да се од­ло­жи ако нарачателот задоцни со изработка на моделите.
Сте­ва­нов­ска за сумата од речиси 650 илјади евра се обврзала да из­ра­бо­ти идден проект за изградба на монументална целина на фонтана со ко­ња­нич­ка скулптура, висока 3 метри, скулптури на осум војници, исто така, ви­со­ки речиси 3 метри, скулптури на 2 лава со по 2 метра височина. Тие се во придружните елементи на монументалната целина, а како придружни еле­мен­ти се сметаат и релјефите од фонтаната кои се изработуваат во мер­мер со површина од 15 квадратни метри, како и релјефи подготвени за ле­е­ње во бронза со површина од 120 квадратни метри.
Во интервјуто за “Вест”, дадено минатата година, Стевановска ни рече дека оваа споменична целина во ширина ќе биде колкаво што е кружното мес­то со зеленило на Плоштадот. Таа објасни дека по скали во кружна форма ќе се стигнува на плато во кружна форма, дека таму ќе има 4 бронзени ла­ва на четирите страни на шеталиштето, а други четири лава има на пал­то­то под фонтаната на Плоштадот. Луѓето ќе можат да доаѓаат до ѕидот од ка­де што почнува мермерната фонтана, исполнета со вода. “Во средината на фонтаната се издига мермерен столб, висок приближно колку ко­ња­ни­кот, и тие пропорционално си одговараат. Во подножјето столбот ќе биде по­ши­рок, и таму во бронза ќе биде изработена круната на Филип со да­бо­ви листови. Тоа плато од почетокот на столбот ќе служи како постамент на војниците на Александар. Ќе има 8 бронзени војници, високи по 3 метри, кои ќе бидат претставени во различни пози. Тоа се поточно 7 војници, а еден е кралот Филип Втори”, ни изјави на почетокот на работата Сте­ва­нов­ска. (Г. Т.)

Во огласот споменикот на Плоштад нема име

Оп­шти­на Центар тајно го распишала огласот за леење на споменикот на Алек­сан­дар Македонски. Огласот за избор на леарница во која ќе се пра­ви споменикот на Александар, јавнат на Букефал, Општината го рас­пи­ша­ла на 17 јуни 2008 година. Но во огласот не е наведено точно за кој спо­ме­ник станува збор. Во описот во огласот стои само “леење на скулптури и рел­је­фи во бронза”, но не и името не воинот. Истиот ден Општина Центар рас­пи­ша­ла уште четири огласи за леење споменици. Во нив, за разлика од огласот за споменикот на Александар Македонски, јасно стои чии спо­ме­ни­ци ќе се леат. Во првиот оглас е наведено дека ќе се леат коњанички скул­пту­ри на Гоце Делчев и на Даме Груев, во вториот коњаничка скул­пту­ра на Никола Карев, а во останатите два пишува дека се бара ле­ар­ни­ца за споменици на Цар Самуил и Методија Андонов – Ченто. По две не­де­ли, односно на 2 јули објавени се огласи за барање леарница и за двата па­ра лавови што треба да бидат поставени на мостот Гоце Делчев. И во овие огласи јасно стои каков споменик ќе се лее. (А. А)

Александар ќе дојава со доцнење од 6 месеци

Спо­ме­ни­кот на Алексадар Македонски ќе доцни најмалку половина година. Според до­го­во­рот потпишан меѓу Општина Центар и леарницата од Фиренца “Фердинандо Ма­ри­не­ли”, споменикот треба да биде готов до октомври годинава. Но овој рок не­ма да се запази. Градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ пред два месеца изјави дека Александар не е излеан ни до половина и, според негова про­це­на, тој и Букефал во Скопје ќе пристигне дури за една и пол година. Дотогаш ќе се работело на изградба на фонтаната, на која тој ќе биде поставен.
Пр­ви­те споменици кои за еден месец треба да бидат поставени на плоштадот Ма­ке­до­ни­ја се на Гоце Делчев и на Даме Груев пред Камени мост, на цар Самуил пред ка­фу­ле­то “Тренд” и едниот пар лавови на мостот Гоце Делчев. Леењето на спо­ме­ни­ци­те на Гоце и на Даме чини 850.000 евра, а на двата пара лавови 2.300.000 евра. (А. А.)

650 илјади евра хонорари за Александар

03.10.10

ПЕРИКЛЕ – БЕСЕДА ЗА МРТВИТЕ БОРЦИ

Posted in историја tagged , , , , , , , , at 8:25 pm од filippetrovski

ке ја пренесам уште еднаш оваа бесмртна беседа. во чест на сите што го положиле животот за Македонија, и во пресрет на годишното собрание на Бранителите во недела.

Поголемиот дел од оние што од ова место веќе говореа го фали човекот кој меѓу другите закони ја додал и оваа обврска, убаво е на дело да им се оддадат почести, какви што гледате ги приреди нашата држава и сметам дека на оваа погребна свеченост нашата верба во тие луѓе несмее да зависи од поединачен беседник, кој може да биде повеќе или помалку надарен со беседничка дарба. кажано е, да загинатите се слават и воспеваат. Но, на мене ми се чини дека би било доволно за оние кои што своето јунаштво, храброст го покажале на дело, исто така

Затоа што тешко е да се држи беседа до средна мера во беседа за да на таа беседа сосема и се верува.Слушателот на кој што нештата му се познати и кој што е наклонет, може лесно да помисли дека во беседата е кажано помалку, отколку што тој самиот би сакал да каже и отколку што тој самиот знае. А на оној што оваа работа не му е позната, кога ке ги слушне овие работи, бидејќи ова го надминува неговото разбирање, од пакост ке каже дека беседникот во многу работи претерал во својата беседа.

Лугето го поднесуваат фалењето, пофалбите од другите доколку сметаат дека тоа што го слушнале можат самите да го направат, а се што е над тоа, кај нив предизвикува завист и веднаш потоа недоверба, недоверие. Но, кога сум тука пред вас, како што е одредено уште од нашите претходници, јас ке се трудам да се држам до утврденото за да одговорам на очекувањата на секој од вас.

Ќе отпочнам со некои наши работи, затоа што е достојно и на место е, во една ваква прилика, да се оддаде почит на нивниот спомен. Во оваа земја од искон битисуваат луѓе од еден ист сој и тие од колено на колено ни ја сочуваа слободата се до денешен ден. Сите тие заслужуваат хвалоспев, пофалба, а уште повеќе нашите татковци, затоа што на она што го наследија му придодадоа се она што ние денес го имаме, како нивни наследници. Таа моќ ние во моментот на нашата најголема сила, видливо ја зголемивме правејќи ја нашата држава подготвена толку што ниту за војна, ниту за мир не ни треба туга помош.

Ние имаме Устав кој што не е граден по калап на соседните народи, напротив, ние им служиме на другите повеќе за пример отколку тие на нас. Нашата државна управа не е сконцентрирана во рацете на мал број луге, туку кај многу, што се нарекува ДЕМОКРАТИЈА. Во приватните работи постои за сите рамноправност според законот, а во однос на јавните работи. Секој што се избира на некое место, се бира не затоа што е член на одреден сталеж, туку по лична заслуга. Никој не се исклучува од државни места поради тоа што е сиромашен, што некогаш може да пречи, само ако е способен да допринесува за државата. И како што во јавните работи владее начелото на слобода, исто така и во приватните работи нема никакви сомнежи.

Кај нас нема лутење на ближниот свој, ако тој дури и ужива до бескрај. Нема кај нас било каков отпор кон се што иако не донесува штета, сепак го навредува окото. Но иако така живееме, сепак во јавниот живот ние се оградуваме од било каква незаконитост и сето тоа од морални побуди, секаде покорувајки се на властите и на законите, нарочно на таквите закони кои се во корист на угнетените.

Ние се разликуваме од своите противници и во нашето војничко уредување. Градот наш, Државата, стои отворен, ние не ги бркаме од тука странците во страв дека тука тие нешто ке видат или научат, што би требало да остане сокриено, за да не се искористи од нашите непријатели. Ние не се потпираме на некакви подготовки и ујдурми, туку на храброст која што се гледа во нашите дела.

Со нашата целокупна сила ниеден непријател досега не се пробал, затоа што ние се грижиме за нашата армија, праќајки ја на разни страни. Ако се судрат непријателите со било кој дел од нашата армија и по игра на случај победат ли некоја наша група на луѓе веднаш се фалат дека не победиле сите нас. Бидат ли, по игра на случај победени, ѕвонат на сите ѕвона дека ги совладала целата наша армија. Се разбира нам ни е вродено без мачно вежбање да ги совладуваме опасностите. На храброст нас не не принудуваат законите, туку храброста сама од себе во нас се раѓа.

Ние го сакаме убавото, но со вистинска умереност и ја сакаме мудроста, но без разнежнетост. Богатството ни е средство за работа, а не за празно фалење. Сиромашноста своја да се признае не е срам за никој, но срамно е да не се спротивставуваш на сиромашноста со работа. Едни и исти луѓе можат истовремено да ги одработуваат и домашните и јавните работи.

Ние самите одлучуваме за нашите јавни работи и за нив судиме како што треба, оти не сметаме дека зборовите му штетат на работењето. Наша нарочна доблест, која што не разликува од другите, е што ние се што јуначки сакаме да го направиме, го здружуваме со сталожено размислување. Кај другите пак, незнаењето, непознавањето на опасноста раѓа дрскост, а размислувањето изродува сомневање. За најголеми јунаци, можат со право да се сметаат тие кои што многу добро ги познаваат и стравовите и лагодностите, но сепак не се сепнуваат пред опасностите.

Во однос на добродетелствата ние се разликуваме од другите. Не со земање, туку со давање ние стекнуваме пријатели. Добродетелствата ги правиме без никаков страв, без никаква сметка за нас самите, туку со самоувереност дека сме слободни луѓе. Нашиот град (држава) во целост е расадник на наобразуваност и секој од нас, како што ми се чини, знае на се да се прилагоди и се да работи со занес.

А дека ова не е расфрлување со зборови, туку потполна вистина, што може да се види во делата наши, тоа го докажува нашиот град (држава) која што ја создадовме со нашите веќе споменати доблести. Нашиот град (држава) знае да извојува победа над својот непријател, а да непријателот воопшто и не почувствува лутина што ни подлегнал! Со своите поданици нашиот град (држава) владее така што тие воопшто неможат да се пожалат на тоа владеење.

Со крупни зраци и непорекливи докази ние го засведочивме развојот на нашата снага (сила), така што ни се поклонува сегашноста, а ке ни се поклонуваат и сите наредни векови, и не ни требаат пофални песни од Хомер или пак било кој друг. Со својот самопрегор си го расчистивме патот на сите земји и мориња и секаде поставивме споменици на нашите порази и на нашите победи.

За таква татковина, еве, тука, овие јунаци во херојски бој загинаа и не дозволија татковината никој да им ја одзеде, и затоа со право се очекува од овие што преживеаја дека исто како нив ке ги поднесат сите напори и опасности.

Со тоа што опширно говорам за нашата држава сакам да покажам дека ние се бориме за нешто сосема друго од оние другите кои што ги немаат нашите доблести. Сакам да покажам дека ние ги славиме нашите јунаци, над чии што гробови сега стоиме. Тоа сега го правам со непобитни докази. Вака јас одговорив на мојата задача! Затоа што нашата држава, која што ја слави доблеста и храброста на овие јунациќе ги направи нив големи, и тешко дека било каква беседа може да ја опише нивната храброст. Смртта на овие јунаци ја докажува нивната храброст и не е значајно дали прв пат им дошла таква сила или само повторно си ја потврдувале храброста своја.

Нивно право е (на овие јунаци) да дури и ако биле лоши, за добро да им се зема нивната храброст, покажана во војна за татковината. Со својата храброст, јунаштво тие го избришаа споменот за своите маани и тие на општото добро му допринесоа повеќе, отколку, како поединци што можеби наштетиле. Меѓу нив немаше ниту еден, кој што можеби одеше за богатство или со некаква надеж дека со тоа можеби ќе се ослободат од сиромаштијата, туку одеа кон опасноста. Над се одмаздата над непријателот им беше помила, и смртта ја сметаа за најубав потфат. Неа и опасноста и со тоа се ова за нив беше најдобар потфат и тежнееја кон добро.

Неизвесноста ја претворија во надеж и гледајќи се самите себе си сметаа дека единствено во себе можат фа веруваат. И затоа што сакаа да се борат и загинат, попрво отколку да се спасуваат со повлекување, за себе обезбедија СПОМЕН ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА. ЈУНАЧКИ ИЗЛЕГОА НА МЕГДАН И ВО ЕДЕН КРАТОК И ПРЕСУДЕН МОМЕНТ НА ВРВОТ НА СВОЈАТА СЛАВА, БЕЗ ТРОШКА СТРАВ, ГО НАПУШТИЈА ОВОЈ СВЕТ.

Ете такви се покажаа овие јунаци, достојни на својата татковина. На ова огледувајте се, и знаејќи дека среќата е во СЛОБОДАТА, а СЛОБОДАТА во ХРАБРОСТА, не подзастанувајте пред воените опасности. Затоа што оние кои што бедно живеат, и без надеж за подобра иднина, немаат повеќе причини да ја загубат својата глава од тие што во својот живот можат да имаат промена со која што би загубиле најмногу. Та,гордиот човек повеќе го боли напријатноста до која ке дојде со својот кукавичлук, отколку СМРТТА, која стига во трен,без болка, а после јуначка борба и среде заедничка надеж.

И така, јас, како што треба, во својата беседа, го кажав она што мислев дека ќе користи. На нашите загинати им оддадовме почести, а нивните деца одсега ќе ги воспитува државата на сопствен трошок, давајќи им така, како на наследници, победнички венец, како награда. Каде што на доблеста и се даваат најголеми награди, таму никнуваат најдобри граѓани.

ПЕРИКЛЕ (399-329 г.п.н.е.)

03.08.10

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

Posted in блогосфера, вести, колумни, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , at 12:57 pm од filippetrovski

Утрински весник,

30 јануари 2010

Мислење 128

Купувајте коли, банкрот сме

____________

 Незнам за вас, но јас се сомневам дека владата е искрена и филантропски расположена, кога се работи за дозволувањето да се увезуваат стари и скапани автомобили. Верувам веќе знаете дека ќе се дозволува увоз стари возила, постари од 10 години и со еколошки стандарди од овој што сега е на сила во нашата држава. Велам дека верувам оти веќе знаете за одлуката затоа што пулените на власта се пуштија на терен да ја објаснуваат како нешто најдобро што можело да ни се случи. Па така го видовме „возачот“ Влатко Ѓорчев во „јади бурек“ како обилно објаснува дека народот требало да се вози во автомобили, наместо да чека по пола сат автобус. Мммм. Навистина интересно објаснување, кое се обидува кај нас да остави впечаток дека власта толку многу го љуби овој народ па е подготвена за него да ги спушти еколошките стандарди. Има да се гушиме, но народот ќе се вози во голфови, кои според премиерот не биле крш. Убеден сум дека ако продолжи притисокот кон него, по оваа најнова пропагандна финта, тој ќе се качи на некој ден и во голф кец. Рејтинг си е рејтинг. Се покажа дека без тоа не се може…

Но, дозволете да се вратам на генијалните пројави на Влатко. Оти тој е пратеникот кој што мора да брани се и сешто. Има барем неколку приговори кои легитимно може да се дадат, само ако малку размислувате на тема. Прво, околу транспортот. Да се потсетиме дека неговата партија е на власт 4 години, и дека во меѓувреме им пропаѓаат обидите да купат автобуси по неверојтни цени. Имено, цените кои беа во оптек, и за среќа јавноста се побуни, беа како државата да купува ескадрила од авиони. Ама малку фалеше и тоа да помине. Значи автобусите се такви какви што се, државата требаше да го решава тој проблем и според минатото време на власт, слободно можеме да заклучиме дека љубовта и филантропството не се дел од арсеналот на таа гарнитура.

Натаму, дали владеачката екипица се запрашала зошто народот се вози во автобуси, а не со коли? Според мизерноста на аргументите кои се понудени како објаснување на мерката зошто се дозволува увоз на стари возила, очигледно е дека се повеќе се губат и немаат допир со реалноста. Автобуска карта чини помеѓу 25 и 30 денари, зависно со каков автобус се возите. Тоа значи дека ако два пати дневно се одвезете во центарот на градот, по работа или за забава, ќе потрошите околу 100 денари. Додека пак ако живеете во Скопје, на да речеме 7 километри од центарот на градот, со две возења дневно ќе поминете најмалку 30 километи во вашето возило. Она истото што сега ќе сте го купеле затоа што владата овозможила да го направите тоа. Ако вашето ново, а старо возило троши 10 литри на сто километри излегува следната математика. Километар „возење“ ве чини 6 денари. Тоа значи дека ако денеска поминете само 30 километри ќе потрошите 180 денари за бензин. Ако посакате притоа да се паркирате во центарот на градот, ќе платите уште најмалку 100 денари. Тоа веќе сега е скоро три пати повеќе од онаа цената која ја имате за возење во автобус. Но, тоа не е се. Имате обврска да го регистрирате вашето возило. Тоа „задоволство“ ќе ве чини годишно околу 150 евра. Зборувам за сите давачки. Може да биде и повеќе, ама еве ќе земеме некоја средна вредност. Тоа се плус 30 денари дневно врз претходно израчунатите. Вкупно, најмалку 300 денари. Да речеме дека два пати годишно ќе отидете во Охрид со вашата нова – стара кола. Тоа се околу 1000 километри екстра, односно над веќе предвидените средства за трошење. Односно додадете плус 100 евра за таа пригода. Сумирано, вашето ново возило, на ниво на година, ако го возите строго дисциплинирано, ако не се движите подалеку од центар, ако не идете по гости во други делови од градот, ако не идете никогаш во источна Македонија ќе ве чини само 110.000 денари. Или народски кажано, околу 2.000 евра. Значи сте купиле автомобил за 2 илјади евра. Радосни сте. Но за да го возите, подгответе си уште толку на ниво на година.

Не верувам дека народот наш, кој има чувство за калкулација овие работи не ги знае. Посебно оној кој се определил да се вози со автобус. И сигурен сум дека не се возат во автобус од мерак, туку од немајкаде. Ако имаат просечна плата од 300 евра, на ниво на година, ќе треба само за бензин да потрошат околу 60 проценти од платата. А да потсетам, има многумина кои работат и за помалку пари од тоа.

Од друга страна, ако вие потрошите 2 илјади евра годишно на вашата нова кола, владата од тоа ќе добие најмалку илјада евра. Оти давачките кои таа од бензинот ги зема се околу 50 проценти по литар. Да претпоставиме дека 100 илади коли ќе се купат по оваа основа. Тоа се нови 100 милиони евра од кои владата ќе има нов прилив од најмалку половина од тие пари. Има само еден проблем во ваквите пресметки. Народот нема пари.

Па можеби затоа на Влатко му се испушти, несакајки, дека возењето на коли било добро за економијата. Се сложувам. Посебно за една банкрот економија, која нема пари да скрпи за повеќе слоеви на граѓани, на кои е должна навремено да им исплаќа. Па ако сега, всушност со една агресивна пропаганда, се убедат граѓаните дека треба да возат, наместо да користат автобуси, можеби ќе се продолжи агонијата за некое време. Велам агонија, оти нивното владеење и за нив е тоа. Посебно за економскиот тим, кој знае дека работата е „врвка“, а притоа мораат да глумат ладнокрвност и да лажат дека се е во ред. Ден за ден. Прибери даноци од фирми, ако треба и насила и дај плати на администрацијата која што ништо не работи. А некои и дома си седат. За мир во куќата.

Да ја потсетам владеачката гарнитура за уште нешто. Сега кога и Косово има повисоки еколошки стандарди во однос на нас, по прашањата на бензинот, како мислат да не убедат дека ги интересира животната средина? Секако дека апологетите можат да одговорат дека се работи за интерес на граѓаните и тоа е пред се. Погоре ми се чини дека покажав во што се состои интересот. Пред една година уништија цела гранка од индустријата – пластичната. Со изговор дека станува збор за кампања за заштита на животната средина. А истовремено на ОКТА не смеат да и писнат за горивото кое ни го продава. Нели ви е чудно тоа? Што ли би можело да е причината. Дај боже наскоро да се открие.

Дечкиве од коморите кои купувале нови одела од радост што ќе го виделе премиерот на доручек, се интересна појава за анализа. Или да ве оставам сами да си анализирате и да се чудите?

 

Филип Петровски

Доктор по политички науки

http://filippetrovski.blog.mk/

Купувајте коли, банкрот сме – мислење 128

03.04.10

КАКО СЕ УНИШТУВА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО!

Posted in блогосфера, вести, општество, политика tagged , , , , , , , , , , , , , , , , at 9:52 am од filippetrovski

ЕВЕ КАКО СЕ УНИШТУВА ДОМАШНОТО СТОПАНСТВО. КОРУПЦИЈА?
проценете сами

како груевски ја развива економијата

како груевски ја развива економијата

« Previous entries Следна страница » Следна страница »